Вести 

НАЦИОНАЛНИОТ МАЈЛИС-Е-АМИЛА ВО БАНГЛАДЕШ ИМАШЕ ЧЕСТ ДА ОДДРЖИ ВИРТУЕЛЕН СОСТАНОК СО ДУХОВНИО ЛИДЕР НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА

Неговата Светост даваше насоки за широк спектар на административни и верски прашања

На 9 јануари 2021 година, Националниот Мајлис-е-Амила на Ахмадија Муслиманската Заедница од Бангладеш заедно со нивните секретари доби виртуелна официјална средба со Светскиот поглавар на Ахмадија Муслиманската Заедница, Петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад.

Неговата Светост го водеше состанокот од неговата канцеларија во Исламабад, Тилфорд, додека приврзаниците на Ахмадија Заедницата се приклучија од комплексот џамија Дарут Таблиг во Дака, кој служи како Национален штаб на Ахмадија Муслиманската Заедница во Бангладеш.

За време на 65-минутниот состанок, сите присутни имаа можност да разговараат со Неговата Светост и членовите на Националната Амила беа во можност да презентираат извештај за нивните оддели и да добијат упатства и насоки од Неговата Светост за низа прашања.

Националниот секретар на Талим ја извести Неговата Светост дека две училишта се управуваат од Ахмадија Муслиманската Заедница во екстремно оддалечените делови на Бангладеш, што се покажало како многу корисно во образованието на децата што живеат во тие области.

Неговата Светост го цени напорот да се обезбеди образование за луѓето што живеат во оддалечените делови на земјата, без оглед на верата или верската припадност.

Неговата Светост понатаму советуваше дека Ахмадија Муслиманската Заедница во Бангладеш треба да им се обрати на луѓето што живеат во оддалечени области и да им ги пренесе вистинските учења на исламот.

Националниот секретар Умур-е-Харија ги спомена напорите што се прават за да се вклучат во политичкото и граѓанското општество.

Неговата Светост спомена дека треба да се контактираат политичари и влијателни личности низ целата земја и да се информираат за убедувањата и учењата на Ахмадија Муслиманската Заедница.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

„Наместо да контактирате само со парламентарците кои се во Дака, треба да развиете контакт и со парламентарците кои живеат во оддалечени области и во мали области. Тие можат подобро да ве разберат и слушаат. Секој парламентарец треба да се запознае со Ахмадија Муслиманската Заедница.“

Во текот на состанокот, во неколку наврати Неговата Светост ја потенцираше потребата да им се помогне на Ахмади муслиманите да стекнат вештини и вработување.

Додека се обраќаше до Националниот секретар за Умур-е-Ама, Неговата Светост истакна дека клучна цел на одделот Умур-е-Ама е да им помогне на Ахмади муслиманите кои се борат да стигнат до вработување.

Додека се обраќаше на друг член на Амила за истото прашање, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

„Обидете се да им помогнете на оние Ахмади муслимани кои живеат во оддалечени и рурални области за да добијат работа и подобрени можности. Тоа ќе биде добар придонес од ваша страна кон Ахмади муслиманите.“

Секретарот одговорен за промовирање на проучувањето на Светиот Куран беше упатен од Неговата Светост да го зголеми бројот на луѓе кои го посветуваат своето време и услуги за период од две недели (Вакф-е-Арзи) за предавање на Светиот Куран во целата земја.

Неговата Светост им постави цел на илјада доброволци да учествуваат оваа година во оваа шема и рече дека членовите на Амила треба особено да се водат со пример и да го посветат своето време за ова.

Неговата Светост даде упатства за широк спектар на други прашања, вклучувајќи ја и потребата да се осигура дека моралното и духовното оспособување на Ахмади муслиманите се задоволува на најдобар начин и дека се зголемуваат напорите за пропагирање на исламските учења.

Неговата Светост, исто така, поучи дека неискористеното земјиште во сопственост на Ахмадија Муслиманската Заедница во Бангладеш треба да се користи за земјоделство и засадување дрвја.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap