ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА

Ахмади муслиманите веруваат дека нивниот Халифат е продолжение на Исправно водениот Халифат (на првите четири наследници на Мухаммед). До неговото повторно воспоставување дошло со појавата на Мирза Гулам Ахмад за кого Ахмади муслиманите веруваат дека е Ветениот Месија и Мехди. Ахмади муслиманите тврдат, согласно на ајетите од Чесниот Кур’ан (24:25) и бројните хадиси, дека Халифатот (Khilāfahkalifat)  може да го втемели само Бог и дека тој е божествен благослов на оние кои веруваат и делуваат праведно и го заговараат Божјото Единство. Според тоа, секој обид на воспоставување на халифат втемелен на чисто човечки напори е осуден на пропаст, посебно кога човечката ситуација не е соодветна на правилата на пророштвото и луѓето затоа се разединети, а нивната неспособност за избор на халифа суштински е предизвикана од недостаток на праведност во самите нив. Се верува дека Бог со помош на соништа, визии и духовно водство во срцата и во умовите на верниците влева одлука за тоа кого треба да изберат. Не е дозволена никаква кампања, говор ниту било какви други спекулации. Според тоа, Халифата не е нужно избран според способностите (т.е. соодветен или способен во очите на народот) ниту со обичен избор, туку е најнапред одбран од Бог.

Според Ахмади мислата, не е нужно Халифата да биде челник на државата, туку се нагласува духовниот и религискиот значај на Халифатот. Тоа е, пред сè, религиска служба со цел за зачувување, засилување и ширење на исламските учења како и за одржување на високите духовни и морални стандарди внатре во глобалната заедница која ја втемелил Мухаммед. Доколку се случи Халифа да биде на чело на државата, тоа е од споредна и помошна важност во однос на неговата главна функција на Халифа. Ахмади муслиманите Халифата уште го ословуваат и со Амир ал-Му‘мин (водач на верниците). Актуелни и петти Халифа е Мирза Масроор Ахмад.