Хутби 2018 

Рамазан и Таква

По учењето на Шехадет и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах ги зацврсти неговите раце) го проучи ајет 184 од сура Ал-Бакара и преводот на овој ајет гласи:

        „О вие кои верувате! Ви се пропишува пост, како што им бил        препишан на оние пред вас, за да станете богобојазливи.“

Со милоста на Возвишениот Аллах месец Рамазан ни започна и целта на овој месец е богобојазливоста (Таква). Исламот е религија која е вечна. Чесниот Кур‘ан е сочуван во секој дел од светот во неговата оригинална форма и служи како упатство на оние кои се богобојазливи.

Во подоцнежните денови Возвишениот Аллах го пратил Ветениот Месија а.с. за наше реформирање и за ширење на Чесниот Кур‘ан, и Бог ни овозможил да го препознаеме и да го прифатиме. Поради тоа, огромна одговорност е на нас, Ахмади муслиманите, да ја препознаеме сржта на постот и да се обидеме да ја достигнеме целта на постот, како на пример, усвојување на богобојазливоста и намерата да бидеме што по богобојазливи.

Во следниот ајет, деталите и упатствата во врска со наредбите за постот се спомнати. Учењето на Чесниот Кур‘ан, следењето на наредбите од Возвишениот Аллах и обрнувањето на внимание на нашите молитви се исто така спомнати.

Потоа, во текот на месец Рамазан, кога ние се обидуваме да ја постигнеме богобојазливоста, нашето внимание ќе биде насочено и кон другите аспекти на обожавање. Ако не се оградуваме од лоши дела, било тие да влијаат на нас или на други, мораме да бидеме свесни дека целта на постот единствено ќе биде исполнета само кога ќе ги отстраниме лошите дела.

И наспроти постот ако сме арогантни, ако сме горди сами на себе или поради нешто друго, ако имаме навика да се фалиме и да очекуваме и од другите пофалби и да очекуваме комплименти, и ако поради тоа сме среќни, тогаш таквото однесување не спаѓа во богобојазливост (Таква).

Ако не се воздржуваме од караници, расправии, лаги и ширење на немир во текот на постот, тогаш повторно не сме ја досегнале богобојазливоста.  Ако времето во текот на постот не ни е исполнето со молитви, дови и со слични нешта повторно не ја претставуваме богобојазливоста, ниту ја исполнуваме целта на постот.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека Возвишениот Аллах нема потреба од нашето изгладнување ако не ја исполниме целта на постот.

Постојат луѓе кои се претставуваат како да постат, а вистина е дека тоа не го прават. Тоа е постот на некои луѓе. Но, поради тоа што ние сме оние кои сме го прифатиле Ветениот Месија а.с. на нашите раменици е голема одговорност како Ахмади муслимани да се обидеме да ги исполниме условите на постот токму така како што наредил Возвишениот Аллах, како и да разбереме што е богобојазливост и како можеме да ја постигнеме.

Ветениот Месија а.с. на многу места ни кажал кои луѓе се богобојазливи. Вистинското доживување и задоволство се стекнуваат преку богобојазливоста а не преку профаните уживања. За да личноста стане вистински верник, секоја работа мора да ја извршува според упатствата на Возвишениот Аллах, за да го стекне Неговото задоволство. Тоа е она што го разликува верникот од неверникот. Ветениот Месија а.с. исто така ни кажал дека треба да се надминеме во разбирањето на Возвишениот Аллах. Секој ден би требало да  имаме напредок во разбирањето и сфаќањето на Аллах џ.ш..

Сега ќе наведам неколку исечоци од делата на Ветениот Месија а.с. во врска со богобојазливоста.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Размислувам да ги раздвојам вистински богобојазливи луѓе, тие кои даваат предност на верата наместо на материјалниот свет, и луѓето од мојот Џемаат кои се предале на Аллах џ.ш. и на кои им е доверена некоја верска функција. Потоа, најмалку ќе бидам загрижен за оние луѓе кои се постојано зафатени со профани работи и проблеми, кои своите денови и ноќи ги трошат барајќи го бескорисниот свет.“

Неговата агонија била желбата секој член на Џематот да оди по патот на богобојазливоста, наместо да се грижи за материјалниот свет.

Ветениот Месија а.с. објаснил дека ’Таква‘ (богобојазливост) е клучна состојка во примањето на нашите молитви. Тоа е фундаментален услов кој не може да се замени.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Ако некој сака неговите молитви да бидат примени а се наоѓа во состојба на незнаење и има погрешни упатства, зарем таков човек не би требало да се смета за непромислен и неупатен? Затоа, секој член на Џемаатот треба да оди по патот на богобојазливоста (Таква) колку што може повеќе за да го почувствува задоволството од одговорите на молитвите и верата да му се зацврсти.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Човекот е изложен на тешкотии и треба да исполни разни потреби. Богобојазливоста (Таква) е клучна за решавање на овој проблем.“

Бог создал пат за богобојазливата личност по кој тој може да се извлече од секаков вид на тешкотии, и Он нуди пат по кој можеме да се ослободиме од сите тешкотии. Начинот на кој Тој тоа го овозможува на луѓето не им е јасен. Затоа, човекот треба да ја повторува оваа молитва многу пати и секогаш треба да ја има на ум. (АРАПСКИ)

Ако човекот тоа го запомни тогаш неговото внимание е секогаш тука и тој оди по патот на богобојазливоста (Таква). Богобојазливоста (Таква) е вкоренета во секој дел од човечкото битие. Како пример можеме да ги наведеме верата на човекот, зборовите и моралот. Богобојазливоста мора да постои во човековата вера, зборовите и однесувањето.

Постои хадис во врска со постот каде Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека оној кој пости својот јазик треба да го одржува чист, и ако некој се обидува да се расправа со него тогаш тој треба само да каже:

„Јас постам и не можам да ти одговорам.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Богобојазливоста (Таква) го вклучува целото човештво, а јазикот е тој што човекот може да го одведе далеку од богобојазливоста.“

Тоа значи дека богобојазливоста е потребна во секое дело и во секоја ситуација. Но со јазикот човекот може да се оддалечи далеку од богобојазливоста (Таква). Човекот може да покаже арогантност и со зборовите да ги досегне квалитетите на фараон. На пример, луѓето знаат да зборуваат дека се важни луѓе и преку јазикот своите добри дела ги претворат во фалење и самите на себе нанесуваат штета.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Од хадисите дознаваме дека оној кој го заштитува своето тело и својот јазик од лошите дела го заработува Џеннетот.“

Ветениот Месија а.с. понатаму продолжува:

„Она што сакам да кажам е дека ако некој е принуден да јаде свинско месо од нужна потреба, бидејќи во такви случаи дозволата е дадена од страна на Возвишениот Аллах но е различно од тоа ако човек изјави дека свињата е дозволена, и тогаш тој излегува од рамките на исламот.“

На тој начин човекот себе си сѝ дозволува нешто што Возвишениот Аллах го забранил. Гледаме дека штетата која произлегува од јазикот е многу опасна и затоа верникот мора да истрае во контрола на јазикот, и да не дозволи самиот на себе да изговори зборови кои се против богобојазливоста.

Ветениот Месија а.с. вели.

„Контролирајте го својот јазик, во спротивно вашиот јазик вас ќе ве контролира и бескорисно ќе зборувате.“

Многумина од вас во текот на постот би требало да го зголемат Зикр Иллахи (спомнување на Аллах). Кога повеќе ќе го спомнувате Аллах џ.ш. тоа ќе предизвика намалување на безвредни и непотребни приказни. Треба да ги употребите сите моќи за да го постигнете ова и само така ќе ја постигнете вистинска смисла на богобојазливоста и постот.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Секогаш преиспитувајте се до каде сте стасале во зголемувањето на својата богобојазливост и честитост. Чесниот Кур‘ан ви е ознака на височина за ова. Запомнете дека кога некој го запостави Возвишениот Аллах, Возвишениот Аллах тогаш него го остава. Кога Возвишениот Аллах некого напушти тогаш навистина Шејтанот воспоставува врска со таа личност.“

Ветениот Месија а.с. објаснува дека постојат два аспекта за побожност и како Возвишениот Аллах се однесува кон оние кои исправно се однесуваат. Тој вели:

„Сите доблести кај човекот се делат на два дела – првите се задолжителни доблести а другите се дополнителни доблести. Како и да е,  другиот аспект на додатната доблест е нешто што човек мора да го извршува. Задолжителни се оние кои спаѓаат под нешто што мора да се случи, како на пример, ако позајмите од некого нешто задолжително мора да го вратите долгот. Исто така, да ја надоместите нечија побожност кон вас е задолжително. Покрај овие задолжителни доблести тука се и дополнителните. Тие спаѓаат во доблести кои се дополнителни, како што е на пример, покажување на голема љубезност кон некого а за возврат вие покажувате уште поголем степен на сочувство и грижа.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Аллаховите пријатели своите доблести ги усовршуваат преку додатни доблести. На пример, додатно на зекат даваат разни садаки. Аллах џ.ш. станува нивни ’вали‘ (пријател). Возвишениот Аллах говори дека Неговото пријателство досегнува до мера каде Он станува раце, нозе дури и јазик на таа личност.“

Возвишениот Аллах говори дека оние кои се Негови ’вали‘ (пријатели) разговараат со него, одат покрај Него, работат со Него, поинаку кажано, потполно му се предани Нему. За луѓе кои прават добри дела Возвишениот Аллах Самиот се грижи и ги уништува нивните непријатели. Погледнете колку е голем степенот на пријателство на оние кои се блиску до Аллах џ.ш. што ако им се направи било каква штета значи дека штетата се направила токму на Аллах џ.ш.. Колку голем помошник е Аллах џ.ш. на овие луѓе!

Советувајќи не да го живееме живот во понизност и благост Ветениот Месија а.с. вели:

„Услов за оние кои сакаат да бидат вбројани во богобојазливите е тој што треба живеат во понизност и благост. Ова е еден од ограноците на богобојазливоста (Таква) преку кој ќе ја совладаме недозволената лутина. Воздржувањето од лутење е краен и најтежок степен за секој мудар и побожен човек. Арогантноста и гордоста се раѓаат од лутењето. Човекот единствено станува налутен кога себе си се смета за поважен од другите луѓе. Јас не сакам членовите на мојата Заедница другите луѓе да ги сметат за поважни или пониски, и на другите да гледаат вообразено и со презир.“

Објаснувајќи како се однесува кон успехот верникот кој се држи до богобојазливоста, а како во иста ситуација се однесува неверникот Ветениот Месија а.с. вели:

„Сетете се секогаш на принципот дека должноста на верникот е да се чувствува понизен и да го велича Возвишениот Бог во сите ситуации на успехот. Со други зборови, успехот тој го припишува на Возвишениот Аллах и Го велича поради Неговата милост. На овој начин тој напредува и секогаш во секое искушение останува трпелив и станува верник.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Кога некој ќе постигне успех ако покаже храброст и решителност, тој добива нова лекција во животот од која понатаму ќе има корист. Тој би требало да напредува кога ќе го спознае Возвишениот Бог. Ако некој стане успешен или на неговите молитви биде одговорено, тоа би требало да го зголеми неговото разбирање на природата на Возвишениот Бог. Тоа единствено може да се случи кога ќе размислиме за Милостина и Благословот на Возвишениот Аллах. Никој не може да го наследи Божјиот благослов.“

Ветениот Месија а.с. потоа вели:

„Човекот единствено може да ја постигне Божјата близина и Неговата заштита кога ќе ја усвои вистинската богобојазливост (Таква) и кога ќе прави добра дела.

(АРАПСКИ) Секој ден Возвишениот Аллах ги запишува делата на секој човек.“

Нека Возвишениот Аллах ни овозможи да постиме и да се молиме во овој месец и во него нека ја усвоиме богобојазливоста. Нека овој месец Рамазан ни донесе благослови за нашиот Џемаат, за сите муслимани и за сиот остаток од светот. Во овие денови посебно се молете за Ахмади муслиманите во Пакистан, бидејќи нивните страдања се зголемуваат од ден на ден.

Слично на секојдневието постојат нови извештаи кои зборуваат дека светската војна е блиску. Големите сили со голема брзина се движат кон глобална катастрофа и не постојат знаци дека ќе престанат. Се молам Возвишениот Аллах да ги заштити сите муслимани, а посебно Ахмади муслиманите од последиците на светската војна и исто така да ги заштити сите граѓани на светот од овие последици. Амин!

Поврзани вести