Хутби 2017 

ТАХРИК-Е-ЏАДИД, 84 ГОДИНИ

По учењето на ташахуд, тауза и сура Ал-Фатиха, хазрети Амеер-ул-Му‘минеен а.т.б.а. го проучи следниот ајет:

        „Никогаш нема да постигнете исправност се додека не поделите    од она што го сакате; и што и да потрошите, Аллах навистина    добро знае.“                                                                  (3:93)

Во овој ајет Возвишениот Аллах зборува за нешта кои секогаш биле подобро сфатени од страна на верниците кои се жртвуваат на Аллаховиот пат. Следбениците на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги жртвувале своите животи, го жртвувале богатството и времето поради верата. Тие се оние  кои ја разбрале суштината на ал-бирр (побожноста). Со други зборови, тие разбрале и тежнееле кон тоа да го постигнат највисокиот стандард на побожноста, праведноста, моралот, финансиското жртвување и постигање на задоволството на Возвишениот Аллах.

Согласно на тоа, се пренесува дека кога настанал ајетот кој го спомнавме, хазрети Абу Талха р.а. на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му рекол:

„О Аллаховиот Пратенику! Јас поседувам овоштарник кој е познат како Бирр Раухах, и во мојот имот овој овоштарник ми е најмил. Денес сакам да го дадам на патот на Возвишениот Аллах.“

Таков начин на однесување го следеле следбениците на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Денес, благодарејќи и на милоста на Возвишениот Аллах, следбениците на вистинскиот следбеник на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и Ахмади муслиманите се тие кои денес покажуваат практични примери за тоа. Денес светот е заробен во трка за стекнување на богатство. Постои голем број на Ахмади муслимани кои понекогаш заработуваат богатство. И, кога ќе бидат потсетени на финансиското жртвување тие го понудуваат своето богатство. Сето ова е резултат на нашето непрекинато образование и обука кои ги направил Ветениот Месија а.с..

Така во една прилика кога зборувал за финансиско жртвување тој рекол:

„Во светот, човекот има голема љубов кон богатството. Затоа, во интерпретацијата на соништата е напишано дека ако некој види како го вади сопствениот црн дроб и го дава некому, тоа значи дека го дава своето богатство. Затоа, за постигнување на вистинската побожност и вера е кажано:

        „Никогаш нема да постигнете исправност сè додека не поделите    од она што го сакате…“,                                             (3:93)

бидејќи големиот дел од сочувство кон Божјото создание бара трошење на богатството.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Сочувството кон човечкиот род и Божјото создавање е друг дел или половина вера, без кое верата не може да биде надополнета и цврсто втемелена.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Посветеноста на Абу Бакр р.а. кон Возвишениот Аллах во текот на неговиот живот претставува таков стандард што, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. барал нешто поради верата, тој доаѓал пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со сите свои работи.“

Како што веќе спомнав, постои голем број на Ахмади муслимани кои копнеат кон постигање на висок стандард на жртвување. Кога го читаат Чесниот Кур‘ан, хадис и Ветениот Месија а.с. тие цврсто веруваат дека Возвишениот Аллах ги благословува богатството и душите на оние кои трошат на Неговиот пат. Возвишениот Аллах исто така вели дека кога човек ќе потроши на Неговиот пат она што му е драго, Он за возврат ќе му даде многу повеќе; всушност, Он тоа може да го зголеми за седум илјади пати па дури и повеќе. Значи, кога Ахмади муслиманите ќе го потрошат своето богатство согласно со упатство на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во кое тој вели дека оној кој жртвува од својата законита заработка (многу е важно да се запомни дека Возвишениот Аллах не прифаќа незаконита заработка, која се заработува со измама; Он прифаќа чиста заработка) барем еден ден на Аллаховиот пат, Он тоа ќе го прифати со Неговата десна рака, дури и ако богатството е еднакво само на тој ден, и Он ќе продолжи да го зголемува сè додека не стане големо како планина. Он рекол дека тоа е слично на оној кој ќе одгледа мало теле во големо животно.

Сега кога ги читаме и слушаме овие приказни и овие упатства на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. треба да запомниме дека тоа не се приказни од минатото. Тоа се лични искуства на луѓето кои секој ден се жртвуваат. Јас ќе раскажам за неколку вакви приказни.

Во Камерун, една од африканските држави, мисионерот на служба вели дека таму постои еден Му‘алим (локален верски учител), Абу Бакр сахиб, кој раскажува дека таму живее еден Ахмади муслиман по името Абдуллах кој минатата година бил невработен и е соочен со страшни околности што му било претешко да го издржува и да се грижи за семејството. Во таква состојба, еден ден, присуствувал на џума намаз. После џума намаз секретарот дал објава во врска со Тахрик-е-Џадид, кога Абдулла сахиб имал само десет франци во џебот. Штом ја слушнал објавата, целата сума ја дал за Тахрик-е-Џадид. Неколку дена подоцна се вратил во центарот и рекол дека Возвишениот Аллах ја прифатил неговата чанда. Во текот на неделата една приватна компанија му дала работа и плата од 100 илјади франци, што претставувало десет пати била поголема сума од неговата чанда.

Има еден нов Ахмади муслиман кој скоро го прифатил Ахмадијатот, по име Дауд сахиб, од Конго Бразавил, исто така една африканска држава. Бидејќи бил во многу тешка финансиска ситуација од него било барано барем да присуствува на секој џума намаз во Ахмади џамијата. Кога редовно почнал да го извршува џума намаз, еден ден на приватен состанок после џума намаз, слушнал за значењето на финансиското жртвување и за тоа дека би требало по малку да потроши од она што Возвишениот Аллах му го дава на Неговиот пат. Недела дена подоцна, тој дошол на џума намаз и изгледал среќен. Го прашав за причината поради која така се однесува на што тој ми одговори дека минатиот петок по разговорот за чанда, тој дал сто франци пред напуштањето на џамијата.

„После плаќањето на чанда, штом дојдов дома, еден од соседите кој со месеци држеше некакви дрва во нашата градина наеднаш дојде да ги собере и ми даде 4 илјади франци на заминување. Бев многу среќен бидејќи само што дојдов дома по давањето на чанда а Возвишениот Аллах сето тоа ми го зголеми четириесет пати.“

Хузур а.т.б.а. пренесе многу приказни инспирирани од луѓе кои дале финансиски жртви и наспроти тешкотиите, и Возвишениот Аллах ги наградил многу повеќе и тоа без одложување.

Мисионерот од Мајот пишува дека тоа е многу сиромашна држава каде луѓето преживуваат продавајќи во своите домови зеленчук и слично. Еден Ахмади пријател, Рабјоон сахиб, работи во гаража за мотори и дава најмногу чанда. Тој вели дека е чудно што колку и да даде за чанда тоа на крајот на месецот му се дуплира. Еден ден неговата сопруга го прашала зошто дава толку за чанда. Тој одговорил:

„Возвишениот Аллах за возврат на тоа ми дава дупло и затоа продолжувам да давам.“

Тој, потоа, пред сопругата го дал износот и рекол:

„Погледни како Возвишениот Аллах сигурно ќе ми ја врати сумата што ја дадов.“

Тоа било исполнето кога на крајот на месецот сопственикот на работилницата на сите работници им дал бонус и износот на бонусот бил поголем од парите што тој ги дал за чанда. Благодарејќи на милоста на Возвишениот Аллах, овој човек и понатаму од ден во ден финансиски се жртвува.

Со Аллаховата милост од почетокот на Заедницата верниците биле сведоци на исполнување на ветувањата на Возвишениот Аллах. Јас ги раскажав случките на Ахмади муслиманите од минатото, сегашноста и случките на новите Ахмади муслимани. Жртвите кои се направени во ова доба, посебно финансиските жртвувања, претставуваат значајни карактеристики на оваа Заедница. Повеќето Ахмади муслимани сфаќаат дека оваа ера е ера на завршување на пропагирањето на исламто, за кое Возвишениот Аллах го пратил Ветениот Месија а.с., и тоа пропагирање се случува преку ширењето и преводот на Чесниот Кур‘ан на различни јазици, преку пропагирање на книгите на Ветениот Месија а.с., преку литературата на Заедницата, преку градењето на џамии, воспоставување на мисионерски куќи, џамии кои денес ги имаме во Азија, Африка, Европа, Северна Америка и Индонезија од кои мисионерите тргнуваат во ширење на пораката на исламот, и кога Ахмади муслиманите ги дознаваат овие работи тие стануваат свесни дека постои потреба за финансиско жртвување, и навистина даваат финансиски жртви.

Ова е апсолутно случај во ова доба и во ова време како што тоа веќе го кажав. Кога им се свртува внимание на одредени работи тогаш луѓето внимаваат. Затоа, кога кажав дека треба да се зголеми бројот на Вакф-е-Џадид и Тахрик-е-Џадид, бројот навистина се зголеми. По свртување на вниманието кон ова, интересот кон жртвувањето се гледа дури и кај децата на Ахмади муслиманите.

Да спомнам, мисионерот во Накур, Кенија, пишува дека моменталниот претседател на Заедницата, Абу Бакр Киби сахиб, кој е навистина силно искрен Ахмад и служи како наредник на одбранбените сили во Кенија, и наспроти тоа што живее далеку од џамијата, секогаш патува за да присуствува на џума намаз и со него ги води и неговите три ќерки.

Кога гостинот заминал едно од девојчињата дошло до таткото и му дала дваесет шилинзи за од неа да ги даде за Тахрик-е-Џадид а останатите пет шилинзи ќе ги потроши за јадење.

Така, ваквите примери на жртвување можат да бидат одлика само на Ахмади муслиманите, како на младите така и старите, каде и да се наоѓаат во светот. Жртвите кои децата ги даваат се всушност одек на нивната побожна природа. Нека Семоќниот Аллах го оспособи Џемаатот да продолжи да има такви деца и постари кои во себе го всадиле жарот да даваат жртви поради Семоќниот Бог и да продолжат да ги исполнуваат заветите кои ги дале.

По традиција, новата Тахрик-е-Џадид година се најавува во ноември и јас денес ќе ја најавам 84-та година на Тахрик-е-Џадид и исто така ќе изнесам одредени факти и броеви од претходната. Претходната 83-та година на Тахрик-е-Џадид заврши и како што спомнав, новата 84-та година започна од 1-ви ноември. Според извештаите кои беа поднесени, до сега Џемаатот бил во состојба да претстави вкупно 12.58 милиони фунти за оваа програма, Елхамдолиллах, сета благодарност му припаѓа на Аллах. Со милоста на Семоќниот Аллах, ова е за 1.538 милиони фунти повеќе во однос на минатогодишната сума. Во однос на вкупниот придонес, ако го исклучиме Пакистан, Германија е на прво место. На второ место е Велика Британија, број три е САД, број четири е Канада, број пет е Индија, број шест е Австралија, број седум е Индонезија, број осум е Џемаатот на Средниот Исток, број девет е исто така Џемаатот на Средниот Исток и број десет е Гана.

Во вкупниот придонес од африканските земји најзначајни достигнувања постигнаа следните земји: Гана, Нигерија, Мали, Камерун, Либерија и Бенин.

Во секој случај, вкупниот износ е постигнат без оглед на тоа, меѓутоа последните пет години јас инсистирав на вклучување на што поголем број на луѓе во вкупните придонеси.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Чанда (паричен придонес) треба да се зема од секој поединец, дури и ако е тоа само износ од еден пени.“

Во Пакистан во поглед на областите малку е сменета управната структура. Затоа, наместо области е претставена листа во поглед на локални Џемаати и таа е според следниот редослед: Рабва, Исламабад, Лахор, Товнсхип, Азизабад, Карачи, Делхи Гејт Лахор, Равалпинди, Мултан, Пешавар, Куета и Гујравала.

Области во Пакистан кои следуваат после ова се: Саргодха, Фаисалабад, Умеркот, Гујрат, Наровал, Хидербад, Мирпур Кхас, Бхавалпур и Окара се изедначени и после нив следуваат Таба Тек Сингх и Котли Азад Кашмир.

Џемаатите во Германија се по следниот редослед: Неусс, Линдов Марк, Нидда, Дорнберг, Мехди Абад, Хеилделберг, Лимбург, Киел и Флорсхеим.

Области кои се нормираат по друга терминологија меѓу првите десет се следните: Хамбург, Франкфурт, Морфелден, Гросс-Герау, Виесбаден, Диетзенбах, Мајнхајм, Риедстадт, Дермстадт и Оффенбацх.

Првите десет големи Џемаати во Велика Британија според придонесите се: Месџид Фазл, Ворчестер Парк, Бирмингхам соут, Брадфорд соутх, Путнез, Глазгов, Исламабад, Њу Малден, Гиллингхам и Сцунтхропе.

Области кои се нормираат по друга терминологија според еден член се: Соутх Вест, Нортх Ист, Исламабад, Мидландс и Шкотска.

Во Соединетите Американски Држави положбата на Џемаатите е според следниот редослед: Силикон Валлеј, Осхкосх, Сиетл, Детроит, Јорк, Лос Ангелес, Силвер Спринг, Централ Џерси, Чикаго Соутх, Вест Атлантис и Инланд.

Положбата на локалните области во Канада според нивните придонеси е следната: Ваугфхан, Пеаце Виллаге, Брамптон, Ванкувер и Миссиссауга.

Положбата не Џемаатите во Индија е следната: Керала, Карнатик, Јамму Кашмир, Телангана, Тамил Наду, Одисха, Пенџаб, Бенгал, Делхи и Махарасхтра.

Положбата на големите Џемаати во Индија е следната: Каликут Керала, Катхепрем Керала, Кадијана, Худербад, Калкута, Бангалоре, Кенак Товн, Пингади, Мататум и Кероли.

Положбата на Џемаатите во Австралија е следната: Кастле Хилл, Мелбурн, Бервик, Канбера, Марсден Парк, Брисбејн, Аделаида соутх, Комптон, Мелбурн лонгњарри, Пејтх, Мелбурн еаст.

Нека Семоќниот Аллах им даде обилни благослови на нивните заработки и на нивните потомци.

По ова јас сакам да го изнесам новиот план кој пред сè се однесува на оние кои живеат во Велика Британија, но исто така е отворен и за сите богати луѓе ширум светот; и овој апел е за поправање на делот на Баит-ул Футух (комплексот) кој пред две години настрадал во пожар. Од 1984 година – посебно со сегашната атмосфера – поради иселувањето на Халифатот, членовите од целиот свет доаѓаат овде и обезбедено им е сместување. Покрај тоа, тука се организираат и разни настани и програми кои се одржуваат овде. Плановите за новата доградба се завршени и предлогот е многу поголем од порано. Иако областа е малку поголема, вкупниот предлог има многу поголемо значење.

Новиот предложен план ќе чини околу 11 милиони фунти. Од ова околу половина од износот е добиено од осигурувањето а и луѓето дадоа голем придонес. Сепак, потребно е нешто малку повеќе од половина од износот и поради ова луѓето треба да се жртвуваат, како што тоа секогаш и го правеле.

Во една прилика Ветениот Месија а.с. рекол:

„Во текот на владеењето на Аламгир била запалена царската џамија. Луѓето побрзале да го известат кралот за огнот. Кога го слушнал тоа кралот паднал на сеџда изразувајќи ја својата благодарност. Неговите помошници (везири) биле збунети поради тоа и прашале: ’Ваше Височество! Како можете да изразувате благодарност кога Божјата куќа гори, поради што срцата на муслиманите крвават?‘ На ова кралот одговорил: ’Минаа години во текот на кои размислував за оваа славна џамија и за тоа колку таа зграда им користеше на илјадници луѓе. Зборував: Кога би имал прилика да земам учество во оваа вредна и благородна програма. Меѓутоа, јас ја посматрав зградата од сите агли и видов дека во секој поглед е без недостатоци. Бев изгубен за тоа како да стекнам награда. Така денес, Семоќниот Бог го отвори патот за мене преку кој ќе можам да примам благослови. А Аллах џ.ш. е Сезнајниот, сè слуша‘.“

Според тоа, како што спомнав порано, оние луѓе кои не биле во состојба претходно да се жртвуваат за овој пат, мора да направат напор да земаат учество на тој пат. Тие треба да настојуваат да ги платат своите ветени износи во текот на три години и треба да настојуваат да ја платат третина од ветувањето во текот на првата година.

По џума намаз јас ќе клањам џеназа за починатиот чие тело не е присутно, за господинот Адил Хамооз Накхоозах сахиб од Јемен. Тој починал на 14 октомври од срцев удар на четириесет годишна возраст. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Еден Ахмади господин, по име, Али Аргхами сахиб вели: „Починатиот ги повикуваше пријателите во куќата, вклучувајќи ме и мене, и се распрашуваше за Ахмадијатот. Ние му ги објаснувавме прашањата како што се прашање за доаѓање на Антихрист, животот и смртта на Месијата (Иса а.с.) како и за доаѓањето на Мехди.“

Освен жена, починатиот зад себе оставил еден син и една ќерка. Со Милоста на Семоќниот Аллах, поголемиот дел од неговото семејство се Ахмади муслимани. Нека Аллах ја воздигне положбата на починатиот, нека му подари милост и нека ја истури милоста на него подарувајќи му положба во друштво на Своите миленици. Нека Он ги заштити и нека им помогне на неговата жена и неговите деца и нека им ги обезбеди потребите. Нека Аллах ги оспособи да бидат побожни и богобојазливи и нека ги оспособи да одат по стапките на својот татко.

После неколку дена, по џума намаз, на мисионерот му рекол дека неговите ќерки ја слушале оваа хутба и дека во текот на овој месец имале гостин во нивната куќа кој при заминувањето дал 25 шилинзи во рацете на неговата најмлада ќерка, која во тоа време имала само пет години.

Поврзани вести