Хуманитарни акции во Македонија 

ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ, ПОДЕЛЕНИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ВО ПЕХЧЕВО

Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, организацијата Ахмадија Муслимански Џемаат во Македонија додели хуманитарни пакети по повод празникот Рамазан Бајрам. Беа поделени 600 пакети со храна во Берово, Пехчево, Виница, Кочани и Куманово.

Мисионерот Васим Ахмад во Пехчево, истакна дека вакви хуманитарни пакети, организацијата дели за двата големи муслимански празници.

– Пораката е Рамазан Бајрам да ни донесе среќа и бериќет на сите. Со таа цел денес беа поделени хуманитарни пакети на социјално загрозените лица во Пехчево, но исто така беа извршени и лекарски прегледи на дел од населението и на оние на кои им е потребно беше донирана помош во лекови – рече Васим Ахмад.

Како муслимани, додаде, имаме два празника, едниот е Рамазански Бајрам, другиот е Курбан Бајрам.

– По месецот на постот, ние го славиме Рамазан Бајрам. Пакетите ги делиме меѓу граѓаните и не правиме никаква разлика дали се муслимани или христијани, на сите ние помагаме, сите се создадени од Бога. На секаде во светот делиме вакви пакети, кога е Курбан Бајрам делиме пакети со месо, рече Васим Ахмад мисионер на Ахмадија Муслимански Џемаат во Македонија.

Поврзани вести