ВЕСТИ 

ПОСЛЕДНИ ПРОВЕРКИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЏАЛСА САЛАНА 2019 ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Хазрети Мирза Масроор Ахмад изврши увид во подготовките во Алтон, Хаслерере и Тилфорд.

Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад изврши инспекција за аранжманите на 53. Годишна конвенција (Џалса Салана) на Ахмадија Муслиманската Заедница, во Велика Британија, во недела, 28 јули 2019 година.

За време на увидот, Хазрети Мирза Масроор Ахмад ги посети различните оддели кои имаат задача да го организираат и одржуваат тридневниот настан. Неговата Светост беше запознаен со аранжманите додека вршеше увид на гостите и даде насоки за да се обезбеди удобност и благосостојба на сите учесници.

Подоцна, Неговата Светост директно им се обрати повеќе од 5.000 доброволци и ги советуваше да ги извршуваат своите должности со трудољубивост и да бидат редовни во молитвата.

Неговата Светост ги пофали волонтерите и рече дека тие стекнале високо ниво на стручност во однос на нивните должности и одговорности. Сепак, тој ги советуваше дека тие треба да останат смирени, постојано да се обидат да ја подобрат својата работа, а притоа да се посветат на молитва кон Аллах Семоќниот.

Претходно, Неговата Светост изврши увид во аранжманите на Џалса Салана направени во комплексот Исламабад во Тилфорд и во просториите на џамија Ахмадија во Велика Британија во Хаслемере. Два дена порано, Неговата Светост исто така изврши преглед на аранжманите на Џалса Салана во џамијата Баитул Футух во Морден.

Џалса Салана ќе започне во петок попладне кога Неговата Светост ќе го изнесе својот говор за „Петочна проповед“ на настанот. Потоа, Неговата Светост ќе одржи уште 4 говори за време на викендот.

Во недела, илјадници Ахмади муслимани ќе преземат залог за верност, познат како Баит, на раката на Халифата.

Целата постапка ќе биде емитувана и пренесувана во живо низ целиот свет на МТА Интернационал.

Поврзани вести