ВЕСТИ 

РАМАЗАН БАЈРАМ ОВАА ГОДИНА НЕКА БИДЕ ПРАЗНИК ЗА ОБНОВА НА ДУХОВНАТА СИЛА

Празникот на Фитер Бајрам како еден од најзначајните датуми во Исламскиот календар, го означува крајот на светиот месец Рамазан. Духот и патот на верникот е тесно поврзан со прочистување на душата и мислата преку молитви, храброста да му се спротивставува на злото, насилството, злоупотребата, нарушувањето и уништувањето на чистите вредности.

Во текот на овој месец, поминавте низ големи искушенија и предизвици оставајќи ги на страна сите лични потреби и суети, со цел приближување и возвишување кон семоќниот Господ. Иако годинава месецот Рамазан беше проследен преку бројни мерки и рестрикции како резултат на глобалната пандемија на Коронавирусот, вие пак достоиствено издржавте и ја исполнивте оваа годишна обврска која што во Исламот е една од главните столбови на верата.

Почитувани сограѓани, верници од Исламската вероисповед и припадници на Ахмадија Муслиманската Заедница, Ви го честитаме големиот празник Фитер Бајрам. Ви посакуваме овие празнични денови да ги поминете со вашите најблиски и најсакани, во мир, лубов, спокојство и меѓусебно разбирање.

Поврзани вести