ВЕСТИ 

ПОСЛЕДНА ИНСПЕКЦИЈА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЏАЛСА САЛАНА 2018 ГОДИНА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Хазрети Мирза Масроор Ахмад ги проверува подготовките во Алтон, Хаслеме и Морден

Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад, во неделата, 29 јули 2018 година, изврши проверка за почетокот на 52-та годишна конвенција (Џалса Салана) на Ахмадија Муслиманската Заедница во Обединетото Кралство.

За време на инспекцијата, Хазрети Мирза Масроор Ахмад ги посети различните оддели кои се задолжени за организирање и одржување на тридневниот настан. Неговата Светост беше информиран за аранжманите додека го прегледуваше местото.

Подоцна, Неговата Светост директно им се обрати на повеќе од 5.000 доброволци и фи советуваше да ги извршуваат своите должности со трудољубивост и да бидат редовни во молитвата. Неговата Светост ги советуваше да бидат пријателски и топло расположени во секое време и исто така ја потврди важноста да се осигура дека никој од локалното население во Алтон, каде што се одржува Џалса Салана, или оние што живеат во близина на џамијата Фазл во Лондон, нема да имаат ниту една поплака од Ахмади муслиманите.

Неговата Светост спомна дека неколку соседи во областа на Фазал џамија се пожалиле дека Ахмади муслиманите делумно ги блокирале патиштата при посетата на Џамијата.

Неговата Светост рече дека е сосема погрешно да се предизвика било каква непријатност кон соседите и таквите поплаки се покажаа како извор на голема непријатност кон него лично.

Завршувајќи го своето обраќање повторувајќи ја важноста на молитвата и обожавањето на Семоќниот Бог, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Во текот на овие денови е од суштинско значење да останеме фокусирани на молитвата, бидејќи целиот наш успех се заснова на молитва. Нашите задачи и нашата мисија можат да се исполнат само преку милоста на Аллах. Аллах да му овозможи на секој волонтер да ги исполни своите должности на најдобар можен начин.”

Џалса Салана ќе започне во петокот попладне, кога Неговата Светост ќе ја достави својата неделна петочна проповед на настанот. Потоа, Неговата Светост ќе одржи уште 4 говори во текот на викендот.

Во неделата, илјадници Ахмади муслимани ќе земат заложба за верност, позната како Баиат, од раката на Халифата.

Целата постапка ќе се емитува и ќе биде прикажана во живо низ целиот свет на MTA International..

Поврзани вести