ВЕСТИ Хутби 2020 

Претскажувањето за Ветениот син и реформатор

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

Дваесеттиот ден од месец февруари посебно се обележува во Ахмадија муслиманската заедница поради претскажувањето во врска со Муслех Мауд (Ветениот реформатор). Тоа не е прославување на неговиот роденден, ова е прослава за исполнување на големото претскажување за раѓањето на величествениот син, кое му било дадено на Ветениот Месија а.с. како знак на неговите противници.

Во денешната хутба ќе ги спомнам зборовите на хазрети Муслех Мауд р.а. во врска со ова претскажување.

Потоа, хазрети Халифа-тул Месих V ги прочита зборовите на претскажувањето кое му било дадено на Ветениот Месија а.с..

Ветениот Месија а.с. во врска со Ветениот Син вели:

„Радувај се, бидејќи ќе ти биде подарено згодно и чисто момче; без дамка ќе добиеш младина која ќе биде од твоето семе и од твоето потомство. Згодно и чисто момче доаѓа како твој гост. Се нарекува Емануел, и исто така Башир. Вдахновен е со духот на светлината и ослободен од секоја нечистотија. Тој е светлината на Аллах џ.ш.. Благословен е оној кој доаѓа од небото. Милоста која доаѓа со него ќе го прати. Величество, големина и богатство ќе го одликуваат. Тој ќе дојде на свет и ќе ги излекува неговите проблеми преку својот месијански квалитет и преку благословите на светиот дух. Тој е Аллаховата реч, и, поради Аллаховата милост и со честа опремена е Реч на Величество. Тој ќе биде исклучително интелигентен и разумен, и ќе биде со меко срце и исполнет со световно и духовно знаење.

Тој ќе претвори три во четири (не е јасно значењето на овие зборови). Понеделник е благословен понеделник. (Синот, радоста на срцето, со висок ранг, благороден). Манифестација со Првиот и Последниот, манифестација на Вистинитиот и Високиот; како Аллах да слегол од небото).

Неговото доаѓање ќе биде благословено и ќе биде извор на манифестација на Божјото Величество. Еве светлината доаѓа, пратена од Бог, со мирис на неговото задоволство. Ние ќе му го влееме нашиот Дух и тој ќе се засолни под Божјата сенка. Бргу ќе расте и ќе биде средство за ослободување на тие што се во ропство. Неговата слава ќе се прошири до крајот на земјата и луѓето преку него ќе бидат благословени. Ова е решено.“

Ветениот Месија а.с. четириесет дена молел осамен а потоа го примил претскажувањето на Возвишениот Аллах.

Хазрети Муслех Мауд р.а. објаснил дека претскажувањето за Ветениот син е посебно и е објавено во Хошиарпур после 40 дена молитва. Тие дови се случиле на врвот на противењето со кое се соочил Ветениот Месија а.с., откако потврдил дека е Ветениот Месија. Тој од Бога барал знак за да ја докаже својата вистинитост на неговите противници.

Преку надминување на човечките можности е да се предвиди дека ќе добие син, кој ќе биде здрав и способен и кој ќе живее долг живот. Овој знак морал да се исполни за време на животот на Ветениот Месија а.с. додека се молел за знак со кој  ќе ги увери противниците.

Хазрети Муслех Мауд р.а. наведува дека кога се родил 1889 година, многу од противниците сè уште биле живи и знакот го виделе со сопствени очи.

Пундит Лекхрам бил силен противник на Ветениот Месија а.с. и преку ова претскажување Семоќниот Аллах ја демонстрирал својата поддршка на Ветениот Месија а.с. против неговите противници.

Во 1944 година хазрети Муслех Мауд р.а. прогласил дека тој е Ветениот син. Во своето обраќање рекол дека се исполнети јасни и веродостојни докази за вистинитоста на Ветениот Месија а.с..

Хазрети Муслех Мауд р.а. објаснил дека бил слабо момче и лекарите биле загрижени дека боледува од туберкулоза, но и наспроти слабото здравје живеел многу долго, и во тоа се гледа сјаен доказ за исполнувањето на големото претскажување.

Хазрети Муслех Мауд р.а. објаснил дека бил премногу болен за постигнување на некакво значајно световно образование, но Семоќниот Аллах ги пратил Своите мелеки да му дадат такво знаење на Чесниот Кур‘ан што никој не можел да се спореди со него.

Хазрети Муслех Мауд р.а. тврдел дека му било судено да победи во мисијата на ширење на пораката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на Чесниот Кур‘ан ширум светот, како, и да овозможи исламот да превлада еднаш засекогаш над секоја лажна религија во светот. Оваа мисија нема да пропадне, колку и да е силен непријателот и колку и да е силен неговиот напад!

Ова не е вообичаена најава и како што спомнав, секој ден 52 години од Халифатот на хазрети Муслех Мауд р.а. е доказ на славата за ова претскажување.

Нека Семоќниот Аллах ни овозможи практично да ја шириме пораката на исламот во сите краишта на земјата, а не само да одаваме почест на Џалса на Муслех Мауд.

Накратко, би сакал да спомнам нешто во врска со постигнувањата на Муслех Мауд р.а..

Книги, предавања и говори на хазрети Муслех Мауд р.а. се објавуваат како повеќе наменски собир познат како Анвар-ул-Улуум. Моментално се објавени 26 книги Анвар-ул-Улуум кој вклучува вкупно 670 книги, предавања и говори. Слично на тоа, објавени се 39 книги Кхутбат-и-Махмуд кои ги вклучуваат сите хутби до 1959 година и вкупно има 2367 хутби. Постои 1071 страница Тафсир-и-Сагхир, а постојат и 10 книги Тафсир-и-Кабир кој содржи коментар на 59 сури од Чесниот Кур‘ан.

Необјавениот коментар на хазрети Муслех Мауд р.а. го работи истражувачки тим и е доставен на фондацијата Фазл-и-Умар.

Понатаму, се составува коментар на Чесниот Кур‘ан од говорите и записи на хазрети Муслех Мауд р.а..

Нека Возвишениот Аллах прати илјада благослови на хазрети Муслех Мауд р.а. и нека продолжи да го воздига  неговиот статус. Токму, како и синот на Ветениот Месија а.с. нека и ние всадиме страст во своите срца за ширење на исламот и секогаш да бидеме подготвени да му служиме на исламот.

После џума намаз ќе клањам џеназа во отсуство. Првата е за почитуваната мариам Елизабет сахиба. Таа е втора сопруга на малик Умар Ал Кхокхар сахиб Раеес Мултан кој е бивши емир на Мултан. Почина во 86-та година од животот во несреќа:

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.‘

Следната џеназа е за Ѓахид фарис кој почина на 12 години.

’Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.‘ Нека Возвишениот Аллах го воздигне неговиот статус, а исто така, нека подари трпение и сила на неговата мајка и на нејзините родители.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap