ВЕСТИ Хутби 2017 

НАТПРЕВАРУВАЈТЕ СЕ ЕДНИ СО ДРУГИ ВО ДОБРИ ДЕЛА

Аллах на верниците им зборува:

        „Вашата цел секогаш мора да биде фастабикул кхаираат!“

Тоа значи дека секогаш треба да настојувате другите да ги водите кон добрите дела.

Понатаму, Возвишениот Аллах смета дека оние кои се богобојазливи и прават добри дела се ’најдобри меѓу суштествата‘, како што е и кажано:

        „Навистина оние кои веруваат и прават добри дела се најдобри     меѓу суштествата.“                                                        (98:8)

Ветениот Месија а.с. во светлината на Чесниот Кур‘ан и на хадисите го објаснил овој предмет поради нашето упатство. На пример, што е добродетелта? Како може да се постигне вистинска добродетел? Зошто правењето на добри дела е поврзано со верувањето во Возвишениот Бог? Каков треба да е стандардот на верувањето? Како можеме истиот да го унапредиме? Кои се средствата кои треба да ги употребиме за извршување на добри дела? Кои се аспектите на доблеста? Колку вида на богобојазливи дела постојат? Како Возвишениот Аллах ги наградува богобојазливите?

Исто така, за добродетелта е потребно дури и правните дела да се извршуваат умерено. Ако некој го прекрши тоа ќе ја ублажи вредноста на добродетелта. Сега ќе претставам одредени согледувања на Ветениот Месија а.с..

Објаснувајќи што е природа на добродетелта, и објаснувајќи дека дури и малите дела можат да бидат вредни за задоволство на Возвишениот Аллах, тој рекол:

        „Богобојазливите дела се скалила по кои се искачуваме кон исламот и Бог. Стварноста на добрите дела секогаш треба да ја имаме на ум.“

Шејтанот на секој начин ги залажува луѓето и ги скршнува од патот на вистината. Ветениот Месија а.с. дал пример со личноста која решава преостанатиот леб да го даде на гладен човек, иако во тој момент има свеж подготвен оброк. Ова не е согласно со Божјата наредба каде Возвишениот Аллах вели:

        „И тие даваат храна, од љубов кон Него, на сиромашните,    сирачињата и на затворениците.“

Тој не ги нахранил сиромашните од тоа што е Туам (значи пожелна храна) за него, туку од остатоците.

Ова не е вистинско дело на добродетелта. За да ја оствариме вистинска добродетел мораме многу да размислуваме и да се потрудиме. Вистинската доблест не може да се постигне без апсолутна вера и Возвишениот Аллах, Кој сè види, Кој за сè е потполно свесен и го поседува знаењето за невидливото.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Значи, за да човекот го реформира својот морал неопходно е да верува во Постоењето на Оној кој секогаш ги гледа неговите дела, гледа што тој прави и тој е Оној кој е сведок на сите тајни на срцето. Така да, ова не е никој друг, туку Возвишениот Аллах.“

Значи, единствено ако човекот верува во овој стандард, и ако секогаш го има на ум Возвишениот Бог ќе биде во можност да делува на добар начин.

Понатаму, обработувајќи ја вистинската доблест, Ветениот Месија а.с. вели:

„Богобојазливост значи да се воздржиме од суптилните патишта на злото. Наместо тоа, вистинската доблест треба да му служи на човештвото и да покаже вистинска верност кон Возвишениот Аллах, и човекот мора да е подготвен да го жртвува својот живот поради Него. Од таа причина Возвишениот Аллах рекол:

        ’Аллах навистина е со оние кои се богобојазливи и прават добри   дела‘.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Сетете се дека самото воздржување од злото не е добродетел  (само да зборувате дека се воздржувате од зло и дека сте побожни) сè додека не се однесувате согласно на тоа.“

Понатаму Ветениот Месија а.с. вели:

„Во очите на Возвишениот Аллах исламот не е назив за воздржување од пороците. Сè додека човекот не ја усвои добродетелта, сè додека не се воздржува од гревот нема да биде способен да преживее во ова духовно подрачје. Вистинитоста на исламското учење е зголемување и подобрување на духовноста.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Добродетелта е како храна. Така, како што човекот не може да постои без храна, исто така, ќе престане да постои сè додека не ја усвои добродетелта. Оваа состојба се постигнува со подобрување во верата.“

Каков треба да е стандардот на верувањето во Бог? Овој стандард може да се постигне единствено кога надворешната и внатрешната состојба на човекот стане целина. Понатаму, сличен е примерот со човекот кој раката ја става меѓу змиите и е сигурен дека тие ќе го каснат, и на ист начин ние треба да веруваме во Созданието на Возвишениот Аллах и во тоа дека ако направиме грев Возвишениот Аллах тоа ќе го види и ќе не казни. Личноста секогаш треба да го има на ум фактот дека Возвишениот Аллах го посматра секое направено дело.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Всушност, побожен е оној чија внатрешна и надворешна состојба е собрана во целина и чие срце и надворешниот изглед се целина. Тој по земјата оди како мелек.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Сите добри резултати доаѓаат од верата. Значи, не става раката во легло на змии. Кога знаеме дека одреден вид на отров е смртоносен нема да го ставиме во уста туку наместо тоа ќе се спасиме.“

Објаснувајќи понатаму како можеме да го засилиме нашето верување Ветениот Месија а.с. вели дека корените на секое богобојазливо дело и на секоја доблест се наоѓаат во верата во Возвишениот Бог. Колку послаба е верата во Возвишениот Бог, толку се поголеми слабостите во мрзеливоста за правење на добри дела. Меѓутоа, верата е силна и ако постои потполна вера во сите атрибути на Возвишениот Аллах тоа ќе биде поголема промена во човековото делување…

Смртта се спушта на сите  неговите способности преку кои тој може да направи грев и тој станува како мртовец. Тој ги прати наредбите на Возвишениот Аллах и без тоа дури ниту стапалото не може да го крене. Ова е состојба која се случува кога личноста има вистинска вера во Возвишениот Аллах. Сите овие состојби ќе се случат кога личноста ќе има вистинска вера во Возвишениот Бог и како резултат на тоа ќе му биде подарено потполно задоволство.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Ова е вистинската човекова цел.“

Ова е нашата цел. Ние секогаш треба да имаме на ум дека мораме да ја отстраниме сета нечистотија од нашите умови, срца, очи и уши, и да се воздржиме од слушањето на истите.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Нашата заедница има потреба од ова и ако посакуваме потполно задоволство прво мораме да имаме комплетна вера. Првата должност на нашата Заедница е потполна вера во Возвишениот Бог.“

Потоа, објаснувајќи ги различните аспекти на добродетелта Ветениот Месија а.с. вели:

„Постојат две битни работи за човечкото суштество, а тоа е избегнувањето на злото и тежнеењето кон доблеста, а постојат и два аспекта на доблест; едниот е воздржување од злото а другиот е правење на што повеќе добро. Отстранувањето на злото е едниот аспект на доблеста, а другиот аспект е всушност правењето добро. Верата е комплетна кога правиме добри дела и им помагаме на другите.“

Ветениот Месија а.с. продолжува зборувајќи:

„Работејќи така, ние стануваме свесни за нашата трансформација и таквите стандарди се постигнуваат кога имаме цврста вера во атрибутите на Возвишениот Аллах и кога истите ги разбираме. Без ова злото не можеме да го избегнеме.“

Постојано треба да го проучуваме Чесниот Кур‘ан и неговите наредби за да ги разбереме атрибутите на Возвишениот Аллах.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Многу е важно да станеме корисни за другите. Луѓето се плашат од кралевите и од казните на државата а постојат и оние кои не ги кршат законите на земјата. Тогаш, како тие со таква смелост не ги слушаат наредбите на  Возвишениот Аллах, Кој владее со сите?“

Постои ли некоја друга причина за ова освен недостатокот на вера во Бог? Меѓутоа, како што веќе беше спомнато, таквите недостатоци постојат кога верата е слаба. Ние Возвишениот Аллах го препознаваме како Сезнајниот и Оној кој има знаење за невидливото во поглед на нашата вера, меѓутоа, ние сепак тоа во пракса не го покажуваме. Ова доведува до тоа да човекот прави лоши дела и тој не може да прави добро поради слабоста на верата.

По спомнувањето за совршена вера во Возвишениот Аллах, Ветениот Месија а.с. објаснил како да се сочуваме од зли работи.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Состојбата на воздржување од злото е исполнета кога постои вера во Бог. Друга состојба е барање начини кои ги избрале саканите Божји луѓе.“

Прво треба да веруваме во Бог а потоа треба да ги усвоиме истите видови на дела и доблести кои ги усвоиле Божјите луѓе и  Неговите пратеници. Првата фаза од чување од злото се бара во манифестацијата на атрибутите на Возвишениот Бог бидејќи Он е непријател на грешните луѓе. Втората фаза се постигнува преку манифестација на милосрдните атрибути на Возвишениот Бог. Последната фаза е состојба кога ништо не може да се постигне без силата и способноста кој а ни ја дава Возвишениот Аллах. Согласно на исламската терминологија ова се нарекува Рух-ул-Кудус (Светиот дух). Тоа е моќта која Бог ни ја дава и срцата на примателите наоѓаат утеха и нивниот темперамент станува мил. Кога човекот ќе воспостави врска со Возвишениот Бог и Неговиот Светиот дух слезе до него, тогаш богобојазливите дела стануваат вкусни со пријатен мирис, односно, благата пијачка за него. Тој ја препознава природната убавина и трча кон неа. Дури и мислата да направи некакво зло доведува до треперење на неговиот дух.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Човекот не треба да смета дека е големо постигнување или гордост тоа што тој повремено се жали и плаче. Не е постигнување повременото плачење во текот не намаз, или развивањето на состојба на емоција и кроткост на срцето. Тоа не треба да се смета за врв на достигнувањето. Вистински духовен напредок е кога човекот ги избегнува сите недостатоци и прави само честити дела за да го добие задоволството на Возвишениот Аллах.“

Објаснувајќи понатаму како човекот може да прави честити дела, Ветениот Месија а.с. вели дека постојат два аспекта од кои едниот е човекот да се воздржи од недостатоците а другиот е да прави честити дела. Тоа е поделено во два дела.

Ветениот Месија а.с. вели:

„При правењето на добри дела постојат два аспекта: постојат дела кои се задолжителни и оние други кои се доброволни. Тие се поделени на два дела, некои побожни дела се задолжителни а некои побожни дела се доброволни. Задолжителните дела кои се неопходни за секој поединец вклучува отплатување (или враќање) на долгот …, но сепак, покрај сите задолжителни работи тука се и доброволните работи односно, обратните работи кои се поголеми од задолжителните. На пример, ако некој возврати на доброто дело и понатаму направи уште поголемо добро дело, побожната работа ќе се смета за доброволно дело.“

Потоа, наведувајќи хадис во врска со ова, Ветениот Месија а.с. вели:

„Евлиите и Божјите робови своите религиски обврски ги исполнуваат преку доброволни дела.“

На пример, покрај зекат тие исто така даваат и садака (доброволна милостина). Семоќниот Бог е пријател на таквите поединци и ова пријателство станува толку силно што изгледа како да Семоќниот Бог ги преставува нивните раце и стапки, како што е и објаснето во хадисот на Чесниот Пратеник с.а.в.с. каде Семоќниот Бог вели:

        „Јас ги преставувам нивните раце и стапки до таа мера што Јас      станувам нивниот јазик со кој тие зборуваат.“  

Кога човекот ја зголемува својата вера и неговата вера во Бог нагло расте, тогаш тој прави добра дела со цел Семоќниот Бог да биде задоволен. Како резултат на тоа, Семоќниот Бог на тој поединец му дава прилика да направи уште повеќе добри дела.

Според тоа, што се донесува на ова Ветениот Месија а.с. вели:

„Во намерата на исламот е предвидено да едно добро дело раѓа друго добро дело.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Јас се сеќавам дека во книгата Тадхкира-тул Аулиа (книга која содржи биографиии за некогашните евлии) прочитав дека еднаш постоел некој постар човек кој имал деведесет години и го обожавал Сонцето. Во тоа време невообичаено често паѓал дожд. Тој се качил на покрив и им фрлал семе на птиците за да јадат. Како дождот непрекинато паѓал тој продолжувал да го фрла семето. Еден сосед кој му бил во близина, а кој бил постар муслиман, му рекол: ’Стар човеку! Што правиш?‘ Тој одговорил: ’Брату мој, непрекинато дождот паѓа веќе шест дена. Јас фрлам семе за да јадат птиците.‘ Овој постар муслиман рекол: ’Твоите дела се залудни и нема корист од нив. Ти си кафир (неверник), која награда ќе добиеш за возврат на тоа?‘ Односно нема да заработиш никаква награда бидејќи си неверник. Стариот човек одговорил: ’Јас сигурно ќе добијам награда за ова.‘ Тој имал вера во Семоќниот Бог и сепак и наспроти своето обожавање имал религиозна природа и тоа бил внатрешниот глас на неговото срце кој го уверил дека ќе прими награда за своето дело. Господинот (муслиман) рекол: ’Јас отидов на аџилак (аџилак во Мека) кога погледни, видов дека тој, истиот стар човек правеше обиколка околу Каба.‘ (Истиот стариот човек кој го обожавал огнот и фрлал семе на птиците, извршувал Таваф (обиколка околу Каба) во текот на аџилак). ’Бев запрепастен кога го видов, и кога му пријдов тој прв го започна муабетот. Пред да можев било што да кажам тој почна да зборува и рече: ’Дали моето фрлање на семето на птиците беше залудно? Или, зарем јас не примив награда поради тоа? Јас денес сум муслиман и правам аџилак. Сето ова е поради наградата која Аллах ми ја дал затоа што ги хранев птиците‘.“

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Човекот треба да се замисли над фактот дека Семоќниот Аллах не дозволил побожните дела на неверниците да бидат изгубени, па тогаш дали Он ќе одобри честити дела на муслиманите да бидат изгубени?“

Ветениот Месија а.с. продолжува и вели:

„Јас се сеќавам за случка која е поврзана со асхаб (на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.) кога тој рекол: ’О Аллахов Веровеснику! Кога бев неверник давав многу милостина. Дали ќе добијам награда за тоа?‘ Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му одговорил: ’Таа садака (милостина) ти овозможила да го прифатиш исламот.‘ (награда за оваа садака е тоа што денес си муслиман).

Додека објаснувал дека доблест е и тоа кога работите кои ни се одобрени ги држиме во одредени граници, Ветениот Месија кажувал:

„Коренот на честитост е да не пречекорувате во прифаќањето на дозволените задоволства и во желбите кои се световните желби.“

На пример, Семоќниот Бог не ги забранил храната и пиењето, но ако човек тоа го прави како редовна активност и деноноќно да зема храна и пиење, тогаш тој нив им ја дава предноста пред верата. Слично на тоа е и кога возачот на коњските коли патува далеку тогаш тој на 15 милји го чувствува заморот на коњот и го пушта да дише, да застане и му дава храна за да го отстрани неговиот замор. Така, исто и пратениците учествувале во задоволствата на овој свет. Тие се ожениле, имале деца, јаделе и пиеле. Пратениците исто така земале учество во овие работи.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Задоволство кое тие го примале од световните работи е од оваа природа од причина што им била дадена задача да го подобрат светот. Ако Божјата милост не била со нив тогаш тие немало да постојат.“

Еднаш некој на Хазрети Халифа-тул Месих I р.а. му изнел обвинение против Ветениот Месија а.с. во кое кажал дека Ветениот Месија а.с. исто така јаде пилав (традиционално индиско јадење со ориз). Човекот ја изнел оваа критика и рекол дека слушнал како Мирза сахиб јаде пилав. Хазрети Халифа-тул Месих I р.а. му одговорил и рекол: ’Јас никогаш никаде не сум прочитал во Чесниот Кур‘ан ниту во хадисите да се зборува дека за пратениците ова јадење е забрането. Каква е штетата во тоа ако тој го јаде ова јадење?‘

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш на еден асхаб му кажал:

„Јас јадам добра храна, носам добра облека, се оженив и имам деца, јас спијам но исто така правам ибадет. Затоа, треба да ја следите мојата пракса.“

Доблест и честито дело е да се држите до умереност во сите одобрени работи.

Потоа, додека го објаснувал аспектот на учење кое се однесува на доблест во поглед на нашето однесување кон тие на власт и кон нашите пријатели и роднини, Ветениот Месија а.с. рекол:

„Нашето учење ни кажува дека со сите треба љубезно да се однесуваме. Бидете им вистински послушни на оние кои се на власт бидејќи тие не заштитуваат.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Тие (владата) го штитат човековиот живот и имотот и исто така треба љубезно да се однесуваат кон членовите на семејството бидејќи и тие имаат одредени права. Меѓутоа, ние не смееме да извршуваме намаз зад оние кои не се богобојазливи и се вплеткани во штетни нови работи и ширк (идолопоклонството) и ни се спротивставуваат.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Нашиот принцип е со секого да се однесуваме љубезно. Оној кој во однос на тоа не се однесува љубезно со другите како ќе има дел од наградата на Другиот свет?“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Ако некој каже дека во времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. неверниците биле убивани, одговорот е всушност до тоа дека тие биле виновни за зли завери и за без причинско убивање на муслиманите. ( Тие ги убивале муслиманите и се однесувале сурово кон нив). Затоа биле казнети поради своите престапи, а не затоа што го одбиле исламот. Ако некој едноставно нешто одбива тука нема никаков елемент за зло или суровост со тоа да не стане средство за давање казна на овој свет.“

Колку поединецот треба да го прошири опсегот на своите доблести?

За тоа Ветениот Месија а.с. вели:

„Запомнете, опсегот на сожалување според моето мислење е многу широк и човекот не треба да изостави ниту една нација и ниту една личност… Јас постојано ве советувам да не го ограничувате опсегот на сожалувањето и да се држите до учењето кое Семоќниот Бог го објавил во поглед на сожалувањето а тоа е: првиот степен на доблеста е човекот да го посвои Адл (правда) и исто така кога некој вам ви прави добро и вие морате да возвратите со добро. Другиот стадиум е ихсан, а тоа е во одговор на нечие добро морате да возвратите со поголемо добро. Иако овој степен е поголем од Адл (правда) можно е оној кој прави исхан другиот да го потсети за своите наклонетости кон него. Оттаму највисокиот степен од сите е кога човекот прави добро кое е родено од неговата лична љубов за другиот и не е направено со намера на давање услуга (наклонетост) на некој, како што мајката го храни своето дете. Мајката не бара никаква награда или било што за возврат за подигање на своето дете, всушност, тоа е природен нагон поради кој таа е подготвена да ја жртвува секоја удобност. Замислете кралот да нареди мајката да престане да го храни детето и детето почине. Во тој случај таа пред законот не е виновна, но дали таа наредбата со задоволство би ја следела? Сигурно не!… Според тоа, човекот треба да прави добро на другите на ист начин и треба да достигне степен каде тоа станува природно однесување, бидејќи кога одредена пракса постепено се развива во природен феномен тогаш таа стекнува степен на совршенство.“

Така, добрите дела треба да бидат такви што нивната идеја природно ќе се појави во срцата на луѓето.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Сожалувањето кон луѓето родено од нагон е познато како Зил Курб (давање на ближниот). Со спомнувањето на ова Семоќниот Бог сака да го кренете стандардот на добри дела до степен на ијатаи зил Курб, односно, тоа да стане природен нагон. Сè додека некоја постапка не го достигне овој степен каде станува природен нагон, не може да се дојде до состојба на совршенство.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Запомнете дека Семоќниот Бог е силно задоволен со добри дела и Он сака човекот да покажува сожалување кон Неговите суштества. Да Он посакува зли дела тогаш Он би го поттикнувал човекот тоа и да го прави, меѓутоа, Семоќниот Бог е исчистен од такви нешта – возвишен е Он и голема е Неговата Величественост.“

Нека Семоќниот Аллах не оспособи да правиме  добри дела со цел да го стекнеме Неговото задоволство и да ја постигнеме целта.

        „Натпреварувајте се во добри дела“,

тоа Аллах џ.ш. го поставил за нас.

По џума намаз јас ќе клањам џеназа за починатите чии тела се отсутни.

Првата џеназа се однесува за уважениот Хамид Масксоод Атиф сахиб кој бил мисионер на Заедницата и син на професорот Масоод Ахмад Атиф сахиб. Тој поради болест на бубрезите почина на 48 години во Тахир институтот во Рабва, на 22 октомври 2017 година. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Втората џеназа се однесува за Али Саеед Муса сахиб бивш Амир (национален претседател) на Танзанија, кој почина на 30 септември 2017 година на 60 годишна возраст. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Нека Аллах допринесе неговите потомци да ги продолжат неговите добри дела и нека Аллах ја воздигне неговата положба.

Третата џеназа се однесува за уважената Нусрат Бегум Садика сахиб која била по потекло од Гурмаул Варк но живеела во Рабва. Починала во ноќта помеѓу 16 и 17 октомври во Тахир институтот за срце. Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Таа била мајка на Момин Тахир сахиб, кој е на должноста во арапското одделение. Нејзината најистакната одлика била нејзината љубов кон Тевхид (Божјата Единственост) и пополно ги отфрлала ширкот (клањањето на идолите) и штетните не исламски работи во верата. Намазите ги извршувала со ревност и редовно го учела Чесниот Кур‘ан. Хузур а.т.б.а. направи дова Семоќниот Аллах да ја воздигне нејзината положба и нејзиното семејство да го оспособи да ги следи нејзините стапки.

Поврзани вести