ВЕСТИ Хутби 2018 

Одговорноста на иселените Ахмади муслимани

После учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

„Иако Шпанија несомнено им припаѓа на западните земји економски е помалку богата од другите Европски земји, во споредба со Франција. Меѓутоа, во споредба со Пакистан, економската состојба е далеку подобра, посебно за оние луѓе кои се иселиле од Пакистан. Тоа е причина зошто толку многу Пакистанци дошле овде поради работа. Што се однесува до Ахмади муслиманите, кога ќе се иселат од Пакистан тие тоа го прават од две причини: првата причина е таа што во Пакистан се уште важат забрани за верските активности на Ахмади муслиманите, а втората причина е поради подобрување на својата економска ситуација.

Постојат луѓе кои вистински ги изнесуваат своите услови кога поднесуваат молба за азил, но постојат и такви кои измислуваат приказни, што воопшто не е потребно. Јас многу пати реков ако човекот вистински раскаже за злочини направени против нас во Пакистан во името на религија и ако само каже:

„Животот во Пакистан под такви услови на мене оставил огромен психички притисок кој е равен на постојано мачење“.

Тогаш, често властите и судиите ова го разбираат и покажуваат сочувство и емпатија. Според тоа, додека го изнесувате својот случај нема потреба да ги преувеличувате изјавите.

Во секој случај, Ахмади муслиманите мора да се сочуваат од лажењето. Возвишениот Аллах лажењето ги изедначил со ширк (припишување другари на Бог). Човек не може да очекува Ахмади муслиманите да направат ширк.

Од една страна тој (Ахмади муслиман) тврди:

„Јас сум на чело во прогласувањето на Единственоста на Возвишениот Аллах и во Имамот на ова доба, Ветениот Месија и Имам Мехди а.с. и во неговото доаѓање во потчинетоста на Чесниот Пратеник Мухамед с.а.в.с.. Меѓутоа, од друга страна не се заштитува од овој темелен грев, што е најважна должност на верниците – да веруваат во Божјата Единственост. Според тоа, секој Ахмади муслиман треба да се анализира, бидејќи лагата со цел да се добијат световни придобивки, ќе не направи исклучително грешни во очите на Возвишениот Аллах.“

Така, како што кажав, кога од својата татковина се иселивме со цел да ја сочуваме својата вера, и со цел да останеме цврсти во својата вера, тогаш мораме да им дадеме првенство на наредбите на Возвишениот Аллах. Треба да го видиме тоа што ни е најважно по прифаќањето на Ахмадијатот, вистинскиот ислам. Ако овие предности не се согласни со наредбите на Возвишениот Аллах, тогаш не сме успеале да ја постигнеме целта на своето иселување. Ако самиот наш темел е заснован врз основа на лага, и ако световните нешта сме ги направиле главна и единствена цел, тогаш нема да бидеме приматели на благословите на Возвишениот Аллах.

Ние секогаш треба да помниме дека нашата цел не е да го дофатиме светот и да бидеме задлабочени во световните работи. Не е тоа нашата цел на создавање на себе си како верник. Само ако настојуваме да ја постигнеме целта на своето создавање, кој Он ја поставил со цел да го стекнеме задоволство на Возвишениот Аллах, ќе бидеме во состојба да го постигнеме вистинскиот успех и да ја оствариме целта на доаѓањето на овој свет.

Ние сигурно ќе го стекнеме овој свет и неговите благослови бидејќи Возвишениот Аллах не ги лишава од религиски и световни благослови оние кои маршираат кон Него. Возвишениот Аллах не подучил на дова во која од Него бараме добра на овој свет како и на Ахирет и Он вели:

        „Господару наш, подари ни добро на овој свет како и на Идниот    свет и заштити не од казната на Огнот.“

Во врска со ова Ветениот Месија а.с. вели:

„На човекот му се потребни две гледишта за својата благосостојба: прво, да биде сочуван од сите тешкотии, несреќи и искушенија итн., кои го пресретнуваат на овој привремен световен живот. Второ, да биде сочуван од гревот, злото и духовите болести кои го оддалечуваат од Бог.“

Во ова се содржат (неопходните) нешта кои се потребни на човекот. Прво, световните тешкотии и болести, и второ, духовните тешкотии и болести.

Објаснувајќи го понатаму зборот Раббена (нашиот Господар), Ветениот Месија а.с. вели:

„Вистина е дека зборот Раббена (нашиот Господар) содржи и објаснува укажување на покајание. Кога човекот ќе каже Раббена (нашиот Господар) тој потполно се наклонува кон Возвишениот Аллах.“

Ветениот Месија а.с. потоа вели:

„Причина за ова е што зборот Раббена (нашиот Господар) бара (и подразбира) дека човекот ги напуштил другите богови кои претходно ги создал и се свртел кон својот Господар. Факт е дека човек за себе создава многу богови. Тој најмногу верува во своите проекти и измами, како тие да се негови богови. Ако се гордее со своето знаење или моќ, тогаш тоа е неговиот бог. Ако се гордее со својата убавина или имот, тогаш тоа е неговиот бог.“

Накратко, илјадници такви богови постојат кои се врзани за него. Се додека не ги напушти, не ја обори глава пред Едниот Вистинскиот Господар и падне на Неговиот праг учејќи ја од срцето дова Раббена (нашиот Господар), тој не може да ја разбере природата на Вистинскиот Господар. Затоа секогаш мораме да го имаме на ум овој принцип. Таму се спомнува исполнување на должноста кон ибадет, затоа треба да запомниме дека треба да настојуваме така да правиме за да ги исполниме условите на нашето создавање согласно со наредбите на Семоќниот Аллах. Во овој поглед Семоќниот Аллах вели:

        „А јас не ги создадов џиновите и луѓето освен Мене да ме     обожаваат.“                                                    (Ал-Заријат: 57)

Така, кога ги разгледуваме наредбите на Аллах џ.ш. една по друга, (дознаваме) дека секоја од нив го свртува нашето внимание на тоа да не го заборавиме Семоќниот Аллах. Вашите световни работи не смеат да ве направат невнимателни и да го заборавите спомнувањето на Аллах џ.ш., ниту вашата цел смее да биде исполнување на световни желби и стекнување на светот.

Што се однесува до ова Ветениот Месија а.с. на едно место вели:

„Очигледно е дека човекот не е во ситуација да одлучува за целта на својот живот затоа што на овој свет не дошол по свој избор, ниту по свој избор ќе замине од него. Всушност, тој е суштество, но оној Кој го создал и  му подарил поголеми и повозвишени способности одошто на животните (т.е. во споредба со другите суштества Он човекот го создал како најблагороден од сите суштества) може да биден оној Кој ја прогласува целта на своето создавање. Било тоа поединецот да го разбира или не го разбира, нема сомнение дека целта на човековото создавање е да го обожава Семоќниот Бог, да го постигне вистинското сфаќање за Него и потполно да се изгуби во Него. Кога луѓето ја гледаат оваа цел, тие стануваат вистински верници и таквите личности постигнуваат прифаќање преку световните благослови.“

Должноста на секој Ахмади муслиман е по преселувањето овде да се бори да ја исполни оваа важна обврска. Ахмади муслиманите секаде треба да ги известат другите во своето окружување и за вистинскиот ислам. Моралот и стандардот на ибадетот на секој Ахмад треба да бидат такви што ќе привлечат внимание на другите. Ние светот мораме да го запознаеме со фактот дека целта на световните благослови кои Семоќниот Аллах ни ги овозможил не служат за тоа за да не оддалечат од Него, туку овие благослови всушност се тука за да не привлечат поблиску до Него. Така, таквите благослови треба да бидат умерено искористени, инаку човекот ќе се движи кон уништување.

Пред четири или пет години светот не го забележал фактот дека се движи кон уништување, или не бил подготвен да го признае овој факт. Меѓутоа, денес ситуација е потполно поинаква. Ахмади муслиманите секаде во светот своето внимание треба да го насочат кон стекнување на задоволството на Семоќниот Аллах и во таа насока треба да се борат. Само милоста на Семоќниот Аллах е таа што може да го спаси светот од уништување. Само со паѓањето на земја пред Него можеме да Го направиме задоволен.

Секој Ахмад треба да запомни дека едноставно верувањето во Ветениот Месија а.с. не е доволно за стекнување на награда на овој свет и на Ахирет, ниту тоа може да го спаси од казната  на огнот на Џехеннемот. Всушност,  прифаќањето на Ветениот Месија а.с. на секој поединец става поголема одговорност својот живот да го обликува согласно на задоволството на Семоќниот Бог.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Запомнете дека едноставното давање на баи‘ат  (завет на верноста) не е од корист; Семоќниот Аллах не е задоволен со оваа пракса се додека личноста не се држи до вистинската суштина на баи‘атот. Сè додека баи‘ат не е вистински баи‘ат останува само обред. Затоа е неопходно да се направи напор во исполнувањето на целта на баи‘атот.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Разликата помеѓу вистинскиот муслиман и неискрениот муслиман е таа што неискрениот муслиман само прави планови но не ги исполнува. Наместо тоа, вистинскиот муслиман секој план го остварува, наместо само да изнесува искази. Така, кога Семоќниот Аллах види да Неговите робови извршуваат ибадет поради Него и се добронамерни (добротворни) кон Неговите робови, во таа ситуација Он долу ги испраќа мелеките, правејќи со тоа разлика помеѓу вистинскиот и лажниот муслиман, согласно со Своето ветување.“

Затоа, за секој е важно да се бори и да стане вистински муслиман. Поединецот треба да извлече корист од плодовите и благословите на овој свет на таков начин што ќе стане примател на благословите на Ахирет. Ние треба да ја исполниме должноста кон ибадетот. Бидејќи сме присилени да ја напуштиме нашата држава поради верата, додека се доселуваме овде треба да се бориме да се однесуваме согласно на учењето на нашата вера. Нека Аллах џ.ш. сите да не поучи тоа да го постигнеме.

Поврзани вести