ВЕСТИ 

РАМАЗАН

За верниците од исламска вероисповед започна Светиот месец – Рамазан, месец на пости и религиозна посветеност. Во наредните 30 дена муслиманските верници ќе постат од изгрејсонце до зајдисонце.

„Овој месец е симбиоза на сето тоа што може да се изрази само преку постот, затоа, го молиме Севишниот Аллах да ни овозможи уште еднаш да го исчистиме и да го воздигнеме нашиот дух, со што ќе бидеме по убедени и по близу до Бога“, рече Васим Ахмад, мисионер на Ахмадија Муслиманската Заедница во Македонија.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Истовремено, верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Во постот се поштедени болните, децата, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКИОТ ЏЕМААТ  на сите припадници на муслиманската вероисповед им посакува лесни Рамазански пости исполнети со мир, љубов и благосостојба.

Поврзани вести