ВЕСТИ Хуманитарни акции во Македонија 

ПОРАКАТА НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА ИСПРАТЕНА НА СРЕДБАТА ВО КУМАНОВО

Како локален мисионер на Ахмадија Џемаат во Македонија, Васим Ахмад ја искористи можноста за ширење на пораката на Ахмадија во Македонија. На 22.01.2019 година, беше искористена можноста за присуство на г-дин Абдулах Вагусхаузер , мисионер на Ахмадија Заедницата во Германија, кој допатува од Косово за да учествува на церемонијата на доделување на специјално комбе кое го донираше „Humanity First” Германија за општина Куманово.

Преку членови на Ахмадија Заедницата во Македонија, д-р Орхан и г-дин Рамадан, беа поканети повеќе верници на состанок кој беше организиран во 16.00 часот во салата на еден локален ресторан. На настанот присуствуваа околу 100 учесници.

Состанокот започна со рецитирање на Светиот Куран, а прв на гостите се обрати градоначалникот на Куманово кој заедно со претставник на локалната самоуправа дојде да присуствува на состанокот. Инаку градоначалникот исто така беше гостин и на Џалса Салана 2018 која се оддржа во Германија. Во својот краток говор тој ги поздрави мировните напори што ги направи духовниот водач на заедницата. Исто така тој истакна дека многу ги цени напорите на „Humanity First” за обезбедување на секаков вид на помош.

Втор гостинот од Германија кој детално ги објасни верувањето на Ахмадија Заедницата и го привлече вниманието на учесниците да ги испитаат учењата на Ахмадија.
Г-дин Абдула Вагишаусер, главен мисионер на Ахмадија Заеднициата во Германија во својот говор спокојно ја објасни моменталната охрабрувачка ситуација на младите во Ахмадија Заедницата, која во споредба со другите муслимански групи се многу активни во верските активности. Тој, исто така, изјави дека, и покрај тоа што имаат многу мал број членови (само 50 илјади од 5 милиони муслимани кои живеат во Германија), Ахмадија Заедницата изгради 50 пратечки џамии, а во цела Германија има 150 џамии. Лојалноста на земјата во која некој живее исто така беше нагласена од шефот на Ахмадија Заедницата во Германија.


На крајот на состанокот учесниците беа послужени со вечера. Речиси сите учесници ги ценеа сите говори и ги поздравија напорите на Ахмадија Муслманската Заедница во Македонија да ја шират вистинската порака за исламот.

Поврзани вести