ВЕСТИ Хутби 2020 

Патиштата кон Аллах – Финансиско жртвување – Вакф-е-Џадид 2020

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

Во својот магнум опус „Филозофија на учењето на исламот“ Ветениот Месија а.с. спомна осум начини на пронаоѓање и препознавање на Семоќниот Аллах и зајакнување на верата во него. Тие средства се потребни и за исполнување на целта за човечкото создавање.

За тие средства Ветениот месија а.с. вели:

„Петто средство за постигнување на животната цел која Семоќниот Аллах ја одредил за истрајност на Неговиот пат е:

’Треба да го бараме Аллах џ.ш. трошејќи го нашиот имот на Неговиот пат и користејќи ги сите наши способности за да ја прошириме Неговата вера…’

или, како што се вели:

’Трудете се на Неговиот пат со своето богатство, со своите животи и со сите свои способности, без оглед на тоа што Ние ви подаривме како што се интелигенција, знаење, разбирање и уметност на Нашиот пат.’ 

Секако, ги упатуваме на Нашиот пат оние кои тежнеат за Нас.“

Потоа, Ветениот Месија а.с. во една прилика рекол:

„Не е можно да сакате богатство и да го сакате Аллах џ.ш.. Можете да сакате само една од овие две работи. Среќен е оној кој го сака Аллах џ.ш.. Ако некој од вас го сака и своето богатство го троши за Негови цели, сигурен сум дека неговото лично богатство ќе се зголеми повеќе отколку кај другите.“

Ветениот Месија а.с. понатаму кажува:

„Треба секој член, секој поединец од нашата Заедница да вети дека редовно ќе дава одредена сума за членарина. Секое ветување кон Возвишениот Аллах кое се исполнува Аллах џ.ш. за возврат ќе го благослови неговиот имот.“

Со Аллаховата милост постојат стотици илјади искрени членови на нашата Заедница, кои тежат кон тоа да ја зголемат финансиската жртва како би ја добиле љубовта од Возвишениот Аллах. За финансиско жртвување на оние кои имаат средства не им преставува проблем, но постојат и приказни кои ќе ви ги разнежат срцата од оние кои се сиромашни и кои сè уште гладуваат како би можеле да го дадат својот придонес во составот на финансиските придонеси на Џемаатот.

Личноста просто се воодушевува од ваквите жртвувања. Возвишениот Аллах го благословил Ветениот Месија а.с. со вакви поединци, кои секогаш се спремни да направат секаква жртва како би ја стекнале Аллаховата љубов.

Денес ќе најавам нова година на Вакф-е-Џадид, а овие примери ќе бидат тесно поврзани со активностите за Вакф-е-Џадид.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) наведе бројни примери и случаи за тоа како луѓето чинат сè за да бидат во состојба да дадат паричен придонес во цел на верата: ги продавале своите семејни драгоцености, некои други својот имот – семето за жетвата за следната година и мала канта царевка – ги продавале и давале од тоа придонес за да го стекнат задоволството на Семоќниот Аллах.  

Оние кои давале вакви жртви виделе дека жетвата во наредната година двојно се зголемувала, на други нивните работи им донеле неверојатни профити и сите го доживеале тоа да кога му ја дадат единствената храна на Аллаховиот пат добиваат многу повеќе од она што го дале.

Оние кои ги дале парите кои биле наменети за лечење преку чудо добиле медицинска помош од своите работодавци, оние кои ди дале последните пари за да купат храна примиле пари на чудотворни извори а оние кои давале членарина преку намалување на деловните трошоци имале толку локали што морале да ги одбиваат луѓето.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) даде пример за една сиромашна личност која ветила дека нема да пие преку ден чај и дека парите кои ќе ги заштеди од тоа ќе ги даде за членарина.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) нагласи дека и малиот износ кој е даден со искреност Возвишениот Аллах ќе го прифати на таков начин што Он тоа ќе го возврати повеќекратно и тоа дополнително ќе стане средство да се стекне близината на Возвишениот Аллах  и да се засили нивната вера во Него.

Овие начини на добивање приходи од неочекувани извори не се чиста случајност. На тој начин Семоќниот Аллах се однесува кон оние кои веруваат во Него за да ја засили нивната вера, и воедно да послужи како доказ за вистинитоста на Ветениот Месија а.с..

Според хадисот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. луѓето кои се жртвуваат на Аллаховиот пат се оние кои се сметаат достојни да им завидуваме.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) потоа го најави почетокот на новата година за Вакф-е-Џадид. Со милоста на Семоќниот Аллах 62-та година се завршува на 31 декември 2019 година. Во текот на годината членовите на Џемаатот собрале вкупно 9.643 милиони фунти, што преставува зголемување за 500.000 фунти во однос на претходната година.

Што се однесува на вкупниот придонес на прво место се наоѓа Велика Британија а потоа следуваат Пакистан, Германија, Соединетите Американски Држави, Канада, Индија, Австралија Индонезија и два Џемаат на Блискиот исток.

Според вкупниот придонес во земјите од Африка редоследот е следен:

1. Гана,

2. Нигерија,

3. Буркина Фасо,

4. Танзанија,

5. Бенин,

6. Гамбија,

7. Кенија,

8. Мали,

9. Сиера Леоне,

10 Конго-Киншаса.

Со милоста на Семоќниот Аллах вкупниот број на членови кои дале придонес во Вакф-е-Џадид бил 1.821.000 што преставува зголемување во однос на претходната година за 89.000 членови на Џемаатот.

Земји кои напредувале во однос на членовите кои дале придонес се Камерун, Сенегал, Сиера Леоне, Нигерија, Буркина Фасо, Индонезија и понатаму следуваат и други Џемаати.

Во Велика Британија редоследот на Џемаатите според придонесите е следниот:

1. Исламабад,

2. Алдерсхот,

3. Ворчестер парк,

4. Бирмингем Југ,

5. Мајсид Фазл,

6. Путнеј,

7. Гиллингхам,

8. Њу Малден,

9. Бирмингем Запад,

10. Хоунслоу Север.

Први пет региони се регионот Баитул Футух, Мајсид Фазл, Мидландс, Исламабад и регионот Баитул Ихсан.

Први десет Џемаати за Дафтар Атфал се следните:

1. Алдерсхот,

2. Роехамптон,

3. Питнеј,

4. Исламабад,

5. Митсхам Парк,

6. Цхеам,

7. Леамингтон спа,

8. Ворчестер Парк,

9. Рајнес Парк,

10. Сурбитон.

Џемаатите во Пакистан според придонесите од возрасните се по следниот редослед:

1. Лахор,

2. Рабва,

3. Карачи.

Пакистанската валута значајно девалвирала во последно време и поради тоа Пакистан не се наоѓа на прво место според придонесите. Да останела пакистанската валута на ниво на претходната година тие повторно би се наоѓале на првото место и со оглед на тоа може да се каже дека придонесите во Велика Британија не се многу подобрени како што моментално изгледа ситуацијата.

Редоследот на окрузите според придонесите кои се однесуваат за возрасните е следниот: Исламабад, Сиалкот, Равалпинди, Гујранвала, Мултан, Умеркот, Худерабад, Дера Гхази Кхан, Мирпур Кхас и Песхавар.

Први десет Џемаати според вкупниот придонес се следните: Исламабад, град Лахоре, одбрана Лахоре, Дарул Зикр Лахоре, Гулсхам Икбал Карачи, Самана Багх Лахоре, Равалпинди, Азизабад Карачи, Гулсхам Јами Карачи и Делхи Гате Лахоре. Иако се соочени со многу потешкотии, сепак, со Аллаховата милост луѓето таму даваат големи жртви.

Три големи Џемаати во однос на Дафтар Атфал се следните:

1. Лахоре,

2. Карачи,

3. Рабва,

а според ситуацијата во регионите редоследот е следниот:

1. Сиалкот,

2. Гујранвала,

3. Саргодха,

4. Худерабад,

5. Дера Гхази Кхам,

6. Схеикхупура,

7. Мирпур Кхаас,

8. Умеркот,

9. Окара,

10. Песхавар.

Според вкупниот придонес првите пет локални Џемаати во Германија го имаат следниот редослед:

1. Хамбург,

2. Франкфурт,

3. Диетзенбацх,

4. Гросс-Герау,

5. Виесбаден.

Редоследот на регионите според придонесите кои се однесуваат за возрасните е следниот: Неусс, Родермарк, Ниеда, Махди-Абад, Флорсхеим, Фриедбург, Ланген, Кобленц, Ханау, Пиннеберг.

Први пет региони за Дафтар Атфал се следните:

1. Хессе Суд Ост,

2. Хессен Митте,

3. Товинц,

4. Соутх Рхеин,

5. Ландкорц.

Што се однесува до исправноста на изговарање на имињата на регионите можеби германците треба да ги корегираат бидејќи овој извештај е напишан на урду јазик.

Први десет Џемаати во Соединетите Американски Држави редоследот според вкупните придонеси е следниот:

1. Мериленд,

2. Силиконска Долина,

3. Лос Ангелес,

4. Хјустон,

5. Централна Вирџинија,

6. Сиетл,

7. Детроит,

8. Јужна Вирџинија,

9. Чикаго,

10. Северна Вирџинија.

Редоследот на региони во Канада според вкупните придонеси е следниот:

1. Ваугхам,

2. Калгари,

3. Пеаце Вилиџ,

4. Ванкувер,

5. Миссиссауга.

Редоследот на големите Џемаати во Канада е следниот:

1. Дурхам,

2. Брадфорд,

3. Едмонтон,

4. Вест,

5. Милтон Вест,

6. планината Хамилтон,

7. Отава Исток,

8. Аиредрие,

9. Виннипег,

10. Абботсфорд.

Пет угледни Џемаати за Дафтар Атфала се следните:

1. Ваугхам

2. Калгари,

3. Пеаце Вилиџ,

4. Вестерн,

5. Брамптон Вест.

Пет значајни Џемаати за Дафтар Атфала се следните:

1. Дурхам,

2. Брадфорд,

3. Милтон Вест,

4. Аирдие,

5. планината Хамилтон.

Редоследот на провинциите во Индија се следните:

1. Керала,

2. Јамму Кашмир, и покрај тешките околности во кои се наоѓаат таму,

3. Карнатака,

4. Тамил Наду,

5. Телангана,

6. Одисеја,

7. Пенџаб,

8. Западен Бенгал,

9. Делхи,

10 Уттар Прадесх.

Редоследот на Џемаатите според придонесите е следниот: Патхапиријам, Кадијана, Худерабад, Каликут, Бангалоре, Куобатор, Колката, Карулаи и Пенгади.

Редоследот на првите десет Џемаати во Австралија е следниот:

1. Мелбурн Лонг Варрен,

2. Кастле Хилл,

3. Мелбурн Бервик,

4. Марсден Парк,

5. Аделаида Соутх,

6. МТ Друитт,

7. Пентритх,

8. Блацк Товн,

9. Канбера,

10 Перт.

Редоследот на Џемаати според Дафтар Атфалла е следниот:

1. Мелбурн Лонг Варрен,

2. Аделаида Соутх,

3. Мелбурен Бервик,

4. МТ Друитт,

5. Пентритх,

6. Логан Еаст,

7. Перт,

8. Марсден парк,

9. Кастле Хилл,

10. Логан Вест.

Џемаатите во Австралија според придонесите од возрасните се според следниот редослед:

1. Кастле Кастле,

2. Мелбурн Лонг Варрен,

3. Марсден Парк,

4. Мелбурн Бервик,

5. МТ Друитт,

6. Блацк Товн,

7. Аделаида Соутх,

8. Пенритх,

9. Канбера,

10. Перт.

Австралија моментално ја загрозуваат пожари кои предизвикуваат огромни штети, нека Аллах им се смилува и нека луѓето од Австралија го препознаат својот Создател.

И покрај сето тоа, Ахмади муслиманите положуваат големи жртви. Нека Семоќниот Аллах го благослови богатството и потомството на сите, ширум светот, кои се жртвувале.

Како што спомнав претходно, економската ситуација во Пакистан се влошува поради што довело до значајно девалвирање на нивната валута. Поради тоа тие заостануваат на листата според придонесите за оваа година. И покрај сето тоа, ти не ги намалиле своите залагања и жртвувања. Всушност, и политичката ситуација во Пакистан е нестабилна што секако влијае на економската ситуација.

Понатаму, во тој регион се зголемуваат тензиите помеѓу Иднија и Пакистан. Во контекст на таквата ситуација, ова наликува на тоа како самиот свет да се повикува на свое сопствено уништување.

Слично на тоа, и на Блискиот Исток се зголемуваат тензиите и нередите. Постои голема можност за избувнување на војна помеѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран. Помеѓу муслиманските земји не постои единство.

Поради сето тоа ние мора искрено да се молиме да го спасиме светот од катастрофа и човештвото да се сврти кон Семоќниот Аллах.

Нека Семоќниот Аллах ги  распространи Неговите благослови и нека ни подари мудрост и разбирање.

Со влегувањето во новата година облаците на бурата и понатаму се собираат. Значи, за да оваа година ја направиме да биде благословена треба да му се молиме на Семоќниот Аллах Он да  ги запре владите кои само сакаат да ја покажат своја супериорност над другите и светот да го одведат во пропаст.

Нека овие влади не го уништуваат човештвото поради своето его следејќи ги своите настрани интереси. Нека Семоќниот Аллах им подари мудрост. Овој вистински новогодишен поздрав им поставува голема одговорност на секој Ахмади муслиман, маж, жена или дете, и мора сите заедно да ги искористиме своите сили и способности, и да настојуваме сето ова да го постигнеме. Преку нашите молитви мора да воспоставиме посебен однос со Семоќниот Аллах и тогаш можеме да добиваме благодати оваа година. Нека Семоќниот Аллах ова ни го овозможи.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap