ВЕСТИ Хутби 2018 

ОДЛИЧЕН ПРИМЕР – МУХАММЕД С.А.В.С.

По учењето на шехадет, тaуза и бисмилла, и сура Ал-Фатиха Хазрети Емурул Му‘минин Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов Помошник) речe:

„Дванаесеттиот Рабиул-еввел е ден кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е роден. Го нарекувале ламба, која зрачи силно светло и целиот свет го осветлува со духовна светлина.

Затоа, Возвишениот Аллах рекол:

        „А Ние тебе не те пративме освен како милост на сите светови.“                                                                                    (21:108)

Неговото учење е милост за сите светови сè до Судниот ден. Возвишениот Аллах на своите следбеници им кажал дека овој Аллахов Пратеник е одличен модел за нив, како што Он и кажал:

        „Навистина, во Пратеникот е убав пример, за оној кој се надева    во Аллах и во Судниот ден, и за оној кој Аллах многу го    спомнува.“                                                                   (32:22)

Нашиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ни покажал начини како да ја воспоставиме Единственоста на Бог, обожавањето, исклучителниот морал и сето тоа исполнувајќи ги правата на човештвото. Како и да е, однесувањето на повеќето муслимани е спротивно на неговиот пример.

На дванаесеттиот Рабиул-еввел, наместо да ја шират пораката на милоста и на неговите квалитети, муслиманскиот свет се бори меѓу себе и се наоѓа во неред и хаос. Состојбата во Пакистан е толку лоша што и мобилната телефонија во поедини градови била исклучена, а на улиците имало голем број на полиција. Секојдневно ги навредуваат Ахмади муслиманите зборувајќи вулгарности во името на нашиот сакан Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и што е најлошо, токму на овој ден тие навредуваат со сè поголем интензитет. Според нивното мислење тие сметаат дека на тој начин го зголемуваат угледот и честа на овој величествен пратеник.

Опсади и блокади доведуваат до нарушување на нормалното секојдневие, нема пристап до училиштата, болниците, продавниците и сето тоа предизвикува милионски загуби во економијата, како и загуба на љубовта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кој на своите следбеници им кажал да го избегнуваат седењето и лутањето по улици, а, ако тоа е неопходно тогаш да се потрудат да не предизвикуваат проблеми, да шират мир, да го спуштат својот поглед, да промовираат добри дела и да ги одвраќаат другите од правење на лоши дела.

Но, овие кои самите себе си се нарекуваат бранители на верата сметаат дека имаат право секого да го нарекуваат неверник или верник по своја желба. Не постои ништо заедничко со учењето и со примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и овие луѓе можат да продолжат да прават што сакаат, но ние Ахмади муслиманите сме должни да го следиме секој аспект и пример на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.“

Халифата спомна и неколку аспекти од совршениот пример на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., Ветениот Месија а.с., кој во врска со љубовта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кон Аллах рекол дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал огромна љубов кон Аллах, и тоа до тој степен што луѓето зборувале дека Мухаммед с.а.в.с. се вљубил во својот Господар.

Потоа, спомнувајќи ја љубовта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кон Возвишениот Аллах, Ветениот Месија а.с. пишувал дека кога ајетите кои се во врска со идолопоклонство биле објавувани и во нив се кажувало дека тие се неверници, нечисти и дека се потомци на Шејтанот, Абу-Талиб р.а. го предупредил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за последиците. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека дури и да го изгуби животот на патот на својата мисија нема да  се загрижи и му кажал дека го ослободува од сите обврски на заштита.

Абу-Талиб р.а. бил толку изненаден со неговата решителност што му ветил поддршка до крајот на својот живот.

Ветениот Месија а.с. овој пример го спомнал за да ја покаже својата љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Секогаш му се восхитувам на високиот статус на арапскиот пратеник Мухаммед с.а.в.с., и нека илјадници години благослов и мир бидат на него. Невозможно е да се одреди границата на неговиот висок статус и луѓето не можат да ја досегнат неговата духовна моќ. Жално е што неговиот статус не е препознаен како што требало да биде препознаен. Токму тој е оној кој назад го донел и го обновил Божјото Единство, кое го снемало од земјата. Бог го сакал до највисок степен и неговата душа апсолутно се топела од љубов кон човештвото. Поради тоа, Бог Кој ги знаел тајните на неговото срце, му подарил супериорност над сите пратеници, над сите луѓе без оглед дали се претходници или следбеници. Он му ги исполнил сите желби во животот. Тој е фонтана на сите благослови. Кој и да тврди како има добри квалитети, а истите не ги добил од него, не е човечко суштество туку потомок на Шејтанот, бидејќи клучот за секој добар квалитет му е даден на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и подарени му се сите богатства на разбирање (на Возвишениот Аллах). Ако некој одбие прилика да земе корист од него, тој засекогаш е во загуба. Што сме ние и колку сме значајни? Би бил неблагодарен ако не признам дека Единството и препознавањето на живиот Бог го најдов преку светлината на овој Пратеник с.а.в.с.. Ние ја имавме честа да ги примиме објавите и да воспоставиме дијалог со Бог и преку ова сме во состојба да го запознаеме Него. Сето ова ни е овозможено преку овој благороден Пратеник с.а.в.с.. Блесокот кој сјаеше од неговите упатства на нас падна како сончева светлост. Ние можеме да го почувствуваме тоа осветлување сè додека стоиме со желба да го примиме.“

Суштината на тврдењето на Ветениот Месија а.с. е дека близината на Аллах може да се постигне само со следењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и на неговиот пример на обожавање со потполна преданост.

Според еден хадис еден асхаб видел дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одвоено клања нафила и слушнал звуци кои доаѓале од белите дробови на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои звучеле болно, како кога каменот го меле житото.

Еднаш, кога хазрети Ајша р.а. го прашала зошто толку се мачи кога неговите претходни и идни гревови се опростени тој и одговорил:

„Зарем јас не треба да му бидам благодарен слуга на Возвишениот Аллах?“

Ветениот Месија а.с. вели дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги трансформирал арапските луѓе од животинска состојба до состојба на висок стандард со кој ноќите ги поминувале во обожавање. Нашата должност е да ги задоволиме овие стандарди.

Халифата рече дека извештаи доаѓаат од сите одбори на Џемаатот, и тој може да види колку процентуално луѓето регуларно и редовно ги извршуваат намазите, но, сè додека овие извештаи не покажат 100% на лојалност ние не можеме да бидеме релаксирани. Должноста на секој поединец, како и на Џемаатот, è оваа состојба да има поголем напредок.

Неговата искреност била пример што и неговите најголеми непријатели не можеле а да не сведочат за тоа.

Абу Џехел никогаш не можел да одрекне дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. секогаш бил искрен.

Абу Суфијан, исто така, на не можел а да не сведочи дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. никогаш не изрекол лага.

Еден еврејски зналец кога го видел рекол дека тој не поседува лице на лажливец.

Дури и денес вистинитоста на неговото учење и на неговото дело нè муслиманите ги доведува поблиску до исламот, за разлика од лагата, измамата и измислицата.

Ахмади муслиманите секогаш мора да го зголемуваат нивото на искреност следејќи го примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ако во вашите дела не постои искреност луѓето со вера на тоа ќе гледаат како на лага. Божјото постоење и верата на исламот се вистинити. Нашата должност е со искрени постапки да ја шириме вистината.

Ветениот Месија а.с. вели дека во времето на доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сите претходни религии ја изгубиле својата духовност. Тој, на светот му го вратил Божјото Единство и направил трансформација во човечките животи, што луѓето кои се однесувале како ѕверови станале човечки суштества, потоа се образувале, а на крајот станале побожни луѓе.

За да бидеме искрени муслимани и да воспоставиме врска со Вистинскиот Бог мораме да го кренеме нивото на искреноста. Единствено, Ахмади муслиманите можат да го постигнат тоа ниво бидејќи сите дале заклетва дека предност ќе и дадат на својата вера а нè на овој свет. Ова не би требало да остане само заклетва, туку сите наши дела би требало тоа да го потврдат.

Високиот морал на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вклучувал покорност и благост.

Хазрети Ајша р.а. пренесува дека кога и да дошол некој во неговиот дом тој се грижел за него. Од таа причина Аллах џ.ш. во Чесниот Кур‘ан вели:

        „И ти несомнено поседуваш високи морални одлики.“        (68:5)

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Јас сум Главатар на Адемовото потомство, но не се гордеам со тоа. На Судниот ден ќе бидам прв посредник и прв на кој ќе му се суди, но се гордеам со тоа. На Судниот ден знамето на гордоста ќе ми биде во рацете, но нема да се гордеам со тоа.“

Ветениот Месија а.с. рекол дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил најдобрата личност, но толку бил понизен во однесувањето што примерот за неговата скромност и благост е претставен во Чесниот Кур‘ан.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш поминал покрај слеп човек додека им помагал на главатарите на Мека. Аллах џ.ш. објавил Сура во Чесниот Кур‘ан и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отишол дома кај слепиот и ја положил неговата наметка на него.

Ветениот Месија а.с. вели дека луѓето кои го разбираат Возвишениот Аллах секогаш се понизни затоа што секогаш стравуваат од Бог. Како што Он ги наградува и најмалите добри дела, Он исто така не ги оправдува и најмалите гревови.

Хазрети Ајша р.а. пренесува дека еднаш еден човек и побарал да го види Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Ајша р.а. и рекол дека тој човек бил многу лош брат и многу лош син. Кога дошол и седнал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил многу учтив со него. Кога заминал хазрети Ајша р.а. го прашала Пратеникот с.а.в.с. зошто бил толку учтив со толку лош човек. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека секогаш со луѓето бил љубезен и дека на Судниот ден најлошата личност ќе биде оној кого луѓето го избегнуваат поради стравот од интрига.

Еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прашале како можеме да знаеме дали сме добра или лоша личност, на што тој одговорил:

„Ако твојот комшија вели дека си добар комшија тогаш биди сигурен дека твоето однесување е добро.“

Според тоа, секој Ахмади муслиман има обврска да го следи овој пример. Многу несреќи се случуваат во муслиманскиот свет токму поради опаѓање на стандардите и поради тоа што го заборавиле благородниот пример на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Ветениот Месија а.с. исто така вели дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил пример за сите доблести. Треба да видиме како се однесувал кон жените. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил учтива и љубезна личност. Дури и кога некој стара жена од него би побарала да остане на одредено место тој останувал на тоа место сè додека таа не му одобрила заминување.

Еднаш нешто купил и неговиот асхаб се понудил тоа да го понесе но тој одбил и рекол дека тоа треба да го носи оној на кого тоа и му припаѓа. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. 13 години поминал во тешкотии а десет на власт и во благосостојба. Меѓу неговите противници биле неговиот сопствен народ, Евреи, христијани идолопоклоници, волшебници и останати. Тие прекумерно се опивале и сметале дека е дозволено тоа што всушност било забрането. Убивањето за нив значело колку и берење на зеленчук.

Околностите во Мека биле такви што муслиманите гладувале биле понижувани и муслиманските асхаби секојдневно биле тепани, а на крајот биле исфрлени од градот.

Потоа дошол период кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. управувал со целата Арабија. Ако тој бил себичен имал прилика да бара одмазда. Но, кога ја освоил Мека прогласил дека никому нема да се одмаздува. Високиот морал на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. навистина бил ставен на испит и тој покажал трпение, побожност, сожалување, храброст и великодушност.

Затоа, денешната прослава треба да биде следење на благородниот пример на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со висок степен на ибадет, целосно уверување во Тевхид и висок морал. Ако не го следиме овој пример, тогаш не постои разлика помеѓу нас и другите кои се распаднаа по следењето на своите современи водачи и таканаречени зналци. За нас заветот на верност кон Ветениот Месија а.с. е дека сите наши дела ќе бидат направени имајќи го на ум примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Нека Аллах не оспособи тоа да го направиме.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Човекот кој бил најпотполн и беспрекорен поединец и совршен пратеник, кој дошол со потполни благослови преку кои се случило духовно оживување и подигање и првата манифестација на Судниот ден се покажала во светот, и преку кого целосно мртвиот свет се вратил во живот; тој благословен Пратеник бил Печат на сите Пратеници, Водач на чистите, Печат на сите веровесници и гордост на пратениците, Мухаммед Одбраниот с.а.в.с.. О мил Боже! Прати ги Своите благослови на саканиот Пратеник, кои ни на кого не си ги спуштил од почеток на времето. Ако овој благороден Пратеник не се појавил во светот, ние тогаш не би имале доказ за вистинитоста на пратениците со пониска положба како што се:Јунуз, Јакуб, Иса синот на Мерјем, Малахи, Јахиј, Зекерија итн.. А сепак на нив им била подарена близина, биле почестени и Божји миленици. Со одликата на овој Пратеник сите овие луѓе биле прифатени како вистинити.

’О Аллах! Прати ги Своите благослови и Сојата милост на Чесниот Пратеник и на неговото семејство и на неговите асхаби.‘

И заклучок на оваа дова ќе биде:

’Сета благодарност му припаѓа на Аллах, Господарот на световите‘.“

Хузур а.т.б.а. спомна неколку починати чии тела не биле присутни и клањаше џеназа за нив.

Првата се однесува за сестрата Селма Гани која живеела во Филаделфија, САД, а починала на 20 ноември на 83 годишна возраст. Амир сахиб на Џемаатот во САД пишува дека заветот го дала и се придружила на Заедницата во 1960 или во 1961 година на дваесет и четири годишна возраст. По професија била учителка. Во 1975/76 присуствувал на Џалса Салана во Рабва каде се сретнала со хазрети Халифа-тул Месих III р.а.. Како претседателка на Лаѓна (женска организација) во која служела 15 години успеала со голема марливост организацијата да ја крене на повисоко ниво. Исто така, во многу прилики служела како претседателка на Лаѓна за Џемаатот во Филаделфија. Покрај петте дневни намази била редовна и во тахаџуд намаз. Многу сакала изградбата на џамија во Филаделфија да се заврши и во тоа име правела многу дови. Ако Бог даде џамијата наскоро ќе биде завршена.

Како што вели локалниот претседател, таа покажувала потполна послушност и соработка со локалниот џемаат. Пред два месеци и бил откриен канцер на стомакот. Таа му кажала дека предвидувањето на докторите било дека живее уште шест месеци но дека таа самата знае дека и останале уште неколку дена. Оставила налози за својата џеназа и за мртовечки сандак и сето тоа веќе е организирано.

Таа немала деца ниту во нејзиното семејство некој бил муслиман но имала добри односи со браќата и со сестрите и со другите членови на семејството. Претседателката на Лаѓна на САД пишува дека починатата била воспитувана во христијанско окружување но од мали нозе почнала да го преиспитува христијанското верување. Го проучувала католицизмот како и другите религии: будизмот, хиндуизмот како и христијанските секти. Еден нејзин пријател и дал лифлет за тоа дека пратеникот Иса а.с. не починал на крстот. Лифлет ги содржел сите одговори на нејзините прашања. Потоа таа отишла во џамија и купила разни книги. Ги проучувала овие книги и на крајот дала завет на верност во Филаделфија каде живеела до крајот на животот. Живеела 54 години како муслиманка и во текот на тие години покажала највисок стандард на љубов, наклонетост и верност кон Ахмадија заедницата и кон Халифатот. Во текот на времето на Халифа-тул Месих IV р.а. служела како претседателка на Лаѓна на САД и тоа петнаесет години, по што останала почесен член на Лаѓна Имаиллах. Исто така, служела како водач на советодаввниот одбор на Лаѓна на африканскиот оддел, како и на американскиот оддел.

Секогаш била наклонета кон пренесувањето на пораката на исламот. Поради своето христијанско воспитание интелектуално ја пренесувала пораката на христијаните. Многу луѓе поради нејзиниот напор го прифатиле Ахмадијатот и така за многу луѓе станала повод за упатство. По неколку посети на Гана и Нигерија станала позната како тета Селма Гани. Во САД секогаш ќе сеќаваат на неа по побожноста и чесноста и по нејзината популарност.

Нека Аллах џ.ш. ја воздигне положбата на починатата и нека им подари цврстина на оние кои Ахмадијатот го прифатиле заради неа. Нека Аллах џ.ш. го оспособи Џемаатот на САД и американскиот народ воопшто, да ја слушнат и да ја прифатат вистинската порака на исламот.

Поврзани вести