ВЕСТИ 

НЕРАСКАЖАНА ПРИКАЗНА: Халифатул Месих, Муазин, празна џамија и светската публика

Денес е трети април 2020 година. Петок е, и токму сега Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се подготвува да одржи хутба од Месџид Мубарак, Тилфор, Велика Британија.

Иако знаев дека денес нема да има заедничка џума во Исламабад, Лондон, сепак се подготвив како и за секој петок. Тоа беше исклучителен ден, ден каков што никогаш не сум го видел или слушнал за него во мојот живот. Околу 12 и 15 часот заминав во канцеларијата на приватниот секретар за да се уверам дека сè е во ред, да го проверам дневниот план на активноста и џума намаз.

Беше решено дека Хузур а.т.б.а. ќе ја одржи хутба внатре во џамијата, и дека само мујезин – личност која повикува на намаз ќе биде присутен, и дека ќе има и камери.

Потоа, околу 12 и 20 часот заминав од џамијата. Сите подготовки течеа како и обично, МТА (Муслиманска Ахмадија телевизија) работниците го проверија комбето со опремата, ги подготвија каблите и инсталираа камери во џамијата. Работниците на МТА ги видов како стојат покрај комбето со опремата. Сите беа подготвени за пренос во живо.

Но, нешто беше поинакво овој пат. МТА работниците се вистински посветени на својата задача, и тие вредно и храбро ја извршуваат својата работа. Денес тие беа потивки од обично. Отидов во џамијата со персоналот на МТА и го дезинфициравме подиумот и останатите работи во џамијата. Донесов тепих кој го ставаме таму кај што Хузур а.т.б.а. стои во текот на хутбата. Потоа, поради сигурносни причини ја проверив џамијата, како и обично.

Го проверивме и звучниот систем, како секој петок. Како што времето за хутба се приближуваше, сите оддели кои беа задолжени за припреми на џума беа активни, но овој пат поинаку и потивко. Обезбедувањето се погрижи сите места да бидат покриени. Екипата за чистење се погрижи да Исламабад биде подготвен за џума. Го положив тепихот за Хузур а.т.б.а., последно нешто што го правиме пред почетокот на џума.

Околу 12 и 35 часот, мисионерот Сафеер Ахмад кој дипломирал во Ахмадија Џамија (Теолошки факултет) во 2019 година дојде да го проучи езан. Кога влезе во џамијата од страна на влезот за мажи, ме здогледа на друга страна на џамија и ги крена своите двете раце ставајќи ги пред лицето, како да ми порачува да правам дова за него. Беше малку нервозен.

Кога се проучи езан беше неверојатен призор. Во текот на нормалните денови на џума, џамијата беше преполна со луѓе. Денес немаше никој. Времето за џума намаз брзо се приближуваше, но внатре во џамијата беше само една осамена душа – мујезин.

Тоа беше знакот на овие тешки времиња. Надвор беше облачно со малку сонце кое продираше низ големите прозори. Иако одев по џамијата проверувајќи ги сите нешта, застанав кога мисионерот го проучи ’хеј‘јалас салах‘ (дојдете на намаз)… Тогаш ме погоди мисла дека луѓе кои ги слушаат овие зборови ’дојдете не намаз‘ не се во можност и се сопрени да дојдат во џамијата. Беше тоа тажен момент.

Но, фала му на Аллах џ.ш., мојата тага траеше само неколку моменти бидејќи таа тага беше заменета со мислата дека Хузур а.т.б.а. ќе се појави во џамија и ќе одржи хутба… Не е важно дали луѓето физички ќе седат пред него или не… Ако Бог даде, тој ќе ја одржи хутбата.

Тогаш се сетив на приказната на хазрети Муслех Мауд р.а. кога изјавил дека ’и ако целиот свет те напушти (Имам Мехди а.с.) јас ќе продолжам кон целта‘.

Во 12 и 50 часот направив чај за Хузур а.т.б.а. и го ставив на неговиот подиум, а пота излегов од џамијата.

Внатре во џамијата остана само една личност – мујезин! Каков момент за него! Околу 13 и 5 часот Хузур а.т.б.а. излезе од куќата… Одеше кон џамијата. Инаку, никогаш не гледам кон Хузур а.т.б.а. кога приоѓа кон џамијата. Денес нешто ме поттикна да погледнам кон него. Немаше израз на тага или грижа. Спротивно, од него зрачеше смиреност и надеж. Влезе во џамијата. Јас го следев, но само до местото за кондури. Хузур а.т.б.а. сам одеше кон мехраб… Поздрави со селам и рече да се проучи езан. Седна и започна со хутбата… и хутбата во живо се слушна ширум светот.

Седев во тој простор за кондури, и вратите на џамијата беа отворени… Така, можев сè да видам. Хузур а.т.б.а. држеше хутба а во џамијата беше само еден човек. И тој седеше од десната страна на мехраб. На човекот би можело да му се опрости чувството на тага која тој би ја доживеал кога би ја видел сцената која јас ја гледав – Хузур а.т.б.а. хутбата ја држеше само на една личност во публика. Таа личност, мујезин, седеше со спуштена глава, вознемирен и тресејќи се, бидејќи неговото име ќе биде запишано во историјата најверојатно како едно од нај благословените имиња. Мислам дека ниту еднаш не се помрдна. Само мирно седеше.

Елхамдуллилах, Елхамдуллилах, Елхамдуллилах… Сè беше во ред. Од тоа што го видов, никој не можеше да види дека пред него немаше луѓе, туку само еден човек. Хузур а.т.б.а. се обраќаше на својот џемаат, кој со милоста на Аллах џ.ш. се прошири ширум светот. Неговата публика не беа само стотици луѓе кои доаѓаа во Месџид Мубарак. Неговата публика е секој поединечен Ахмади муслиман кој живее во секој дел од светот на оваа планета. На некој начин почувствував повеќе од било кога дека денес Ахмади муслиманите ја гледаа хутбата. Можеби се ова денови на искушение од нашиот Господар. Но јас имам цврсто верување дека инша Аллах еден ден токму таа една личност која седи во публиката ќе се претвори во еден милион…сите пред Хузур а.т.б.а…. сите внимателно го слушаат и гледаат Халифата на Ветениот Месија а.с., и ги примаат благословите поради присуството на нивниот сакан Хузур а.т.б.а.. Инша Аллах.

Кога Хузур а.т.б.а. излезе од џамијата го повика Мунир Одех, надлежниот во МТА. Хузур а.т.б.а. праша:

„Саб тхеек хогија.“ (Дали се беше во ред?)

Мунир Одех одговори:

„Ји Хузур.“ (Да, Хузур).

Хузур а.т.б.а. праша:

„Дали го покажавте само моето лице?“

Мунир Одех одговори:

„Лицето и ѕидовите на џамијта.“

Хузур а.т.б.а. праша:

„Исто така, сифаат е бари Таалах?“ (Аллховите имиња напишани по ѕидовите на џамијата?

Мунир Одех одговори:

„Да.“

Хузур а.т.б.а. кажа:

„Тхеек хај.“ (Многу добро).

Почувствував дека на Хузур а.т.б.а. му беше важно да се спомене ’сифаат е Бари Талаал‘, и не само зборовите ’ѕидови‘ бидејќи во овие тешки времиња на искушение Хузур а.т.б.а. повторно го предупреди џемаатот да се насочи на ибадет намаз и да се сврти кон својот Господар. Хузур а.т.б.а. зрачеше со надеж, мир, задоволство и смиреност.

Извор: Се присетува Сајед Мухаммед Ахмад Насир, весник ’The Review of religions‘, 6-ти април 2020 година.

Поврзани вести