Вести 

НАЦИОНАЛНИОТ МАЈЛИС-Е-АМИЛА И ПОМОШНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАВРИЦИУС ИМАА ЧЕСТ ЗА ONLINE СРЕДБА СО ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АМЈ

„Секој Ахмади муслиман во Маурициус треба да се покаже како придобивка за нашата заедница, за нивните семејства и за целото општество“. – Хазрети Мирза Масроор Ахмад

На 25 октомври 2020 година, Националниот Мајлис-е-Амила на Ахмадија Муслиманската Заедница во Маурициус оддржа виртуелна официјална средба со Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, Петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад.

Присутни беа и Националниот Мејлис-е-Амилас со помошните организации како Мајлис Ансарулах (Здружение на стари лица), Мајлис Худамдам Ахмадија (Младинска асоцијација) и Лајна Имаила (Здружение на жени).

Неговата Светост го водеше состанокот од неговата канцеларија во Исламабад, Тилфорд, додека членовите на Амила се приклучија од џамијата Дарус Салам во Роуз Хил, која служи како Национален штаб на Ахмадија Муслиманската Заедница во Маурициус.

За време на седумдесет и петминутниот состанок, членовите на Националната Амила имаа можност да презентираат извештај за нивните оддели и да добијат упатства од Неговата Светост за низа прашања.

Додека им се обраќаше на членовите на Амила, Неговата Светост зборуваше за важноста од ажурирање на податоците и зацртаните цели.

Обраќајки се поединечно кон член на Националната Амила, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

„Без никакви цели, како можете да успеете? Како може да напредувате? Неопходно е да имате јасни цели и да се сметате за одговорни. Во спротивно, ако немате цели, тоа не доведува до ништо друго освен мрзеливост.“

Неговата Светост зборуваше за важноста на младите Ахмади муслимани да служат во мисијата на Ахмадија Муслиманската Заедница со искрен дух на служба заради Семоќниот Аллах.

Обраќајќи му се на Националниот садр (претседател) на Мајлис Худаммул Ахмадија, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

„Мајлис Худаммул Ахмадија треба да биде во првите редови на ширењето на учењата на исламот и да ја пренесува пораката на Ветениот Месија (а.с.) далеку и широко. Во секоја сфера, ахмади муслиманските млади треба да дојдат до израз, бидејќи вие сте луѓето кои се иднината на Ахмадија Муслиманската Заедница и пред кои претстојат уште поголеми одговорности.“

Неговата Светост, исто така, зборуваше за потребата на Националниот оддел Умур-е-Ама да им помага и да ги води Ахмади муслиманите кои се бореа да се вработат.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

„Треба да се направи посебен план за помош на невработените муслимани Ахмади. Треба да се обидете да ги водите оние кои се борат за да најдат профитабилно вработување и да можат да ги обезбедат своите семејства.“

Неговата Светост изјави дека е одговорност на Националниот оддел Умур-е-Харија (Надворешни работи) да развива односи со надворешни тела и политичари заради обезбедување на ширење на вистинските учења на исламот меѓу општеството и да помогне во рушење на бариерите меѓу народите од различни верувања и потекла.

Понатаму, Неговата Светост рече дека секој член на Мајлис Амила, на секое ниво, треба доброволно да посвети две или три недели секоја година, заради предавање на Светиот Куран или за пренесување на пораката за исламот на другите.

Како што се ближеше крајот на состанокот, Неговата Светост се помоли за успехот на Ахмадија Муслиманската Заедница во Маурициус и рече дека во иднина ќе одржи одделни средби со помошните организации.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

„Поголемиот дел од времето на денешниот состанок го поминавме во дискусија со националната Амила од Маурициус. Така, помошните организации на Лајна Имаилах, Кудамдам Ахмадија и Ансарула може да имаат одделни состаноци со мене во иднина, доколку тоа го бараат, а првото право во врска со ова е на членовите на Лајна Имаилах. Како и да е, многу од точките што се дискутираат денес ќе бидат од корист на помошниците и затоа тие исто така треба да се обидат соодветно да ја подобрат својата работа. Од суштинско значење е сите членови на Мајлис-е-Амила, на секое ниво, да ги знаат целите на нивните оддели и да се обидат да ја исполнат секоја цел на најдобар начин. Нека Аллах Семоќниот ви помогне и ви овозможи да и служите на Ахмадија Муслиманската Заедница на најдобар можен начин. Амин.“

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap