Хутби 2020 

Рамазан и постигнување на Богобојазливост

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) ги проучи ајетите 184-186 од сура Ал-Бекара, чиј превод гласи:

        „О, вие кои верувате! Ви се припишува пост, како што било пропишано на оние пред вас, да станете богобојазливи. Одреден        број на денови, ако некој од вас е болен или е на пат, нека        пости ист број во други денови; а оние кои не можат (да постат) можат да се откупат (фидија) ако нахранат еден сиромав. А било кој доброволно учи некое дело тоа е добро за него. Ако постите, тоа е подобро за вас, тоа само да го знаете.“

(Ал-Бекара: 184-186)

Месец Рамазан е оној во кој Чесниот Кур’ан е објавен како едно Возвишено упатство за луѓето, во кој јасно се објаснети Упатствата и Фуркан (разликување на вистината од невистината).

Затоа, подобро е секој од вас кој може да пости. Ако некој е болен или е на пат нека пости ист број во други денови. Аллах џ.ш. ви посакува олеснување и не сака да имате тешкотии и сака да го пополните бројот, да го величате Аллах џ.ш. кој ве упати и да бидете благодарни.

Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека утре во Велика Британија, со помош на Аллах џ.ш., започнува Рамазан. Овој месец е воспоставен заради нашиот духовен напредок. Семоќниот Аллах кажува дека ви е пропишан пост да да можете да постигнете Таква (богобојазливост).

Што е богобојазливост?

Ветениот Месија а.с. вели богобојазливост е признавање и сполнување на должностите кон Аллах и должностите кон човештвото.

Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ако некој проба да направи список на должности кои треба да ги исполниме кон Аллах и човештвото, тој список станува бескраен. Кога некој се анализира самиот себе може да констатира дека во својата вистинска суштина не е можно некој вистински да ги извршува своите должности кон обожувањето кон Аллах џ.ш., нити да му се заблагодарува онолку колку што треба.

Истото се однесува и со должностите кон човештвото, во кои спаѓаат должностите кон родителите, соседите и општеството во целина.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече права богобојазливост е да се исполнат заклетвите кои сте ги дале кон Семоќниот Аллах до најситни детали и да ги исполнувате должностите кои Он ги дал на човештвото, а во исто време да му служите на човештвото. Дури тогаш може да се достигне вистинска богобојазливост.

Значи, Семоќниот Бог кажува дека месец дена пост е пропишан за да се воздржувате дури и од она што е дозволено во нормални околности, да може да го зголемите обожувањето и да посветите поголемо внимание во исполнување на должностите кон човештвото.

Дури тогаш човек може да достигне богобојазливост и тоа е самата цел на Рамазан. Да се пости во Рамазан на тој начин осигурува промените кои се донесени во овој месец нема да бидат привремени, туку ќе останат да се спроведуваат во текот на целиот живот. Желбите во овој свет нема да преовладаат над таквите луѓе, но нивното внимание секогаш ќе биде свртено кон Бог, и нема да се намалат правата на другите. Ако некој не влезе во месец Рамазан со вакви намери тој Рамазан нема да им биде од корист.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) наведе дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш рекол дека оној кој пости поради Аллах џ.ш., Аллах џ.ш. за него ќе направи оддалеченост од 70 годишни доба помеѓу него и огнот.

Значи, постот не воспоставува богобојазливост само за месец дена, туку воспоставува богобојазливост 70 години. Ако ја сфатиме вистинската цел на Рамазан може да се случат вистински промени за целиот живот.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече, замислете како би било убаво општеството кога луѓето би постеле во овој дух; општество во кое би се извршувале должностите кон Бог и должностите кон човештвото.

Исламот кажува дека не треба да бараме само за своја корист и своите права туку и за правата на другите.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека моменталната пандемија законски ги ограничува луѓето да останат дома. Пример за служење кон човештвото постави Ахмадија муслиманската заедница ширум светот, посебно организацијата Худамул Ахмадија (младината во заедницата) која дава помош на оние на кои помошта им е потребна.

Овој позитивен дух кој се појави не треба да биде ограничен во време на оваа ситуација, туку треба постојано да се одржува.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека многу луѓе му зборувале и пишувале овие денови кои се поврзани со моменталната ситуација. Тие му ја пренеле ситуацијата и промените кои се случиле во нивните куќи, клањањето намази во џемаатот, одржувањето на дарсови, заедничкото семејно гледање на хутби, и разни други програми на МТА телевизијата.

Ние треба да избереме корисни податоци од ваквите ситуации кои ни ги дал Аллах џ.ш.. Атмосферата која се случува во нашите домови, ако е позитивна, треба само да се подржува, наспроти случувањата во другите домови каде во склоп на семејствата се јавуваат немир и  нестрпливост.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) престави разни  пишувања и мисли на Ветениот Месија а.с. на тема на постигнување на вистинска Таква (богобојазливост).

Ветениот Месија а.с. објаснил дека вистинската богобојазливост е да се воздржиме од сите зла, што преставува дури и да не им се доближуваме. Значи, мора да ги подржиме нашите напори да бидеме внимателни во вакви случаи, и сето тоа да го дополниме со молитва. Поединечно, добриот труд или само молитва не се доволни, овие две работи мора да се прават заедно.

Таа иста филозофија е преставена на самиот почеток од Чесниот Кур’ан:

        „Ние единствено Тебе те обожуваме и единствено од Тебе     бараме помош.“

Значи, користејќи ги способностите кои Бог ни ги дал, човекот во сите работи мора да ги подржува, и после сето тоа да се моли на Бог дека сторил сè што можел и само Нему да му се обраќа за помош.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) наведе уште еден ајет од Чесниот Кур’ан:

        „А оние кои се трудат заради Нас, Ние сигурно ќе се упатиме кон   Нашите патишта. А навистина, Аллах е со оние кои чинат добро.“                                                                         

(29:70)

Ова значи дека треба да се трудиме и да вложуваме напори на Аллаховиот пат.

Потоа, наведе и друг ајет од Чесниот Кур’ан:

        „Молете ми се, а јас ќе одговарам на вашата молитва.“

(40:61)

Ова покажува дека покрај сите напори кои треба да ги направи заедно со нив да се користи и молитвата. Тоа е начинот на кој можеме да достигнеме богобојазливост. Таква (богобојазливост) ги разубавува нивните дела и им овозможува да го постигнат Аллаховото задоволство.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) наведе уште еден случај во кој Ветениот Месија а.с. рекол дека Таква (богобојазливост) донесува смрт на личноста. Личноста природно ја привлекуваат овоземските желби и благодати, додека плодовите на духовноста се скриени. Прво, мораме да постигнеме смрт на физичките желби, а тогаш скриените задоволства на духовноста ќе станат очигледни.

На тој начин Ветениот Месија а.с. ја повикал целата заедница да ја угаси својата љубов и потреба од овоземските желби и да работи на остварување на богобојазливост, онака како што децата вежбаат да научат да пишуваат. На почетокот тие пишуваат криво и неуредно, но продолжуваат да вежбаат и доаѓаат во ситуација нивното пишување да биде уредно и јасно.

Така би требало и ние да тежиме да се однесуваме кон унапредување на Таква (богобојазливоста). Кога Аллах џ.ш. види дека се вложува труд во остварување на таа цел, тој сето тоа го наградува. И, од таквото однесување нечии желби се намалуваат, како да фрламе вода на огнот. 

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) наведе уште една точка која е многу важна да се нагласи а тоа е единството во Заедницата. Членовите мора да се воздржуваат од несогласувања и кавги поради мали и неважни проблеми, кои од одредени причини можат да ескалираат и да доведат до отворени несогласувања и откривање на многуте взаемни недостатоци и мани.

Потоа, тој наведе дека корените за секое добро дело лежат во верувањето во Аллах џ.ш.. Ако нечија вера е слаба, и неговите дела ќе бидат слаби. Кога некој има цврста вера во Аллах џ.ш. тогаш неговите дела ќе бидат чисти и добри. Оној кој цврсто верува во Аллах џ.ш. не може да биде склон кон чинење на зла. Кога некој на Божјиот праг се поклони со потполна понизност и простодушност тогаш неговите молитви ќе бидат прифатени и ќе постигне богобојазливост.

Ова е нивото на богобојазливост на кое Ветениот Месија а.с. ни обрна внимание и кон тоа ние треба постојано да тежиме. Мора да се молиме на Аллах џ.ш. да го достигнеме ова ниво и да се молиме да ги исполниме очекувањата на Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) потоа зборуваше за ајетите во Чесниот Кур’ан кои на некои им дозволуваат да не постат во одредени околности, велејќи дека вистинската богобојазливост бара потполна послушност.

Значи, таму каде што постојат вистински причини овие одредби можат да се искористат, меѓутоа, не треба да постојат и постојано да се бараат изговори за да не се пости.  Тоа е прашање за кое човек треба да прифати фетва (одлука) за самиот себе.

Ветениот Месија а.с. вели дека оној кој се радува на доаѓањето на Рамазан и кој е среќен поради тоа, но поради одредени причини (болести) не може да пости, неговата намера сепак ќе биде прифатена од Аллах џ.ш..

Меѓутоа, постојат и такви кои наоѓаат изговори за кои мислат дека се доволно добри и аргументирани причини тие да не постат. Лесно е да се најдат секакви изговори. Но, Бог ги знае вистинските намери на секоја личност, Он е Зналец на Невидливото. Бог знае кој е искрен а кој само се прави дека е таков и со тоа верува дека постапува на правилен начин.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека овие денови луѓето прашуваат дали постот и понатаму е обврзен со оглед на моменталната ситуација во околности на зголемен ризик од болести. Хузур а.т.б.а. рече дека секој треба да ја анализира својата состојба и да донесе правилна сопствена одлука.

Рече дека во врска со таквите и слични прашања тој се консултирал со разни лекари ширум светот, а дека нивното мислење е поделено во размислувањата. Лекарите кажуваат дека не постојат конкретни докази кои би сугерирале дека постот ќе ја доведе личноста повеќе склона кон болести, меѓутоа, ако постојат индикации или симптоми на болест тогаш личноста треба веднаш да престане да пости.

Тој советуваше да се пие многу вода на сехур и ифтар, и ако е можно, јадете храна која помага да се задржи водата во организмот.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече да се молиме на Аллах џ.ш. за не предодреди да можеме да постиме и нека Аллах џ.ш. им овозможи на луѓето да можат да Го препознаваат.

Нека Аллах џ.ш. брзо ја искорени оваа пандемија и нека му подари милост на светот.

Нека Ахмади муслиманите ја исполнуваат својата должност кон Бог и човештвото и нека имаат корист од благодатите на Рамазан.

Хузур а.т.б.а. рече дека во вака затегнати околности се зголемува можноста за војни, бидејќи светските влади настојуваат вниманието на масите да го привлечат на разни начини и со разни средства кои предизвикуваат уште поголема штета. На крај, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) се молеше Аллах џ.ш. да им подари мудрост на владите во светот и тие да не донесуваат одлуки кои светот ќе го доведат до потполно уништување. Нека својата политика ја водат со мудрост, а нека Аллах џ.ш. им помогне на научниците кои работат на пронаоѓање на лек за оваа пандемија.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap