Хутби 2018 

Хилафет – Аллаховата Милост

После учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах ги зацврсти неговите раце) ги проучи ајетите 56 и 57 од сура Ан-Нуур и потоа рече:

Преводот на овие ајети гласи:

        „Аллах им вети на оние од вас кои веруваат и прават добри дела дека Он сигурно ќе ги одреди за халифи (наследници) на Земјата,      како што ги одредил за халифи оние пред нив; и дека Он ќе ја        зацврсти нивната вера која Он ја одбрал за нив; и дека Он наместо   нивниот страв за  замена ќе им даде сигурност; тие ќе ме         обожуваат Мене и никој на Мене нема да ми придружуваат. А оние        кои нема да бидат благодарни поради тоа, тоа се оние кои се      непослушни. И извршувајте намаз, давајте зекат и покорувајте му       се на Пратеникот за да ви биде покажана милост.“         (24: 56-57)

Ветувањето за мир и сигурност во овој ајет не е безусловно. Возвишениот Аллах сигурно ќе им го даде ветеното на оние кои ќе ги исполнат одредените услови.

Кои се тие услови?

Семоќниот Аллах вели:

        „Тие ќе ме обожуваат мене и потполно ќе се воздржат од ширк.“         (припишување другари на Бог).

Ако тие не чинат обожување (ибадет), ако потполно не се воздржат и не се заштитат од ширк, на начин како што го наведува Семоќниот Бог, тогаш тие нема да бидат во состојба во целост да имаат корист од ова ветување.

Семоќниот Бог во овие ајети на муслиманите јасно им дал до знаење дека, со цел да имаат корист од ова ветување на Халифатот и да примат дел од наклоностите кои се поврзани со тоа, треба да направат промени во своето однесување. Само да се биде наречен ’муслиман‘, или само со зборови да се прогласува својата вера, нема да ја задоволи наклонетоста на Халифатот.

Според тоа, Семоќниот Аллах ги предупредува муслиманите да извршуваат намаз, да даваат зекат и да му се покоруваат на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за да ја исполнат должноста кон ибадетот и да бидат заштитени од ширк. Само во тој случај можете да ја примите милоста на Семоќниот Аллах.

Што се однесува до покорноста кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., секако дека треба да ги помниме упатствата кои ни ги дал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. говорејќи дека секој оној кој му биде послушен на неговиот водач кој тој го одредил, всушност, нему ќе му биде послушен. Покрај тоа, во институцијата Халифат, Халифата ја претставува највисоката власт – како водач кој го одредил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. На тој начин, повикувајќи се на овој факт дека покажувањето на покорност кон Халифата, значи, е исто толку важно како и покажувањето на покорност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Слично на тоа, втората цел до која се доаѓа со покажување на покорност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е да станеме обединети, што не може да се постигне без поддршка од Халифатот.

Ако постои заедница која се жртвува и спроведува благословени задачи, тогаш тоа е Ахмадија муслиманскиот џемаат. Тоа може да се потврди со самото основање на системот на Халифат. Некои зналци и искрени луѓе го изразуваат фактот дека треба да биде заснован системот на Халифат, меѓутоа, кога им кажете дека треба да веруваат во таа институција, која ја основал Возвишениот Аллах, тие немаат волја тоа да го направат.

Во основа тие се жестоки во своите спротивставувања. Последен пример за такви случувања, всушност, се случи во нашата џамија во Сиалкот пред два дена. Џамијата и помошните простории покрај неа беа претресени и нападнати од страна на полицијата и властите. Со факти можеме да потврдиме дека ова го направиле оџите (свештениците)  и нивните следбеници под надзор на полицијата. Тие сега пропагираат дека ќе оштетат и ќе уништат уште џамии. Еден од учесниците во тоа е хафиз (личност која напамет го научила целиот Чесен Кур’ан) и Кари (личност која е во состојба да го учи Чесниот Кур’ан во склад со постојните правила на учење) и истата и припаѓа на една политичка партија. Тие тврдат дека се хафизи, иако не го разбираат значењето на Чесниот Кур’ан. И со сигурност ќе бидат лишени (од учењето на Чесниот Кур’ан) бидејќи се спротивставувале на Кхатам-ул-Хулефа, Семоќниот Аллах и судијата на ова време. Тие можат да научат напамет дословни зборови, меѓутоа, нивните умови се заклучени така што не го сфаќаат правото учење на Чесниот Кур’ан.

Тоа, всушност, преставува казна од Семоќниот Аллах, и поради тоа тие не се во состојба да го сфатат ова учење. Сè додека тие не го прифатат Халифатот, кој треба да биде основан во склад со претскажувањата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., ќе продолжат да се однесуваат на тој начин. Од нив не може да се очекува ништо добро.

Но и покрај тоа, сигурно постои голем број на разумни луѓе. Вчера, една госпоѓа од сенатот многу храбро ја изрази својата загриженост која се однесува на ова прашање, и таа гласно го осуди тоа. Сега можете да видите како (грубо) муалвите (месни свештеници), оние кои имаат иста природа како маулвите (верски свештеници), и политичарите желни за материјалните работи ќе постапат кон оваа сирота госпоѓа.

Колку и ние да чувствуваме загриженост бидејќи тие го оштетиле историското место од времето на Ветениот Месија а.с., нашиот одговор е како и обично, и секогаш треба да гласи:

„Јас својата тага и жал единствено ја изнесувам пред Аллах џ.ш..“

Иако имаме посебни чувства кои се поврзани за ова место, нашата огромна поврзаност кон Ветениот Месија а.с. не може да биде ограничена само на заштита на објектот. Наместо тоа, тоа е преставено со постапките кои се во согласност со неговите учења – цврсто да бидеме поврзани за институцијата Халифат која е основана после него, стекнување на благослови и извлекување полза од нив, кои Возвишениот Аллах ги навел кога се однесува како награда за основање на Халифатот, подобрување на нивото на својот ибадет, постапување во согласност со наредбите на Возвишениот Аллах и воздигање на стандардите на својата покорност.

Некој го прашал Ветениот Месија а.с.:

„Која е целта на доаѓањето на Халифа?“

Ние секогаш треба да го имаме на памет одговорот на Ветениот Месија а.с.:

„Поправање. Тоа е целта.“

Според тоа, единствена и исклучителна цел за доаѓањето на Ветениот Месија а.с. е ’поправањето‘, затоа ако, откако него го прифатиме а не направиме промени во себе во однос на верата, тогаш тоа претставува повод за голема загриженост.

Ние постојано треба да се проценуваме самите себе да го обликуваме животот во согласност со она што Семоќниот Аллах ни наредил да правиме со цел да ја стекнеме наклонетоста (милоста) која е поврзана со Халифатот.

Кои се овие стандарди на барањата (условите)?

Ние треба да го проценуваме својот ибадет, состојбата на своите намази, дали секој наш збор и постапка се искрени од припишувањата на другар на Бог, кои се стандардите на нашите финансиски жртвувања и кое е нивото на нашата покорност?

Дали ги задоволуваме стандардите кои ги поставиле Семоќниот Бог и Неговиот Пратеник?

Дали настојуваме да ги постигнеме стандардите кои Ветениот Месија а.с. ги посакувал од членовите на својата Заедница?

Секогаш мора да имаме на ум дека блискоста со Бог можеме да ја препознаеме со подобрување на стандардите на својот ибадет, своето однесување и своите навики. Ако тие се подобриле тоа значи дека нашиот ибадет е корисен и дека сме поблиску до Семоќниот Бог. Ако нашата надворешна состојба не се менува тогаш не сме постигнале блискост со Бог и немаме никаква корист од нашиот ибадет.

Тогаш, Семоќниот Бог вели дека треба да се воздржувате од правење на ширк (припишување другари на Бог).

Имаме хадис кој се однесува на ова, и тоа дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се плашел од ширење на ширк во неговиот уммет (следбеници).

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Иако мојот народ нема да го обожува Сонцето и месечината, киповите и камењата, тој ќе пати од фалби кон своите постапки и ќе падне како жртва на своите скриени желби.“

Затоа, ова преставува застрашувачка ситуација. Ако самите себе длабоко се испитаме ќе можеме да видиме неколку видови на сокриен ширк. Понекогаш нашите намази се изгубени поради следење на нашите сопствени внатрешни желби, и нашиот пост ќе биде отфрлен поради некои световни оправдувања.

Во тој случај се смета дека е неопходно оние кои стекнале благослов кај Халифата да даваат зекат и да чинат финансиски жртви. Во хадисите е пренесено (традиции на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.) преку хазрети Ибн Месууда р.а. дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Не завидувајте му на било кој, освен во случаите на два вида на личности: едната, која Семоќниот Аллах ја обдарил со имот и тој го троши на патот на верата; и втората личност на која Семоќниот Бог и подарил мудрост, знаење и бистрина преку која Он ги решава проблемите на другите и ги поучува другите да го чинат истото.“

Хазрети Хасан р.а. пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Обезбедете го своето богатство со давање на зекат и излекувајте ги оние меѓу вас кои патат од болести преку давање на садака (милостина).“

Семоќниот Аллах ги потсетува оние кои се наградени со институцијата Хилафет дека треба да ги воздигнат стандардите на покорност.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Ваша обврска е да слушате и да се покорувате на наредбите на управувачот на времето и во беда и во благосостојба, среќа и тага, нееднаквост (неправда) или наклоност – во било која ситуација.“

Што се однесува до покажувањето на покорност Ветениот Месија а.с. вели:

„Покажувајте покорност кон Бог, Неговиот Пратеник и управувачите. Ако некој покаже вистинска послушност од срце тогаш тој тоа го прави за да срцето му се осветли и душата да доживее радост и да прими светлина.“

Човековите желби можат да станат кипови и тогаш е невозможно да се покаже покорност.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Асхабите р.а. биле наголемо благословени и биле потполно подложени на покорност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..“

Според тоа, ова се стандардите кои секоја личност мора да ги постигне со цел да стекне благослови од Семоќниот Аллах. Мораме да ги издигнеме стандардите на својот ибадет, мораме да ги чуваме своите намази, да бидеме сигурни дека секој наш збор и постапка ќе бидат без било каков вид на ширк (припишување другар на Бог), да трошиме на Аллаховиот пат и да го сочуваме своето ниво на покорност и верност кон Халифатот. Само тогаш можеме да извлечеме корист од благословите кои ги дава Халифатот и да ги постигнеме истите тие благослови кои се поврзани со таа институција. Само тогаш можеме да останеме поврзани за овој траен Халифат и да обезбедиме дека и нашите потомци ќе останат поврзани со него.

Давајќи радосни вести кои се поврзани со овој траен Халифат, Ветениот Месија а.с. вели:

„Бидејќи за вас е неопходно да се осведочите во друга манифестација, и нејзиното доаѓање е подобро за вас затоа што претставува трајна непрекинатост на она што нема да се заврши до Судниот ден. А другата манифестација не може да дојде доколку јас не одам … Така да е неизбежно да го видите денот на моето заминување, и после тој ден ќе дојде ден кој е даден со трајно ветување.

Нашиот Бог е оној Кој ги држи своите ветувања, и е верен и вистински Бог. Тој ќе ни покаже сè што ни ветил. Иако овие денови се последни денови на овој свет и тука се чека да се случат многу несреќи, сепак е неопходно овој свет да продолжи да постои сè додека не се случат оние работи за кои претскажал Самиот Бог. Јас дојдов од Бога како манифестација на Божјото провидение и јас сум олицетворение на Неговата моќ. И откако јас заминам ќе дојде некоја друга личност која ќе биде манифестација на другите моќи (Божји).“

Нека Аллах ја оспособи секоја личност која влезе во баи’ат (завет на верност) на Ветениот Месија а.с. да ги собере благословите на Халифата, во светлина на наредбите на Семоќниот Аллах.

Јас, последните недели на сите им наложував да чинат дови за луѓето во Пакистан и сега од вас повторно тоа го барам, посебно за сите Пакистанци (Ахмади муслимани) да посветат внимание на оваа дова, да ја воздигнат во своите намази, нафавил (доброволни намази) и спомнувањето на Бог, уште повеќе од тоа што го правеле порано.

Нека Семоќниот Бог не оспособи тоа да го правиме

Поврзани вести