СЕДИШТЕ

Главното седиште на Ахмадија муслиманската заедница е градот или местото каде што престојува Халифата. Според тоа, после присилниот егзил од Пакистан во 1984 година на Мирза Тахир Ахмад, четвртиот Халифа, службено седиште на Заедницата е во Лондон. Иако исламските свети градови Мека и Медина се признаваат како повеќе свети, Кадијана се смета за духовно седиште на Заедницата. Се верува и е проречено дека во иднина Халифатот Ахмадија повторно ќе се врати во Кадијана, родното место на Мирза Гулам Ахмад. Меѓутоа, ахмадискиот град Рабва во Пакистан, откако вториот Халифа го втемелил на 20 септември во 1948 година после поделбата на Индија (Partition of India), го усогласува мнозинството активности на организацијата ширум светот. Главно, градот е одговорен за тоа, иако не исклучиво, тоа го чинат и двете средишни тела на Заедницата; Средишното собрание на Ахмадијатот и Собранието за ’Новиот план‘. Другото помало тело, Собрание за ’Нова намена‘ исто така е активно. Сите средишни тела работат под директива на Халифата.

Мирза Гулам Ахмад во 1906 година го втемелил Садр Анџуман Ахмадија или Средишното собрание на Ахмадијатот кое денес е одговорно за организирање на активностите на Заедницата во Индија, Пакистан и Бангладеш; додека Анџуман Тахрик-и-Џадид или собрание за новиот план, кого го воспоставил вториот Халифа, е одговорно за мисиите надвор од индискиот пот-континент. Секое собрание додатно е поделено во оддели како што се Оддел за финансии, Оддел за издаваштво, Оддел за образование, Оддел за надворешни работи и Оддел за странски мисии. Под водство на Собранието за новиот план Заедницата изградила преку 15 000 џамии, 500 школи и 30 болници и објавила превод на Чесниот Кур’ан на повеќе од 70 јазици. Анџуман Вакф-е-Џадид или Собрание за нова намена, кое исто така го воспоставил вториот Халифа, е одговорно за образованието и координацијата на религиските службеници во руралните заедници во светот.