Хутби 2020 

ХАЗРЕТИ АБУ АЈЈУБ АНСАРИЈА – ДОМАЌИН НА ЧЕСНИОТ ПРАТЕНИК С.А.В.С. ВО МЕДИНА

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека, на почетокот, асхабот за кој ќе зборува е хазрети Ауф бин Харис бин Рифа’а Ансара.

Во некои преданија се спомнува дека неговото име било Ауф бин Афраји, Ауф бин Харис и Ауз бин Афра’а. Мајка му се викала Афра’а и тој потекнувал од племето Бану Назара од Ансара. Хазрети Ма’аз и хазрети Муавиз биле негови браќа.

Хазрети Ауф бин Харис бин Рифа’а Ансара меѓу првите шестмина кои дошле во Мека заради давање на Баи’ат. Тој присуствувал и при давање на Баи’ат во Укба.

После прифаќањето на исламот, заедно со хазрети Асад бин Зирар и хазрети Аммара бин Хизам ги скршил киповите од Бену Малик бин Ниџара.

Hазрети Ауф бин Харис бин Рифа’а Ансара на денот на битката на Бедр, во екот на битката, го прашал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.:

„О, Божји Пратениче, што најмногу ќе го израдува Аллах џ.ш. од страна на Неговиот роб.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му одговорил дека неговата рака ќе биде вклучена во битката и тој да се бори без оклоп и без страв.

Значи, ако асхабот биде присутен на бојното поле тогаш треба во битката да се бори без страв.

После таквиот одговор хазрети Ауф бин Харис бин Рифа’а Ансара го симнал својот оклоп и почнал да се бори сè додека не станал шехид.

Абу Џехел го убил хазрети Ауф бин Харис бин Рифа’а Ансара и неговиот брат Мауз во битката кај Бедр.

Во книгите на хадисите и сирите името на хазрети Ауз бин Афра’а се спомнува меѓу оние асхаби кои го напаѓале Абу Џехл во битката кај Бедр, како што претходно спомнав.

Во Сунан Абу Давоод пишува дека се викал Ауф бин Харис.

Во секој случај, се кажува дека ги имал и двете имиња.

Што е најважно во сето тоа, хазрети Ауз бин Афра’а учествувал во убиството на Абу Џехл и станал шехид во битката кај Бедр.

Следниот асхаб е хазрети Абу Ајуб Ансари р.а. Неговото име е Кхалид а неговиот татко се викал Зејд бин Калиб. Тој бил познат и по своето име и по прекарот. Потекнувал од племето Кхазраџа Бену Неџараске, од лозата на Ансарите.

Хазрети Абу Ајуб Ансари р.а. ја имал таа среќа да со група од седумдесет Енсарии дадт Баи’ат на втората Акба.

Неговата мајка се викала Хинд бинт Сајиид, меѓутоа, од некои други извори се кажува дека мајка му се викала Зухра бинт Са’ад. Неговата сопруга се викала Умме Хасан бинт Зејад.

Таа родила еден син кој се викал Абдур Рахман.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братство помеѓу Абу Ајуб Ансари и Масаб бин Умејр.

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., (саллаллаху алејхи ве селлам) (sallallahu alejhi ve sellam), мигрирал во Медина, останал во куќата на хазрети Абу Ајјуб Ансарија до изградбата на џамијата на Пратеникот с.а.в.с. и на неговата куќа.

Хазрети Мирза Башир Ахмад р.а. пишувал за овој период на станување на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кај хазрети Абу Ајјуб Ансарија на следниот начин.

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. стигнал кај Бану Наџара требало да се одлучи кај кого тој ќе престојува.

Секој член од племето имал огромна желба да биде домаќин на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., дури, некои од членовите на племето ја допирале главата на камилата на Пратеникот с.а.в.с. со љубов и за среќа. Следејќи ја оваа ситуација Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Пуштете ја мојата камила бидејќи таа, моментално оди по Божја наредба.“

Значи, според желбата на Аллах џ.ш. камилата ќе седне таму каде што била наведена (таму каде што таа сака).

Во тој момент Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја ослободил камилата од јажето. Камилата зачекорила напред, поминала мало растојание и стигнала до местото каде, покасно, биле изградени џамијата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и неговите одаи.

Камилата седнала на место, кое во тоа време, се наоѓало до место на кое живееле две деца од Медина. Веднаш потоа станал, тргнала напред, но после неколку чекори се вратила на претходното место и повторно седнала.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„(АРАПСКИ ТЕКСТ) хаза инсха Аллахул манзилу (haza insha Allahul manzilu).

Значи, јас мислам дека Аллах џ.ш. ова место ми го доделил за престој.

Со тоа, после молитвите упатени кон Аллах џ.ш., Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се симнал од камилата.

Тогаш прашал:

„Чија е куќата која е најблиску до ова место од нашите луѓе, од муслиманите.“

Хазрети Абу Ајјуб Ансарија веднаш му одговорил:

„О, Божји Пратениче, мојата куќа од овде е најблиску и ова е влезот во куќата, па Бујрум повелете,“

на што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил:

„Во ред, тогаш оди и подготви го местото за мојот престој.“

После подготовките на куќата хазрети Абу Ајјуб Ансарија се вратил и заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. влегле во куќата.

Куќата се состоела од два ката и хазрети Абу Ајјуб Ансарија сакал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с да живее на вториот кат, но, Пратеникот с.а.в.с. го избрал првиот кат за да може полесно да комуницира со посетителите.

Кога дошла ноќта хазрети Абу Ајјуб Ансарија и неговата сопруга биле возбудени и цела ноќ не можеле да заспијат размислувајќи за тоа дека тие се во иста куќа, на катот над Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Таа ноќ се случило и тоа што сад со вода паднал на подот, а хазрети Абу Ајјуб Ансарија, плашејќи се водата да не го намокри подот и да се прелие на долниот кат, брзо го спуштил јорганот и со него ја впил истечената вода. Следното утро се симнал кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., (саллаллаху алејхи ве селлам), и го замолил да се пресели на горниот кат. Во почетокот Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не се согласил со тоа, но покасно, после долго инсистирање на хазрети Абу Ајјуб Ансарија се согласил да се пресели на горниот кат.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во таа куќа поминал седум месеци, после преминувањето на ибне Исхака (ibne Ishaka) до месецот Сефера (Sefera) во втората година според Хиџра.

Значи, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), останал во домот на хазрети Абу Ајјуб Ансарија се додека џамијата на Пратеникот с.а.в.с. и соседните куќи не иле подготвени за престој.

Хазрети Абу Ајјуб Ансарија му праќал храна на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а потоа би јадел од остатоците од храната која останала, а од љубов и искреност ги ставал своите прсти на местото каде што Пратеникот с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), јадел.

И не само хазрети Абу Ајјуб Ансарија му носел храна на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., туху храна му носеле и другите асхаби.

Хазрети Муслех Мауд р.а. зборувал за овој настан, но тој сето тоа го преставил на свој единствен начин. Затоа, јас тоа ќе го прочитам како што е запишано.

Тој пишува:

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. влегол во Медина сите сакале тој да престојува во нивните домови. Семејствата од секоја улица каде што минувала неговата камила  стоеле пред своите куќи и го поздравувале Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Домаќините најчесто кажувале:

’Аллахов Пратениче, ова е нашиот дом и ова е во наша сопственост, а нашиот живот е во ваша служба и ние сме способни да ве заштитиме и затоа останете кај нас.‘

Некои од нив оделе напред и го фаќале вратот на неговата камила како би ги одвеле во своите домови.

Но, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги одвраќал луѓето да ја пуштат неговата камила и говорел дека камилата денес оди по Божја наредба и дека таа ќе застане таму каде што Аллах џ.ш. сакал.

На крај, камилата застанала во земјата на сирачињата Бану Наџџара на еден крај од Медина.

Тогаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

’Божја намера е да останеме овде.‘

После тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. прашал чија е оваа земја, но всушност, сопственици на земјата биле некои сираци, и старателот нивни  се преставил и на Пратеникот с.а.в.с. му рекол:

„О, Божји Пратениче, ова е земја на сираци и таа земја стои на Ваше располагање.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му рекол дека ничиј имот не може бесплатно да го земе и заедно донеле одлука за цена за која Пратеникот с.а.в.с. ќе ја откупи земјата, на која одлучил да ја гради својата џамија и својата куќа.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. прашал чија куќа е најблиска до ова место. Хазрети Абу Ајјуб Ансарија излегол напред и рекол:

„О, Аллахов Пратениче, мојата куќа е најблиску до ова место и Ви стои на располагање.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му одговорил:

„Појди дома и спреми една соба за мене.“

Куќата на хазрети Абу Ајјуб Ансарија била на два ката. Тој, на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му предложил да престојува на горниот кат, но, Пратеникот с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), сакал да остане на долниот кат за да може да прима посетители.

Хазрети Муслех Мауд р.а. кажа дека оваа прилика добро покажала колку Ансариите покажувале длабока љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

На инсистирање на Пратеникот с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), хазрети Абу Ајјуб пристанал Пратеникот с.а.в.с. да остане на долниот кат.

Меѓутоа, хазрети Абу Ајјуб и сопругата цела ноќ останале будни со помислата дека Пратеникот с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), спие во нивната куќа на долниот кат. (Како е можно да се направи таков чин да се спие над катот на Пратеникот с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам).

Во тоа време, на тој начин се манифестирала љубовта кон ближниот.

Во текот на ноќта паднал сад со вода на подот на горниот кат и хазрети Абу Ајјуб веднаш скокнал да ја собере водата ставајќи го својот јорган на подот за да не дојде водата до долниот кат, каде што спиел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Следното утро, хазрети Абу Ајјуб и неговата сопруга се симнале кај Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлам, и му ги објасниле причините зошто е подобро Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с да се пресели на вториот кат, на што Пратеникот, после тоа, се согласил.

Хазрети Абу Ајјуб секојдневно му подготвувал храна на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а она што останувало од подготвената храна ја јаделе домаќините. Во меѓувреме, и другите членови на Ансари заедницата, муслимани од Медина, го изразиле своето гостопримство носејќи му храна и други потребни работи на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. додека траела градбата на куќата и џамијата.

Во друга прилика се зборува дека една ноќ хазрети Абу Ајјуб се разбудил од сон и рекол:

„Одиме по главата на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам).“

После тоа се повлекол кон еден агол во собата и таму го поминал останатиот дел од ноќта. Следниот ден му се обратил на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. а тој му одговорил:

„Во долниот дел од куќата има повеќе удобности.“

На тоа хазрети Абу Ајјуб му кажал:

„Не можам да останам на кровот под кој се наоѓате вие.“

По овој разговор Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се преселил на горниот кат од куќата, а хазрети Абу Ајјуб се вратил на долниот кат.

Хазрети Абу Ајјуб му подготвувал храна на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), а кога слугата го враќал остатокот од храната од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. тој барал од него да му покаже кој дел од храната ја допирал Пратеникот с.а.в.с., и потоа јадел од тоа место.

Еден ден, додека хазрети Абу Ајјуб подготвувал храна за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., во делот од состојките од храната ставил и лук. Кога храната била вратена тој го прашал слугата за местото на прстите  на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., но слугата одговорил дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воопшто не јадел од храната. Хазрети Абу Ајјуб станал видно вознемирен поради тоа и отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да го праша дали лукот е харам. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека лукот не е харам, туку едноставно, само не сака да го јаде. На тоа хазрети Абу Ајјуб рекол дека она што не го сака Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. нема да го сака ни тој. (Или рекол, Она што на вас не ви се допаѓа, не ми се допаѓа ниту на мене).

Пренесувачот кажува дека кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. доаѓале мелеки, и тоа го пишувало во хадис од Муслим.

Значи, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. добивал објави и кај него доаѓале мелеки и затоа тој не ги сакал нештата кои имаат таков мирис.

Овој настан во Муслим е забележан на следниот начин.

Се пренесува, од хазрети Абу Ајјуб, дека, кога му се понудила храна на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), тој јадел од храната и остатокот од неа го враќал назад. Еден ден, на еден оброк тој вратил остатоци од храна во кои се наоѓал лук. Хазрети Абу Ајјуб го прашал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дали тоа е харам. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека тоа не е харам туку дека лукот не го сака поради неговиот мирис.

На тоа, хазрети Абу Ајјуб одговорил:

„Тогаш, ни јас не го сакам она што вие не го сакате.“

На друго место од Муснад бин Хамбел овој настан се пренесува на следниот начин.

„Хазрети Абу Ајјуб кажува:

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), остана во приземјето на нашата куќа, а јас и сопругата останавме на катот во една соба. Една ноќ се истури вода на горниот кат. Јас и Умме Ајјуб зедовме чаршав и ја собиравме иструената вода за случајно да не го намокри Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.са.. Тогаш со страв се симнав кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), и реков:

’О, божји Пратениче, не е во ред да живеам над тебе. Затоа ве замолувам да се преселите во собата на горниот кат.‘

На оваа молба Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил позитивно и се преселил на горниот кат. Неговите работи биле пренесени на горниот кат иако бел доста скромни.

Потоа му реков:

’Аллахов Пратениче, кога ми враќаш храна јас ја прегледувам и секаде каде што оставате отпечатоци од прстите јас таму ја ставам мојата рака. Денес кога ја видов храната која ја вративте, на неа не видов отпечатоци од прстите.‘

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), му одговорил:

’Да, во право си,  храната не ја јадев бидејќи во неа имаше лук. Не сакав да го јадам лукот поради мирисот затоа што мелеки доаѓаат кај мене, но ви слободно можете да го јадете лукот’.“

Хазрети Абу Ајјуб учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги битките кај Бедр, Ухуд и Хендек.

Хазрети Абу Ајјуб пренесува дека формирале редови на денот на битката кај Бедр, а некои од нив оделе пред редовите. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), кога го видел тоа рекол:

„Со мене.“

Тоа значело, останете зад мене и не одете пред мене.

Иако тоа претходно го спомнав сега пак ќе го нагласам, а тоа се однесува на нопќта на венчавката на хазрети Сафија.

Кога хазрети Сафија се мажела, хазрети Абу Ајјуб цела ноќ стражарел пред шаторот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со меч. Утрото, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), кога го видел хазрети Абу Ајјубпред шаторот го прашал зошто е тука и за што се работи.

Хазрети Абу Ајјуб рекол:

„О Божји Пратениче, се плашев за тебе поради оваа жена, бидејќи татко и, нејзиниот сопруг и други луѓе од племето биле се убиени, а таа само што излегла од неверство, и затоа цела ноќ стражарев пред вашиот шатор.“

Кога го слушнал ова Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлам), кажувал дови за хазрети Абу Ајјуб.

’Аллахумма Ихвиз Абу Ајјуб кама бата јахфазани‘ (Allahumma Ihfiz Abu Ajjub kama bata jahfazani),

што значи:

’О мој Аллаху, чувај го Абу Ајјуб бидејќи тој помина цела ноќ чувајќи ме мене.‘

Имам Сулејхи кажува дека поради довите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. хазрети Абу Ајјуб бил заштитен до таа мера што дури и римјаните го чувале мезарот на хазрети Абу Ајјуб, и, кога се молеле да заврне дожд со посредство на хазрети Абу Ајјуб дожд сигурно заврнувал.

Хазрети Махмоод кажува за хазрети Атбан бин Малик Ансарија, кој учествувал во битката кај Бедр заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.,  дека слушнал од него оти водел намаз во своето племе Бану Салем, но и дека имал проблем со тоа, затоа што помеѓу него и неговиот народ се протегала мала река која во тогашно време била тешка за преминување. Тој отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и го замолил со зборовите:

„О Аллахов Пратениче, јас сум човек со слаб вид а реката која се наоѓа меѓу мене и моите сожители кога заврне дожд надоаѓа многу вода и јас тешко можам да ја преминам, затоа ве молам вие да ја посетите мојата куќа и, да извршите намаз на едно место кое јас би го користел како месџид.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ми вети дека ќе дојде, и уште следниот ден дојде во утринските часови заедно со хазрети Абу Бакр. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. побара одобрение за да може да влезат во мојата куќа и јас му одобрив. Тој не седна туку веднаш ме праша да му го покажам местото каде што јас би сакал да извршувам намаз. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ми се обрати со зборовите:

’Бидејќи ме побара покажи ми места каде би сакал да клањам намаз‘,

и јас му покажав место каде сакав да извршувам намаз.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. стана, дојде до местото и учеше текбир Аллаху Акбар а ние стоевме во саф позади него. Потоа, Пратеникот с.а.в.с. водеше два рекати и предаде селам. Ние го пратевме цело време.

Откако заврши го замолив да остане за Кхариза која подготвувала јадење за нив (храна која се подготвува од месо и брашно).

Додека сето тоа се одвиваше соседите слушнале дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с е кај мене и сиоте тргнаа накај мојата куќа додека таа потполно не се наполни.“

Еден од соседите прашал каде е Малик бидејќи не можел да го види на што некој одговорил дека тој е лицемер, друг прашал за уште еден асхаб а другите му рекле дека навистина е лицемер и дека нема никаква љубов кон Бог и кон Неговиот Пратеник с.а.в.с. и затоа не дошол. На тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил дека не треба така да се зборува и дека тој изговорил Ла Илаха Иллал Лах (La Ilaha Illal Lah) што значи дека со оваа изјава барал Божјо задоволство.

На тоа човекот одговорил дека Аллах џ.ш. и Неговиот Пратеник с.а.в.с. најдобро знаат но кажал дека тие го следеле и гледале како тој се дружи и разговара со лицемери.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Аллах џ.ш. му го забранил огнот на оној кој признава Лаа Илааха (Laa Ilaaha) и со го бара Аллаховото задоволство.“

Хазрети Махмуд бин Раби’ говореше дека тоа сум го раскажувал на некои други луѓе, меѓу кои бил и хазрети Абу Ајјуб, асхабот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кој учествувал во таа битка во која умрел на земјата на римјаните, а тогаш нивни водач бил Језид бин Маувија. Тој вели дека хазрети Абу Ајјуб ја одбил мојата приказна и рекол:

„Во името на Аллах џ.ш., не верувам дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол такво нешто како што ти го кажуваш, што значи дека џехеннемскиот оган му е забранет на оној кој само изговара Ла Илаха Иллал Лах.“

Тој вели:

„Ова на мене тешко ми падна и станав многу вознемирен. Одлучив, себе си да се обврзам, во името на Аллах џ.ш., ако се вратам жив од оваа војна дека за ова ќе се распрашам кај хазрети Утбан ибн Малик, ако го сретнам во нивната џамија.“

Значи, кога се вратил облекол ихрам за хаџ или умра и кренал сам кон Медина. Кога отишол во населбата Бану Салем го видел хазрети Утбан ибн Малик, кој бил многу остарен, видот му бил ослабен и сè уште ги водел намазите на својот народ.

Кога завршил со намазот се поздравил со хазрети Утбан ибн Малик, се преставил самиот себе и потоа го прашал работата за која сакал да го види, односно, дека е вистина она што го случнал од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој рекол (АРАПСКИ ТЕКСТ), ’нему огнот му е забранет‘.

Меѓутоа, хазрети Абу Ајјуб тоа не го прифатил.

За ваквиот развој на настаните хазрети Мирза Башир Ахмад р.а. го дал своето мислење:

„Во хадисот се пренесува дека е Ман Ккла ла иллаха илаллах јаб та ги бизалика ваџ илахи (Man qala la illaha ilallah jab ta gi bizalika vadž ilahi) (АРАПСКИ ТЕКСТ).“

Преводот на овој хадис значи дека Хазрети Махмуд бин Раби’ пренесува дека слушнал од хазрети Утбан бин Малик дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека Аллах џ.ш. го забранил џехеннемскиот оган на оној кој искрено го бара Божјото задолоство (АРАПСКИ ТЕКСТ).

Но, кога ова го пренесов во еден разговор каде што беше присутен тој се спротивстави на пишувањето во тој хадис и рече:

„Се колнам во името на Аллах џ.ш., не верувам дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ова го рекол.)

Хазрети Мирза Башир Ахмад р.а. понатаму пишува: „Во овој хадис хазрети Абу Ајјуб го одбил овој хадис врз основа на дирајет, односно, своето сфаќање дека е исправен во својот принцип на кажување. Но, врз основа на дијаретот имало и такви кои одбиле тоа да го прифатат.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap