ВЕСТИ Хутби 2018 

Таква и нашата врска со Создателот

По учењето на шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах ги благослови неговите раце) рече:

Во ова време во кое немирот и нередот се раширени насекаде и на сите нивоа; во домот, заедницата, нацијата и ширум светот, наспроти напредокот на науката рационалноста и унапредувањето, човештвото се губи во темнината. Човештвото го заборавило својот Создател и Господар во копнеж кон овој свет и се движи кон бездната на уништувањето. Под вакви околности можеме да сфатиме, да бидам поточен, зошто не муслиманскиот народ е изгубен во привлечноста на светските атракции. Тоа е поради тоа што нивната религија не претставува обемна и комплетна солуција во смисла на упатство кон Возвишениот Аллах.

Како и да е, загрижувачки е што и муслиманите кои имаат сеопфатна книга во оригинална форма се наоѓаат во истата ситуација. Поради тоа наместо да го послушаат оној кој е пратен и кој е Божји Пратеник, кој донел крај на караниците и недоразбирањата, повеќето муслимани решиле да ги следат верските водачи кои прават неред во име на религијата.

Ова е причината зошто муслиманскиот свет минува низ разни нереди. Нивните верски и световни водачи ги фрлаат во темнина. Искористувајќи ја оваа ситуација, останатиот свет, посебно муслиманските сили праќаат оружје и помош за муслиманите да војуваат помеѓу себе и тоа за својот сопствен интерес.

Ова е голема агонија која би требало да биде извор на мотивација за молитва за муслиманите, и додека се осврнуваме на сопствената состојба, дали сме го постигнале моралниот и верски статус кој Ветениот Месија а.с. го очекувал од нас. Ако нашето практикување не е рефлектирано од реформата која доаѓа со прифаќањето на Ветениот Месија а.с. тогаш ние спаѓаме во категоријата на оние кои се заробени во неред.

Ветениот Месија а.с. постојано и многу пати на својот Џемаат му советувал каква состојба треба да се постигне по давањето на Баи‘ат (заклетва на верноста), и давал практични совети како да се постигне оваа цел.

Сега ќе претставам неколку гледишта на Ветениот Месија а.с. кои го привлекуваат нашето внимание за оваа тема. Затоа, со внимание треба да послушате. Не мислете дека е доволно ако некогаш порано сето тоа веќе сте го слушнале или прочитале многу пати.

На едно место Ветениот Месија а.с. пишува:

„За нашиот Џемаат е неопходно да ја усвои богобојазливоста во ова време на нереди, каде ударите на погрешни упатства, незнаење и изопаченост демнат од сите страни…

Ја посматраат и најмалата загуба на световните нешта, и ги отфрлаат верските аспекти и права на Возвишениот Бог…

Тие се обземени со лични чувства во врска и со најмалите случувања…

На срцата им е одземена верата а практичната состојба не постои. Тоа е причина поради која Возвишениот Бог мене ме пратил за да ги вратам сите тие работи…

Бог не сакал ова поле да остане неплодно и луѓето да останат оддалечени (од Него)…

Од таа причина ние проповедаме за да ти можеш да стекнеш живот исполнет со Таква (Богобојазливост).“

За да бидат вистинити Ахмади муслиманите нашата лична трансформација мора да се случи. Единствено тогаш ќе бидеме во состојба да го исполниме заветот на Баи‘атот. Што е вистинитоста на исламот и како можеме да ја добиеме?

Во врска со ова Ветениот Месија а.с. пишува:

„Ислам значи потполно да му се предадеме на Возвишениот Бог и суштината ќе ја доловиме само со вистинска апсолутна послушност кон Бог. Муслиман е оној кој целото свое битие ќе му го предаде на Возвишениот Аллах и ќе сака да го постигне задоволството на Возвишениот Аллах без било каква надеж за награда…

Понатаму, сите негови доблести и добри дела се направени со чувство на задоволство.“

Ветениот Месија а.с. пишува:

„Вистинскиот муслиман го сака Возвишениот Аллах зборувајќи и верувајќи дека Он е неговиот Сакан, неговиот Господар, неговиот Создател и Добротвор. Од таа причина, тој главата ја става на Неговиот праг.“

Ветениот Месија а.с. пишува:

„Вистинскиот муслиман го сака Возвишениот Аллах говорејќи и верувајќи дека Он е мојот Сакан, мојот Господар, мојот Создател и Добротвор. Од таа причина, тој својата глава ја става на Неговиот праг. Иако на вистинскиот муслиман му велат дека нема да добие никаква награда за овие дела; дека Џехеннем не постои, ниту Џеннет, нема уживање и задоволство, тој и понатаму нема да може да се воздржи од правење добри дела и од сакањето на Бог.“

Ова е несебичната љубов кон Возвишениот Бог која Ветениот Месија а.с. посакувал да ја воспостави, не поради некаква награда, не поради стравот кон Џехеннем, не за да го заработи Џеннетот, туку едноставно да ја воспостави чистата љубов кон Возвишениот Бог. Мораме да го сакаме Возвишениот Бог иако ништо за возврат не добиваме.

Затоа, кога човекот ги користи од Бог дадените способности за овие цели, станува очевидец на лицето на својот Вистински Сакан.

Опишувајќи ја својата состојба во која е проголтан во љубовта кон Семоќниот Аллах, Ветениот Месија а.с. вели:

„Според тоа, со цел да станете вистински верник неопходно е да развиете таква природа каде што љубовта и послушноста кон Бог не се базирани на некаква надеж по награда и стравот од казна. Всушност, тоа треба да биде вроден дел во вашиот карактер. Тогаш токму оваа љубов ќе го формира Џеннетот, и во реалноста ова е вистинскиот Џеннет, инаку никој не може да влезе во Џеннет се додека не го освои овој пат.

Затоа јас ви велам, односно на оние кои се поврзуваат со мене, да одат по овој пат бидејќи тоа е вистинскиот пат кон Џеннетот.“

Ветениот Месија а.с. лично го поставил прашањето за тоа дали послушноста е лесна работа. Тој вели:

„Оној кој не е потполно послушен го кала името на оваа Заедница. Тука не е само една наредба, тука се бројни такви наредби. Онака како што има неколку врати кон Џеннетот, каде една личност влегува низ една врата а друга низ друга врата, исто така и кон Џехеннемот постојат неколку врати. Не смее да се случи едната врата да ја затворите додека другата ја оставате отворена.“

Ветениот Месија а.с. потоа вели:

„Имајте на ум дека само со самото запишување на името човекот не влегува во Џемаатот, Заедницата…

Сакајте се еден со друг, не грабнувајте ги меѓусебните права, станете потполно задлабочени во Аллаховиот пат така што тој ќе ги истури благословите. Надвор од ова не постои ништо друго.“

Ветениот Месија а.с. вели дека практично тоа изгледа како кога некој само ги изговара зборовите ’благо‘ и ’шеќер‘, но устата не може да ги исполни со благиот вкус сè додека не се земе нешто благо. Слично на тоа, ако само ја искажуваме својата љубов кон Бог и ја прогласуваме Неговата Единственост нема корист сè додека тоа и практично не го покажеме.

Ветениот Месија а.с. рекол дека нашата Заедница сака да го задоволи Семоќниот Аллах и затоа приоритет треба да ни биде верата. Ако сакате да го задоволите Бог тогаш предноста дајте и ја на верата. Вашиот прв приоритет треба да биде вашата вера. Тој не предупредил дека ако не сте верни и искрени тогаш не сте вистинити и во таквите околности вас ќе ве снема пред непријателот. Семоќниот Аллах не може да биде измамен, Никој не може да Го измами. Затоа е неопходно во себе да развиете вистинска верност и искреност.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Најдобра размена е размената на вера кој ќе ве спаси од болната казна. Затоа, јас исто така ги изговарам овие зборови на Семоќниот Бог:

’Зарем не сакате да ви ја покажам размената која ќе ве спаси од болната казна?‘

Оној кој напредува во знаењето треба да го учи Чесниот Кур‘ан и да се замисли над него. Тоа што не го разбира треба да праша. Ако не го сфаќа одреденото значење треба другите да ги праша и да има корист од тоа. Чесниот Кур‘ан е морето на знаењето, а во длабочините на овој океан се наоѓаат огромни драгоцени бисери и непроценливи дијаманти.“

Во една прилика, свртувајќи го вниманието на Џемматот кон богобојазливоста Ветениот Месија а.с. рекол:

„Јас бев одреден со цел да ја втемелам богобојазливоста. Полето на побожноста е напуштено. Наместо дигање на сабја треба да се практикува богобојазливоста. Целиот свет ќе ви помогне ако ја практикувате богобојазливоста. Затоа посвојте ја богобојазливоста.“

Во една прилика, насочувајќи го нашето внимание за зголемување на духовноста и зголемување на верското знаење, Ветениот Месија а.с. рекол:

„Ученикот не може да постигне никаква корист говорејќи само една работа:

’Јас имам врска со својот учител’,

тој мора и да се однесува согласно на она на што бил подучуван.“

Од зборовите: ’ние дадовме завет на верност, ние станавме Ахмади муслимани‘, или ’ние сме родени Ахмади муслимани‘ нема никаква корист ако не го зголемите верското знаење.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Зошто во вашето уверување да има било каква сила и божествено сфаќање ако не го зголемите своето знаење? Наспроти тоа, вие ќе чувствувате двоумење и сомнеж над ситните нешта кои можат да ви ги разнишаат темелите.“

Според тоа, Ветениот Месија а.с. не советувал да се замислуваме над Чесниот Кур‘ан и нашето внимание да го насочиме на читањето на неговите книги за да го зголемиме своето религиско знаење. На ист начин, ние треба да настојуваме да засновеме врска со Халифатот. Во тој поглед треба да формираме врска со Халифата на времето преку благословите на МТА и треба да стекнеме корист од програмите. Ова е величествен извор и секој Ахмади муслиман треба да бара корист од тоа.

За да го насочи нашето внимание кон изразување на взаемната љубов и наклонетоста на еден кон друг, и на исполнувањето на должните права, Ветениот Месија а.с. вели:

„Според тоа, нашата пракса треба да се изразува во помагањето на послабите браќа и во настојувањето да им станеме поткрепа. Ако постојат двајца браќа од кои едниот знае да плива а другиот не, зарем тој што знае да плива нема да биде одговорен да го спаси својот брат од давење? На него е обврската да го спаси од смртта. Затоа, во Чесниот Кур‘ан е спомнато следното:

        „И помагајте еден на друг во богобојазливоста и побожноста.“

Ветениот Месија а.с. потоа вели:

„Ниту една заедница не може да се смета за заедница сè додека не им помага на послабите. Тоа може да се случи само кога ги прикривате грешките и недостатоците на другите. Наместо да ги откривате пропустите на другите треба да настојувате да ги прикриете нивните недостатоци (мани)…, неопходно е постарите кон своите млади (браќа) да се однесуваат со почит и да бидат љубезни со нив. Запомнете, Џемаатот не може да биде единствен ако еден со друг се јадете, односно, ако четири пријатели седат заедно и еден од нив приговара за еден од браќата кој е сиромашен.“

Всушност, фигуративно е можно да се јадат еден со друг. Овде зборот ’јадат‘ е употребен во додаток кој Семоќниот Аллах го спомнал каде кажал дека грабеж и грд говор за своите браќа е исто како да го јадете телото на својот мртов брат. Според тоа, не барајте ја слабоста на другиот туку наместо тоа насочете се на нивните позитивни особини.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Заедницата не може да се смета за една заедница во која едни со други се јадат, и кога четворица седат заедно и му приговараат на својот сиромашен брат и укажуваат на неговите мани и ги истакнуваат, потоа тие, исто така, од висина со презир и ненаклонетост гледаат на сиромашните и слаби членови на заедницата. Наместо тоа, засилете ја својата положба во единството и станете еден, тоа ќе ја зголеми взаемната љубов и благословите.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Човекот не смее да ги прекорува другите поради ситни и безначајни работи, кои стануваат повод за предизвикување на болка кај другите што може да ги растажи.“

Објаснувајќи го понатаму братството и сожалувањето, Ветениот Месија а.с. не советува и вели:

„Нашата Заедница не може да цути се додека вистински немаме сожалување еден кон друг.“

Ако сакаме да напредуваме тогаш еден кон друг мораме да покажуваме вистинско сожалување. Сите свои способности мораме да ги искористиме и да ги сакаме оние послабите. Кој и да има сила треба да ја негува љубовта кон послабите.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Јас често слушам како поединци кога ќе видат некого како се сопнува, наместо да бидат љубезни со него, го гледаат со гадење и згрозување. Наместо тоа, би требало да прават дови за него и потоа преку љубов и сожалување љубезно да му објаснат. Меѓутоа, наместо тоа тие својата злоба ја зголемуваат. Ако поединецот опрости и покаже сожалување, работата само ќе се отежни и ќе има тешки последици.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Јас имам големи очекувања од Семоќниот Бог бидејќи Он ветил:

’Јас ќе ги поставам оние кои тебе те следат над оние кои не веруваат, до Денот на оживувањето…‘

Ова се денови на слабоста и тие секому му даваат прилика да се подобри и да ја подобри својата состојба. Да се жалите еден на друг, меѓусебно да се навредувате, со грди зборови да повредувате нечии чувства и слабиот и понизниот да го сметате за понизок е грев. Според тоа, должноста на сиромашниот е да ги почитува своите ценети браќа, а должноста на богатиот е да им помогне на сиромашните а не да ги смета за ниски и презрени. Тие се браќа еден со друг иако нивните татковци не се ист,и но конечниот духовен татко е ист за сите и тие се гранки од истото дрво.“

Поради нашето подобрување, Ветениот Месија а.с. не советувал да ја читаме книгата ’Нуховата лаѓа‘, и постојано не поттикнувал на тоа. Ветениот Месија а.с. вели:

„Јас на својата Заедница во бројни прилики и кажав да не се ослонува на надворешните гледишта кои се лишени од суштината.“

Ако не го следиме учењето на Ветениот Месија а.с. сигурно нема да извлечеме никаква корист од тоа учење.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Вие редовно треба да ја проучувате книгата ’Нуховата лаѓа‘ и согласно на неа да се однесувате.

Навистина, вистински напредува оној кој ќе се исчисти.“ (87:15)

Постојат илјадници виновници кои направиле грабеж, блуд и неморалност, земале алкохол и воделе грешен живот а тврдат дека се меѓу следбениците на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Дали можат тие да се сметат за вистински следбеници? Сигурно дека не можат. Вистински следбеник е оној кој се држи до учењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..“

Читајќи ја книгата на членовите на Џемаатот, ’Нуховата лаѓа‘, и потстакнувајќи ги да ја читаат, Ветениот Месија а.с. вели:

„Во ’Нуховата лаѓа‘ јас го претставив своето учење и за секој поединец е неопходно да биде запознаен со него, дури и ако треба во секој град Џемаатот да организира собири и да ја чита оваа книга… На тој начин не само дека ќе се пропагира пораката туку и ќе се изгради единството во Џемаатот кое настојуваме да го влееме.“

Затоа треба да бидат направени подготовки тоа да се чита во Џемаатот, и исто така треба да бидат направени подготовки книгата да се чита на МТА. Секој тоа треба да го направи да биде дел од неговиот живот. Човекот лично треба да ја чита и да направи напор да се држи до тоа.

Што се однесува до личниот спас од гревот и оцртувајќи ги одликите на вистинскиот Ахмади муслиман, Ветениот Месија а.с. вели:

„Вашата должност е да се зафатите во дови, истигхфар (барање на опростување), ибадет кон Семоќниот и лично прочистување. Спасете се од секој вид на злоба, озборување, гордост, празнина, отворени и скриени облици на непобожност, тромост (мрзеливост) и невнимание. Запомнете, на крајот богобојазливите се тие на кои им е даден успех токму како што Семоќниот Бог вели:

        „… а крајот е за богобојазливите.“

Затоа треба да размислите да бидете богобојазливи, бидејќи  крајот (добриот) е за оние кои се богобојазливи.

Нека Семоќниот Аллах не оспособи да станеме вистински Ахмади муслимани и да го следиме учењето на Ветениот Месија а.с.. Нека ја исполниме должноста кон Семоќниот Бог и нека го стекнеме Неговото задоволство. Своето практично однесување треба да го подобриме и да обрнеме внимание на зголемување на религиското знаење и да ги исполниме правата на други луѓе.

Како што веќе навестив овие денови треба посебно да правите дови за состојбата во Пакистан и тие кои живеат во Пакистан исто така во голема мера треба да прават дови за себе. Нека Семоќниот Аллах ги заштити од секој вид на зло.

Исто така, треба да го молите (Аллах џ.ш.) за светот воопшто, бидејќи светот брзо се движи кон војна. И Русија и Америка се зафатени со подготовки и двете држави сакаат да ја втемелат својата надмоќ со изговор дека сакаат да ги заштитат правата на тие што се угнетени. Всушност, под маска на настојување повторно да ги воспостават правата на угнетените кои исто така се од муслимански земји, тие сакаат да ги уништат истите. Затоа (правете дови) да Семоќниот Аллах ги упати муслиманите.

Исто така, нека Семоќниот Аллах ги уништи оние терористички организации кои се сурови во името на исламот и нека Он ги упати и двете страни. Пред сè, нека Семоќниот Аллах ги оспособи да го препознаат Имамот на ова доба бидејќи без тоа не постои друг начин да бидат спасени.

Нека Семоќниот Аллах ги упати муслиманите наместо да бидат дел од тоа угнетување да пропагираат љубов, наклонетост и братство, согласно на вистинското учење на исламот, и нека ја исполнат должноста кон Семоќниот Бог.

Поврзани вести