ВЕСТИ 

Од работ на смртта до сведоштво на Аллаховата моќ и дарот на новиот живот

Прв дел

Хазрети Халифа-тул Месих V, нашиот сакан водач кој создава целина а ние останатите сме само делови. Навистина, ќе не снема ако се оддалечиме од него. Не можам потполно да го опишам страдањето и искуството на смртната постела низ кои минав кога пред неколку недели ми соопштија дека имам КОВИД 19. Благодарен сум им на своите браќа и сестри кои молеа за нас. Овие молитви беа исполнети бидејќи тие се делови на телото на институцијата на Халифатот, бидејќи Аллах џ.ш. ги прифати молбите на нашиот имам хазрети Халифа-тул  Месих V.

Хазрети Халифа-тул Месих V, го молеше Аллах џ.ш., Дарителот на живот, со голем жар и така Аллах џ.ш. ме спаси од смртта и ми подари нов живот. Во текот на мојата болест, почувствував дека хазрети  Халифа-тул  Месих V го молеше Аллах џ.ш. со таков жар, понизност и љубов, во толку голема мера што Аллах ги услишил неговите дови. Ледениот ветер на Оној кој лечи задува. Самиот себе се обвинувам за својата болест.

Неколку пати во минатото Халифата ми кажуваше:

„Иклаф, изгледа дека не спиеш повеќе од 3-4 часа, мораш да спиеш 6 часа бидејќи и телото има право на одмор. Јас, инаку на луѓето им зборувам дека треба да работат, но што се однесува до тебе ти мораш да се наспиеш; купи двосед за во канцеларијата, затвори ја вратата и спиј попладне макар половина час или цел час за да ги  надополниш шесте часа за сон.“

Иако со Аллаховата Милост сум му послушен на Халифата, некако несвесно и ненамерно продолжив да спијам максимално до 2,3,4, часа а работев 18, 19 часа дневно. Иако телото ми е силно, не беше можно да се одржи силен и мојот имунитет. Неколку дена пред приемот во болницата Фримлеј Парк (Frimley Park) во Суреј (Surrey), имав одредени симптоми кои укажуваа на корона вирус, така што се изолирав од останатите. Секој дел на телото многу ме болеше. Не можев ниту да седам ниту да стојам, бев исцрпен и постепено почнав тешко да дишам. Вечерта добивав висока температура. Моето тело се потеше и почнав да чувствувам мачнина и несвестица.

Во меѓувреме, и мојата жена почна да се чувствува лошо и да добива симптоми. Тогаш помисливме:

„Дали е можно дека ова е корона вирус, и ако сме заразени со овој вирус како тоа да им го кажеме на другите?“

Вака размислувавме, бидејќи, за жал, сметаа дека тоа е знак на чума која се случила во текот на животот на Ветениот Месија а.с.. Тие мислеа дека личност заразена со овој вирус има слаб иман-верување. Се молевме, плачевме и баравме од Аллах џ.ш. да не бидеме заразени од корона вирус. Додека бев во изолација, продолжив од дома да ја извршувам работа во Џемаатот. Меѓутоа, болеста напредуваше и во четврток на сабајле почнав да искашлувам крв и температурата ми се качи до 40 степени. Конечно, Аллах џ.ш. ми даде сила да и кажам на мојата сопруга:

„Било да е корона вирус или нешто друго, ми се чини дека нема да преживеам и дека ќе го напуштам овој свет. Те молам повикај итна помош и почитуваниот брат Вакас (Мирза Вакас Ахмед, синот на Халифата) и кажи му да го замоли Халифата да моли за мене.“

Братот Вакас во текот на денот на мојата сопруга и кажал дека Халифата прави дова за Ибрахим. Веднаш ме сместија во болница и веднаш ми направија снимка на белите дробови и земаа примерок од крвта. Исто така, ми зема и брис од грлото за да ме тестираат на корона вирус. На братот Абид Кхан му кажав за мојата состојба, а тој ми прати порака дека Халифата, кој се уште не знаеше дека имам корона вирус, моли за мене и дека ми препорачува да дадам садака, и дека јас и моето семејство треба да земеме хомеопатски лек. Ова ме засили и ми даде надеж.

Во текот на денот, мојата состојба се влоши бидејќи имав воспаление на белите дробови и тие не беа во состојба да примат доволно кислород во крвотокот, што предизвика моето тело да ја изгуби моќта на примање кислород и исфрлување на јаглен диоксид. Завршив со тешко белодробно заболување вклучувајќи и воспаление на белите дробови кои беа придружени со немир и нервоза. Чувствував како да тонам и како смртта да ми доаѓа со голема брзина. Како температурата од 40 степени да не беше доволна, открив дека температурата во соба е голема бидејќи сестри заборавиле да го исклучат греењето од кое дуваше врел воздух, а јас тоа не го знаев. Очајно имав потреба од воздух. Инаку, го сакам времето околу сабах намаз бидејќи тогаш нивото на кислород е изразито високо. Им кажав на сестрите да го отворат прозорецот и тогаш почувствував како кислород влегува во моите бели дробови, што ми даде некаква утеха. Во тој момент силно му се молев на Аллах џ.ш. додека очите ми беа исполнети со солзи кои течеа низ моите образи.

„О Аллах Најголемиот, во текот на мојот живот ме имаш спасено од многу несреќи. О Аллах џ.ш., Ти знаеш дека животот го посветив на Тебе и дека сум свесен како си Ти мој Пријател кој во текот на целиот живот беше со мене уште од детството. Поради мојата вера во Ветениот Месија а.с., имам и пратеник на нашето доба, јас поради Твоето задоволство ги изгубив членовите на семејството (со исклучок на мојата мајка и браќа и сестри кои се Ахмади).

Еднаш, околу 500-600 сунити ме нападнаа во џамија. Силно ме имаа претепано и ме оставија да умрам поради својата вера, но Ти ме спаси. Уште повеќе, еднаш имаа план да ме убијат, некој ме нападна и гаѓаше во мојата глава, но, Ти направи да ја не ја погодат метата и да ја исполнат својата желба. Тоа го има направено бидејќи неговиот син преку мене го прифати Ахмадијатот. После тоа, познат оџа одржа хутба, седум хутби во петок против Твојот џемаат, и неколку пати ме спомна како неверник. Тој ги вртеше луѓето против мене, што доведе до инцидент во книжара кога ме нападна следбеник на овој оџа. Паднав на подот, полици со книги исто така паднаа а тој пак ме нападна со ноктите кои беа остри како нож. По 20 години лузната и понатаму стои на мојата рака. Потоа, и со камења ме гаѓаше.

О мој Аллах џ.ш., ти секогаш ме спасуваше. О мој Аллах, мој Сакан, јас сум грешен и не ја заслужувам Твојата љубов, но ти си Милостив, имај милост кон мене и спаси ме и овој пат за да можам да му служам на Халифата и да правам повеќе добри дела. О Аллах џ.ш., својот живот го посветив на Тебе, исто така и мојата жена и моите деца. Имај милост кон нас. Во текот на мојот престој во болница, кога и да ги затворев очите го гледав сјајното и убавото лице на хазрети Халифа-тул Месих V, и помислував: ’Субхан Аллах, Халифата го одредил Аллах џ.ш. за да стане нашиот водач, учител и единствен вистински зналец на Земјата од кого само светот може да има само корист.‘

Почувствував  голема тага бидејќи мојот татко, моите амиџи, тетки, роднини и стотици други членови на семејството не го видеа вистинскиот пат и светлото на Ахмадијатот. Но, цело време беше нешто чудно во моето срце:

’Зошто се грижиш? Па, навистина Аллах е твој грижлив татко.‘

Потоа, се будев и мислев како сум среќен што го имам прифатено Ахмадијатот, вистинскиот ислам. Под силни болки се молев:

’О Аллах, Семоќен, јас многу го сакам хазрети Халифа-тул Месих V и сакам да му служам на Халифатот бидејќи е тоа единствен лек за целиот свет; Те молам дај ми друг живот да го негувам растението кое Ти си го посадил со Својата рака.‘

Мојата единствена желба беше некој да му го пренесе мојот селам на Халифата.

Идниот ден, беше петок, околу сабах дојде доктор кој служел во Западна Африка во текот на ебола епидемијата и ми кажа:

„Имаш корона вирус и немаш излез освен веднаш да одиш на интезивна нега. Се уште си силен, но твојата состојба се влошува.“

Бев тажен кога го слушнав докторот, нарочно кога ми кажа дека постои можност дека нема да преживеам. Бев преплашен. Мојата жена Реем ја повика за да ја известат. Се прашував дали Халифата се моли за мене бидејќи имав голема потреба од неговите дови. Таа ме утеши и ми кажа дека Халифата се моли за мене. Потоа, мојата состојба се умири со Аллаховата волја. Во текот на тие моменти ги изговарав зборовите не пофалба:

’Ла хевла ва-ла Кувата илла биллахи ал-Али ул Азеем, о вирус, не мисли дека си толку моќен. Немаш никаква моќ да ме оштетиш или добро да направиш освен по желбата на Аллах џ.ш..

Уште повеќе, докторот кој сметаше дека нема да преживеам требаше да биде свесен дека мојот живот е живот на Оној кој ме создал. Вирусот доста го слабееше моето тело. Видот ми се намалуваше и понекогаш само можев боите да ги распознавам. Пред да ме успијат, ме ставија во вештачка кома и ме ставија на респиратор за да тој дише наместо мене бидејќи ми недостасуваше 80% кислород.

Како Вакфи Зиндаги (оној кој својот живот го посветил во служба на исламот) бев загрижен дека мојата смрт ќе направи проблеми во работа на која ме вработил Халифата. Потоа, почувствував среќа бидејќи по наредбите на Халифа имало кој да ме замени во одделите во кои работев.

Мои драги браќа и сестри, колку зачудувачки е што Халифата истиот ден бил известен дека сум примен на интензивна нега. Халифата, многу загрижено му рекол на Фарук Афтаб:

„Ибрахим требаше да биде примен на интензивна нега многу порано. Меѓутоа, мораш да му однесеш некои хомеопатски лекарства. Треба да му ги однесеш и неколку капки да ставиш на неговата уста.“

Интересно е што Халифата за ова го известиле по џума намаз, токму кога од болницата стасала вест дека мојата состојба се подобрила, и дека тогаш веќе сум имал потреба од само 60% кислород.

Сето ова, и буден и кога спиев, едно беше врежано во моето срце:

„Јас сум Најголемиот (Аллаховиот атрибут Ал Каххар стално ми беше во мислите). Јас сум толку Велик и надвор од човечкиот опсег сум! Јас не се грижам за луѓе кои не Ме обожаваат. Ако Ме обожаваат, тогаш тоа е добро за нив. Ако не Ме обожаваат, тоа ни најмалку нема да Ме оштети.“

Бев во толкава мера инспириран и исплашен што неколку пати зборував со мојата сопруга. За жал, во сабота откако состојбата ми се подобри и откако докторите почнаа да размислуваат да го симнат респираторот, наеднаш добив напад на паника и сестрата веднаш ги извести моите браќа дека сум побарал да ми се покаже југозападен правец кон Каба. Всушност, не можам добро да се сетам на овој инцидент, но знам дека длабоко во себе бев многу загрижен бидејќи во текот на престојот на интензивна нега ги пропуштив намазите, што всушност беше и прва причина за напад на паника која ја имав.

Сестрата ја извести мојата сопруга Реем а таа и кажа:

„Ве молам да му кажете на Ибрахим дека нашиот духовен водач се моли за него.“

Сестрата сето тоа го запишала за да не заборави нешто и рекла:

„Можам ли чисто од љубопитност да ве прашам што е вашата заедница и кој е вашиот духовен поглавар? Реем сè и објаснила, а таа само повторувала: ’Сјајно‘!“,

Потоа, во недела доживеав втор напад на паника. Бев премногу вознемирен и ми се качи температурата. Побарав од сестрата повторно да разговара со мојата сопруга. Не можам да се сетам на овој инцидент, но врз основа на тоа што ми го кажа сум бил загрижен дали Халифата се моли за мене или не.

„Дали Халифата се моли за мене/ Дали е задоволен со мене? Знаев дека неговото задоволство е одраз на Аллаховото задоволство.“

Овој пат сестрата ја повика Реем и го остави телефонот за да можам да ја слушнам. Ја прашав:

„Дали Халифата се моли за мене? Таа ми кажа за неговото известување за корона вирус во весникот Ал Хакам и ми кажа: ’Халифата се моли за тебе и бара редовно да го известуваат за твојата состојба. Уверено кажа дека ќе преживееш, така што сега мора да бидеш силен‘!“

Подоцна, во текот на денот, сестрата и рекла на мојата сопруга дека Ибрахим се смирил по овој повик и дека состојбата му е подобрена. Реем раскажувала за чудото кое се случило, кога братот Мунир Одех во текот на состанок со Халифата известил дека Реем е многу вознемирена и дека чека на било какви зборови на утеха од Халифата. Каков што е и сунетот на Аллаховите пратеници и веровесници с.а.в.с. хазрети Халифа-тул Месих V, бил тивок и продолжил да зборува за други теми кои се однесуваат на други работи. СубханаАллах, кога Мунир станал и дошол до врата, Халифата рекол:

„Кажи и на Реем нека се одмори и нека знае дека на Ибрахим ништо нема да му се случи, и дека ќе оздравее. ’Елхамдуллилах‘, тој истиот ден мојата состојба драстично се смени, и докторот кажа дека сум насмеан и дека сум најсилен од сите пациенти. Докторот потоа кажа дека ќе ме симнат од респиратор.

Поврзани вести