ВЕСТИ Хуманитарни акции во Македонија 

ПОДЕЛЕНИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ВО с. ЦРНИК, ПЕХЧЕВО

Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, организацијата Ахмадија Муслимански Џемаат во Македонија подели хуманитарни пакети по повод празникот Рамазан Бајрам. Беа поделени 450 пакети со храна во Берово, Пехчево и селото Црник, како и во Виница и Кочани.

– По месецот на постот, ние го славиме Рамазан Бајрам. Пакетите ги делиме меѓу граѓаните и не правиме никаква разлика дали се муслимани или христијани, на сите ние помагаме, сите се создадени од Бога. На секаде во светот делиме вакви пакети, кога е Курбан Бајрам делиме пакети со месо, рече Васим Ахмад мисионер на Ахмадија Муслимански Џемаат во Македонија.

Поврзани вести