ВЕСТИ Хутби 2018 

ПРЕГЛЕД НА ЏАЛСА САЛАНА ВО ГЕРМАНИЈА И БЕЛГИЈА

По проучениот шехадет, тау’за и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Во последните неколку дена Возвишениот Аллах ни овозможи да присуствуваме на Џалса Салана во Германија и Белгија. Со Аллаховата помош и двата собири беа многу благословени.

Џалса Салана во Германија е веќе традиционална и на неа присуствуваат многу делегации од различни земји; во последно време доаѓаат и гости од африканските држави.

Џалса Салана во Белгија се одржа по подолго време, но тие се мала заедница. Организацијата на Џалса Салана и генералната атмосфера беа пофалени.

Додека присуствуваат на Џалса Салана гостите внимателно ги набљудуваат работниците, како и секој Ахмад, за да се уверат во нивното однесување. Ако учењето е добро но однесувањето на следбениците не е, таквото учење не може да има позитивно влијание. Така, на овој начин сите волонтери и учесници имаат удел во тивкиот Таблигх (тивко ширење на верата).

Таму каде што се одржува нашиот собир има влијание на локалните луѓе. Иѓтима (собир) на организацијата на Ахмадија муслиманската младина во Велика Британија започнува денес. По тој повод сакам младите да ги потсетам дека треба да остават убав впечаток на локалните луѓе. Нека Семоќниот Аллах го благослови овој собир и нека ни подари убаво време да не се грижиме, и затоа сакам да им се заблагодарам на сите волонтери на Џалса Салана во Германија и во Белгија.

Тие гостите ги служеа според своите можности. На ист начин, сите членови на Заедницата кои присуствуваа би требало исто така да им бидат благодарни на волонтерите. Волонтерите би требало да бидат благодарни на Возвишениот Аллах кој им дал прилика да служат. Тие би требало да се подготват за иднина и да размислат за грешките кои ги направиле, и  да изнајдат начин да ги поправат до следната година.

Сакам да дадам една напомена. Ова се случи во делот за мажи во текот на програмата кога се учеше ’Илахија‘ во врска со ’Моја куќа‘ или ’Куќа‘. Начинот на кој ова беше проучено е неточен. Организаторите на Џалса Салана секогаш треба да бидат внимателни и да обрнат внимание дека сите ’Илахии‘ во текот на Џалса Салана ги напишал Ветениот Месија а.с., или пак неговите Халифи.

Сега ќе позборувам за одредени коментари кои гостите ги упатија, од кои ние можеме да ги согледаме благословите на Џалса Салана и да забележиме дека тие не оставиле впечаток само на Ахмади муслиманите туку и на другите.

Еден од гостите ни дојде од Босна и тој не беше Ахмад. По Џалса Салана ме посети и ми кажа дека би сакал да ја прочита ’Барахиин-и-Ахмадијја‘ како и ’Тадхкирах‘.  Јас го посоветував наместо да ја чита ’Тадхикирах‘ дека би требало да ги прочита ’Филозофијата на учењето на исламот‘ и ’Повик во Ахмадијатот‘. Овие книги би му овозможиле поубаво согледување на Ахмадијатот, на карактерот на Ветениот Месија а.с., неговото знаење и мудроста, и помошта на Возвишениот Аллах кон него.

Халифа-тул Месих V раскажа за уште многу други коментари дадени од гостите од Босна.

Оваа година делегација од 56 луѓе од Бугарија присуствуваше на Џалса Салана во Германија од кои 31 не беа Ахмади, и тие исто така имаа средба со мене. На многумина од нив коментарите им беа насочени во врска со вредностите поврзани за почитта кон родителите и жените. Ова е лекција за мажите од која треба да научат дека жените не треба да се почитуваат само во текот на Џалса Салана, туку почит треба да се искажува според учењето кое ни го испратил Семоќниот Аллах, и кое секогаш треба да се наоѓа во нашите срца.

Еден муслиман, Мухаммад Јусуф, беше присутен на Џалса Салана. Тој кажа:

„За прв пат сум на Џалса Салана. Сите лаги кои ги слушав во врска со Џемаатот ги снема во атмосферата на Џалса Салана. Насекаде видов мир и го видов учењето на Чесниот Кур‘ан и Хадисите. Пораката ’Љубов секому, омраза никому‘ остави голем впечаток на мене. Мирот насекаде се ширеше. Во текот на Џалса Салана решив да го прифатам Ахмадијатот. Имав многу лични проблеми но со доаѓањето на Џалса Салана сите мои проблеми се решија сами од себе. Јас сега ќе ја ширам пораката на Џемаатот.“

Еден човек од делегацијата на Латвија го рече следното:

„За мене беше голема чест да присуствувам на Џалса Салана во Германија. Чувствувам дека ова е собир на луѓе кои цврсто се држат до својата вера, кои се задоволни, љубезни и мирољубиви.“

Еден Пакистанец, кој не е Ахмад и кој живее во Латвија, кажа дека ги имал истите сомнежи кои ги имаат и други муслимани од различни секти.

„Но по слушањето на говорите, моментот кога ја видов испишаната келимеа и по клањањето на намазите не видов никаква разлика. Навистина уживав  во говорите на Халифата, посебно во последниот негов говор. Сакам да ви се заблагодарам од длабочината на моето срце.“

Потоа, професор од Шри Ланка од Земјоделскиот факултет во Латвија кој беше присутен на Џалса Салана кажа:

„Оваа Џалса ми го даде учењето на вистинскиот ислам и ме освести во врска со другите секти. Таа ми ја покажа разлика помеѓу и Ахмадиите и другите секти. Најдобрата работа која ја научив е дека Ахмадија заедницата е полна со љубов и јас тоа навистина го почитувам.“

Ученичка од Латвија, која се вика Глорија, за прв пат присуствуваше на Џалса Салана, и воопшто на било кој муслимански собир. Таа вели.

„Навистина ми се допадна собирот, храната, пијалоците и сето останато. Луѓето беа многу културни и жените кои беа на должност секогаш не дочекуваа со насмевка.“

Жена која беше дојдена со делегација од Латвија, по име Анастасија, во врска со мојот говор кој го упатив на оние кои не се муслимани кажа:

„Навистина уживав. Сè што тој кажа е вистина.“

Потоа додаде:

„Јас отидов во машкиот дел да го слушам овој говор а останатото време бев во женскиот дел. Да седам во делот кај што се мажи ми беше срамно и се чувствував непријатно бидејќи немав марама на главата.“

Ова би требало да им помогне на девојките во самодовербата, токму како што таа кажа дека и било срам да не носи марама или да ја симне. Иако е христијанка, нејзе и беше срам да седи во делот за мажи и да не носи марама.

Адвокат од Косово рече:

„Да се види организацијата на Џалса Салана значи да се види работа од должноста и послушноста кон Халифатот. Сета оваа послушност е поради љубовта кон Халифата и Ахмадија заедницата.“

Професор по физика од Косово, господин Арбар, кажува:

„Беше зачудувачко како на едно место сите потреби беа задоволени. Исто така, бев во можност да го видам ’лангар‘ (кујна) и запознав еден работник кој во последните 22 години го лупи лукот и сите тие години користи еден ист нож. Ми кажа дека причина за тоа е дека тој истиот нож го користел и го држел во своја рака Халифа-тул Месих IV р.а..“

Ова оставило голем впечаток на него.

Делегацијата од Грузија се состоеше од 38 члена. Двајцата од нив беа бишопи, двајца Муфтии, еден Суни, еден Шија и останатите не беа Ахмади. Еден гост кој не беше Ахмад, а беше Имам на една џамија рече:

„Засекогаш ќе ми биде врежана реченицата дека нашата должност е да му помагаме на човештвото. Религијата на исламот е религија на мирот. Со доаѓањето овде го научив вистинското учење на исламот.“ Имаше многу слични коментари на гостите од Грузија.

Свештеник од протестантска црква од Унгарија исто така присуствуваше на Џалса Салана. Освен своите верски должности тој се занимава и со добротворна работа. Тој вели:

„Јас сум христијанин но со доаѓањето на вашата Џалса Салана почувствував нова духовност и се враќам освежен.“

Господин Авара од Унгарија, кој работи во одделението за емигранти, вели:

„Џалса Салана е слична на чувството кога некој ќе доживее нешто исклучително и остане запрепастен виденото, и од внатре целиот се тресе.“

Госпоѓа Елона, директор на финансискииот оддел во емигрантскиот камп вели:

„Џалса Салана е собир во кој станувате очистени од внатре и лесно се чувствувате.“

Од унгарската делегација тука беше и госпоѓа Вафа, докторка од Сирија, која силно се потресе од говорот кој го слушаше вториот ден во женскиот дел. Кога ја посети Медреса кажа дека дури и ајетот напишан на ѕидот е напишан на вистинското место.

Ајетот гласеше:

        „И земја ќе сјаи од светлината на нејзиниот Господар.“

Од Македонија беа присутни 83 луѓе и 50 од нив патуваа со автобус повеќе од 2000 километри, и преку 34 часа, само за да бидат на Џалса Салана. Останати пристигнаа со друг превоз. 21 од нив беа Ахмади, 29 муслимани не Ахмади и 14 христијани. Еден од гостите беше градоначалник на познат град, имаше 6 новинари од различни телевизиски канали кои ги снима случувањата во овие три дена.

Делегацијата од Литванија имаше 50 делегати од кои 40 беа не Ахмади и 10 Ахмади. Еден гост од Литванија кажа:

„Јас сум автор, Гаироон Маас, и дојдов да научам нешто повеќе за исламот. При моето доаѓање во срцето почувствував големо задоволство и сакам вам и на целата заедница да ви изразам искрени желби.“

Гост кој не беше Ахмад од Таџикистан, господин Рахим, политичар, кажа:

„Јас засекогаш ќе го сочувам сеќавањето на оваа Џалса Салана и состанокот со Халифата.“

Еден професор од универзитетот во Таџикистан рече:

„За прв пат сум овде и вакво гостопримство и полна соработка не сум доживеал до сега. Ахмадија муслиманската заедница овде ужива полна слобода и говорот на Халифата е вистинско решение за проблемите денес.“

Градоначалникот од Мбоур, голем град во Сенегал, исто така беше присутен. Тој присуствуваше како претставник на Халифата на една голема секта во Сенегал, наречена Муриид. Тој ми даде подарок на подиумот. Тој кажа:

„Иако земав баи‘ат од мојот Халифа јас никогаш немав такво чувство на баи‘ат какво што доживеав овде.“

На третиот ден од Џалса Салана се случи церемонија на давање баи‘ат и имаше 42 личности кои за прав пат учествуваа во давање баи‘ат и во прифаќањето на Заедницата.

Многу медиуми беа присутни и пораката на исламот и на Ахмадијатот се испрати до 62 857 милиони луѓе. Преку МТА пораката стаса и до Африка, разни канали ја пренесуваа програмата на Џалса Салана.  ’Преглед на религии‘ (Review of Religions)  започна програма на интернет и гледаноста достигна 2 милиони луѓе, поточно 1.98 милиони. Многу коментари стасаа до луѓето и многу репортажи беа објавени од страна на медиумите, а со тоа се објавени многу детали за вистинскиот ислам. Нека Семоќниот Аллах направи овој позитивен впечаток да трае засекогаш.

По џума намаз јас ќе клањам неколку џенази во отсуство.

Прва џеназа се однесува за господин Сејид Хаснат Ахмад од Канада. Тој починал на 27 август во 92-та година од животот.

Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Бил искрен и лојален член, кој имал голема љубов за Заедницата. Тој бил Муси (давал 10% од својата заработка). Во 1982 година тој имал емисија во врска со Џемаатот на канадска телевизија Роџерс (Rogers) и не земал пари за тоа. Така, за прв пат во светот на 12 декември 1982 година сликата на Ветениот Месија а.с. како и на Халифатот и на Ахмадија заедницата биле објавени на канадска телевизија.

Тој исто така напишал вовед во книгите на Ветениот Месија а.с. и ги собрал, што е големо научно достигнување.

Нека Семоќниот Аллах го воздигне неговиот статус и нека ги излие Неговата милост и проштевање.

Втората џеназа се однесува за госпоѓата Мубариках Шаукат која е сопруга на господин Хафиза Кудратуллах, минатиот мисионер во Холандија и Индонезија. Таа почина на 8 септември во 94-та година од животот.

Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Таа била многу побожна личност која клањала и се молела. Била редовна ко клањањето на тахаџуд и ревносно и служела на верата. Имала силна врска со Халифатот. Со господинот Хафиз и останатите членови била благословена со подарување на пари за печатењето на Чесниот Кур’ан на Кетала јазикот. Исто така, биле благословени да ги платат трошоците за Џамија во Индонезија.

Третата џеназа се однесува за господин Чаудхри Кхалид Саифуллах кој бил заменик на Амир во Џемаатот на Австралија. Починал на 16 септември во 87-та година од животот.

Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Бил лојален и послушен на Халифатот. Служел многу и имал добар живот. Бил школуван и често пишувал колумни во магазините и весниците во Џемаатот. Како и да е бил едноставен, секогаш со насмевка на лицето и имал пријатно однесување. Нека Возвишениот Аллах го воздигне неговиот статус и нека му подари Неговото проштавање.

Поврзани вести