РЕЗИМЕ НА ВЕРУВАЊЕТО

Ахмади верувањата се повеќе сродни на сунитската одошто на шиитска традиција, како на пример што се однесува до петте столба на исламот или шесте ставки на исламското верување. Исто така, Ахмади муслиманите го прифаќаат Чесниот Кур’ан за свој свет текст, свртувајќи се кон Каба во текот на молитвата, го практикуваат ((w:en:Wikipedia:Sunnah суннет (праксата и обичаите на пратеникот Мухаммед)) и го прифаќаат авторитетот на сунитските хадиси (забележани изреки на Мухаммед и приказни за него). Тоа се средишните верувања на Ахмади муслиманите.

Различноста во Ахмадија муслиманската заедница е во тоа што тие веруваат дека Мирза Гулам Ахмад е Ветениот Месија и Мехди, токму како што навестил Пратеникот Мухаммед. Резимирајќи го своето тврдење, Ахмад пишува.

        „Задачата за која Бог ме одредил е таква што треба да ја     отстранам  болеста која го погаѓа односот помеѓу Бог и Неговите      суштества, и да ја обновам врската на љубов како и искреност         меѓу нив. Со навестувањето на вистината и со окончувањето на       судирите треба да воспоставам мир и да ги обелоденам Божјите         вистини, кои станале скриени од очите на светот. Повикан сум     да ја покажам духовноста која лежи закопана под егоистична    темнина. На мене е не само со зборови туку морам и практично да ги покажам Божјите моќи кои продираат во човечкото битие и      се пројавуваат по пат на молитва и внимание. Над сè, мојата         задача е во човечките срца повторно да се воспостави вечното    здание на сјајното Божјо Единство, ослободено од секакво нечисто многубоштво, кое сега веќе потполно го снемало. Сето ова ќе биде постигнато не со мојата сила туку и со силата на     Семоќниот Бог, кој е Бог на небото и на Земјата.“

Сходно на тоа, тој верувал дека неговата цел е по мирен пат да го брани и штити исламот ширум светот, да ги оживее заборавените исламски вредности на мир, проштевање и сочувство кон целото човештво и да воспостави светски мир преку исламските учења. Верувал дека неговата порака била посебно битна за западниот свет, кој според него западнал во материјализам.

Учењето на Ахмади муслиманите смета дека сите големи светски религии се од божествено потекло и дека биле дел од Божјиот план насочен кон воспоставување на исламот како конечна религија, бидејќи е најцелосна и ги усовршила претходните учења на другите религии (сепак Ахмади муслиманите веруваат дека сите други религии застраниле од изворниот облик и станале расипани).

Пораката на втемелувачите на тие религии била, според тоа, суштински еднаква на исламската, но сепак непотполна. Надополнувањето и довршувањето на религискиот развој настанало со доаѓањето на Мухаммед. Меѓутоа, глобалното ширење, признавањето и евентуалното прифаќање на неговата порака (т.е. усовршување на реалноста на пратеништвото на Мухаммед) било предодредено дури со доаѓањето на Мехди. Според тоа, Ахмади муслиманите Мирза Гулам Ахмад го сметаат за Мехди а со тоа и за ’Ветениот‘ на сите религии, кој всушност ги исполнува есхатолошките пророштва на Аврамските религии (Abrahamic religions), како што се изироастризмот, индиските религии, традиции на американските староседелци и други.

Ахмади муслиманите веруваат дека Ахмад бил божествено одреден како вистински одраз на пратеништвото на Мухаммед за да го потврди Божјото Единство и да го потсети човештвото на должноста кон Бог и Неговата креација. Резимирајќи  ја исламската вера, Ахмад пишува:

        „Постојат само два целосни дела на верата. Првиот е да се љуби Бог, а другиот е да се љуби човештвото во таква мера што        тагата и проблемите на другите ги сметате за свои и се молите        за нив.“