ВЕСТИ Хутби 2018 

Примери на асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

По учењето на ташахуд, тау’за и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

„Ветениот Месија а.с. додека го спомнувал жртвувањето на асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., како и нивната положба и наклонетоста која Семоќниот Аллах им ја дал, во една прилика рекол:

’Хазрети Абу Бакр р.а. го жртвувал својот имот на патот на Возвишениот Аллах… Што Возвишениот Аллах му дал за возврат? Тој го направил крал на цела Арабија… Меѓутоа, кога еднаш ги напуштиле сите свои себични желби и цели и дошле на прагот на Возвишениот Аллах со празни раце и чисти срца, тогаш Аллах џ.ш. им подарил помош…, накратко, оние кои напуштиле сè поради Возвишениот Бог, Он им дал сè’.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Таквите луѓе не заминале додека не ја примиле повеќекратната награда од Семоќниот Бог во споредба со тоа што го жртвувале на Неговиот Пат. Возвишениот Бог никому не останува должен.“

Хазрети ‘Аббад бин Башар бил асхаб меѓу Ансарите (муслиманите на Медина). Тој во цветот на младоста бил убиен на околу триесет и пет годинишна возраст. Тој р.а. во раните утрински часови го учел Чесниот Кур‘ан, барајќи го Божјото задоволство. Поради еден свој сон хазрети ‘Аббад бил сигурен дека ќе ја достигне положба на шехид.

Хазрети Абу Са‘еед Кхудри пренесува:

„Хазрети ‘Аббад еднаш ми кажа: ’Во сонот видов како небото се расцепува на два дела и како јас влегувам во него, потоа се затвора и се враќа во својата почетна положба‘.“

Поради овој сон тој бил сигурен дека Возвишениот Аллах ќе му подари положба на шехид. Овој сон се исполнил во текот на битката на Јамама. Бил убиен додека храбро се борел.

Хазрети Абу Са‘еед вели дека по оваа битка неговото лице било непрепознатливо поради раните на него, а телото му го препознале по белезите кои ги имал.

Харам бин Милхан р.а бил исклучително се трудел да ги насочи младите да го учат Чесниот Кур‘ан и да служат Ахаб-Соффа (служење на сиромашни асхаби кои престојувале на софа). Тој бил одреден како водач на делегација на 70 цврсти другари кај племето Бани ‘Амир за да ги подучува на учењето на исламот откако тие од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. побарале да им прати луѓе со цел да проповедаат (пораката на исламот). Кога Харам бин Милхан и неговиот асхаб дошле кај овие луѓе, водачот на Бани ‘Амар покажал на еден човек кој зад грб со копје го нападнал Харам биб Милхан. Тој ја избришал крвта на своите раце и рекол:

„Жими  Бог, јас успеав! Жими Бог,  јас успеав.“

По ова и друг асхаб бил убиен по што и преостанатите седумдесеттина луѓе биле нападнати и освен неколку сите биле убиени. Додека биле убивани овие луѓе молеле:

„О Аллах! Прими ги нашите жртви и извести го Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за оваа наша возвишена состојба, бидејќи тука тоа не можеме да го направиме.“

Така, хазрети Џебраил му пренел на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. селам (поздрав на мирот) од страна на овие асхаби и го известил за нивната ситуација и убиство (дека тие биле шехиди). Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за случката ги известил своите асхаби. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил многу тажен поради нивното убиство. Триесет дена тој го молел Бог да ги казни овие племиња зборувајќи:

„Мој Аллах, Ти Лично ги казни оние кои се виновни за ова нечовечност.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Погледнете ја состојбата на почитуваните асхаби, нека Аллах биде задоволен со нив. Какви ѕверства им беа направени во Мека? Некои од нив беа заробени, мачени и казнувани на најразлични начини. Меѓутоа, што ги мотивирало да останат цврсто утврдени на вистината, дури и во текот на најголемите тешкотии? Токму тоа било нивното задоволство и вруток на среќа кои избивале од нивните гради поради нивната љубов кон вистината.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Нај макотрпните несреќи за верниците се направени лесно да ги преживеат. Вистина е дека знакот на вистинските верници е подготвеноста  за смртта. Само размислете за ова, ако немало радост во преживувањето на вакви искушенија како тогаш Пратениците а.с. толку долго време минувале низ такви тешкотии?“

Примерите на асхабите а.с. кои овде се спомнати покажуваат дека духовната моќ на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во нив втиснала таков дух што дури и во лицето на смртта биле подготвени да прогласат:

„Ние се колнеме во Богот на Каба дека успеавме.“

Хазрети Абдуллах бин Амр, кој бил асхаб меѓу Ансарите во текот на битката на Ухуд, рекол:

„Јас ќе бидам првиот шехид.“

Тој на својот син му кажал:

„Води грижа за своите сестри после мојата смрт.“

Исто така кажал:

„Јас земав заем од еден Евреин. Отплати му од приходот од градината со урми кога ќе заработиш.“

Ова било нивото на нивната љубов кон Аллах џ.ш., на богобојазливоста, чесноста и стандард за исполнување на правата на другите. Тој не се плашел за своите ќерки и за нивните права, наместо тоа, тој имал вера во Аллах џ.ш. и по ослонувањето на Него го советувал синот со зборовите:

„Ти сега ќе станеш глава на ова семејство, ќе ги исполниш овие обврски и ќе водиш сметка за своите сестри.“

Тој исто така бил загрижен за отплата на долгот кој го зел од Евреинот. (Тој рекол):

„Јас не очекувам ова да го отплатиш од твојот џеб. Всушност, тоа ќе биде отплатено од заработката која ќе ја земеш од градината со урми. Јас тебе не ти оставам никаков финансиски товар. Јас едноставно те известувам за мојата обврска. Јас те известувам за целосната исламска наредба, а тоа е да го отплатиш овој долг. Ти ќе го наследиш мојот имот само тогаш откако ќе отплатиш долгот.“

Што се однесува до љубовта кон жртвувањето, а кога се работи за убиството на Амр бин Јамух, било кажано дека тој одел со стап поради повреда на ногата и имал многу непријатности. Поради таа тешкотија неговиот син не му дозволил да учествува во битката кај Бедр. Кога неверниците марширале да се борат во битката на Ухуд тој на своите синови им кажал:

„Можете да правите што сакате но јас вас нема да ве послушам и сигурно ќе учествувам во битката.“

Затоа се сретнал со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и од него побарал:

„Моите синови не ми дозволуваат да учествувам во оваа битка поради проблемот со ногата. Меѓутоа, јас сакам да ви се придружам во оваа света битка (џихад).“

И потоа продолжил:

„Бога ми, јас сакам Семоќниот Аллах да ја исполни желбата на моето срце и да ми подари да бидам шехид. Јас ќе влезам во Џеннетот поради мојата повредена нога.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на тоа му одговорил:

„Џихад не е задолжителен поради оваа твојата повреда. Меѓутоа, ако тоа е твоја желба тогаш можеш да ни се придружиш.“

Неговата желба се исполнила и тој бил убиен во битката кај Ухуд.

Според тоа, овие луѓе напредувале во верата и во уверувањето. Земете го како пример било кој асхаб р.а. Тие биле подготвени да ги понудат своите животи искрено и верно.

Хазрети Абу Талха р.а. бил асхаб меѓу Ансарите и бил популарен поради својата способност во стрелаштвото. Тој покажал голема вештина во стрелаштвото во текот на битката кај Бедр. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. зборувал:

„Ставете стрели пред Абу Талха бидејќи тој бргу ќе ги искористи стрелите и ќе ги погоди целите.“

Тој исто така имал прилика да го штити Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на битката на Ухуд и хазрети Талха р.а. ја држел својата рака пред лицето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Кога некој е исполнет со уверување тогаш на почетокот тој сака својот имот да го потроши и кога таа желба расте тогаш таквата личност секогаш е подготвена да го даде својот живот. Ова уверување во нив постојано растело поради моќта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да ги исчисти.

Хазрети Убај бин Кааб бил изненаден и прашал:

„Дали Господарот на вселената ме спомнал по име и барал да ме подучуваш во Чесниот Кур‘ан? Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил:

’Да, Он те спомнал по име‘.“

Некогаш подоцна  некој го прашал Убај бин Мааба:

„Кога ова го слушна, дали се чувствуваше пресреќен?“

Тој одговорил:

„Ако Семоќниот Бог за некого кажал да биде среќен со Неговите благослови и неговата милост, зошто јас да не бидам пресреќен?“

Хазрети Убај бин Кааб бил добро упатен во Чесниот Кур‘ан. Во една прилика Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прашал – јас оваа случка еднаш во претходните хутби ја раскажав, пред едно две до три недели –

„Кој ајет од Чесниот Кур‘ан треба да биде прогласен за највозвишен?“

Тој одговорил:

„Ајатул Курси е ајетот кој може да биде прогласен за највозвишен.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил задоволен со тоа што го слушнал и рекол:

„О Убај! Нека Аллах го благослови твоето ниво на знаење.“

Со одобрение на хазрети Омер р.а. тој ги подучувал луѓето за Чесниот Кур‘ан и им го толкувал.

Ова биле асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои напредувале дотаму што достигнале највисока положба.

Што се однесува до асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во една прилика Ветениот Месија а.с. рекол:

„Ако човекот се замисли (за животот) на асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ќе открие дека тие биле едноставни луѓе. Токму како што чинијата е чиста после миењето, нивните срца биле исполнети со Божјата светлина и ослободени од секаква нечистотија на телесните желби. Во суштина, тие биле вистинско отелотворување на изреката:

(АРАПСКИ) „Оној кој се исчисти навистина напредува.“

Нека Семоќниот Аллах ни помогне вистински да ја разбереме положбата на асхабите и додека се однесуваме по нивниот пример, нека Аллах џ.ш. не вдахне да ја зголемиме својата верност и искреност.

Поврзани вести