ВЕСТИ Хутби 2020 

Луѓе со исклучителни особини

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

„Добив информации дека Алдершот џемаат бил на прво место за Вакф-е-Џадид во Велика Британија.“

Потоа, Хузур а.т.б.а. продолжи да зборува за асхабите кои учествувале на битката кај Бедр. Хузур а.т.б.а. појасни одредени информации во врска со хазрети Са‘д бин Убадах за кого зборуваше на 27 декемвр, 2019 година.

Кога се водела битка кај рововите, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се советувал само со двајца асхаби, хазрети Са‘д бин Му‘аз и хазрети Са‘д бин Убадах р.а., во врска со праќањето на третина урми од Медина на Ујаинах бин Хисн, под услов луѓето од племето Гхатафан да се вратат назад. Меѓутоа, ако тоа не се случило, правилата која порано постоеле и понатаму требало да се применуваат на нив. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил задоволен со нивниот одговор.

Во текот на битката кај Бану Кураиз, хазрети Са‘д бин Убадах р.а. на неколку камили ги натоварил урмите, кои ги испратил како храна за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и за останатите муслимани. Во таа прилика Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Колку добар оброк во исхраната се урмите!“

За време на битката кај Маута, која се одвивала во Џумаида ал-ула во осмата година после Хиџра, хазрети Заид р.а. станал шехид. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отишол кај него дома за да изрази сочувство. Неговата ќерка дошла кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и плачела. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. исто така се расплакал. Хазрети Са‘д бин Убадах р.а. потоа запрашал:

„Што е причина за тоа?“

На тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил:

„Ова е реакција на саканиот кон неговиот сакан.“

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тргнал во освојување на Медина, Курејшиите ја добиле веста за тоа случување и почнале да истражуваат. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му наредил на хазрети Аббас р.а. да го задржи Абу Суфијан кај преминот во планината за да може да ја види муслиманската војска, и во исто време да ја види нејзината верност и побожност.

Арапските племиња тој ден марширале како војници на патот на верата и извикувале слогани за исламот. Нивната преданост кон исламот можела да се види на нивните лица, да се слушне во нивните песни и слогани. На крајот дошол и Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с., окружен со војските на Ансариите и Мухаџирите. Кај сите останати овој призор се покажал нај впечатлив. Муслиманите ги преплавувала верност, побожност и решителност. Абу Суфијан бил потполно немоќен. Тогаш, тој рекол:

„Аббас твојот роднина станал најмоќен крал на светот.“

Аббас му одговорил:

„Уште си далеку од вистината, Абу Суфијан, тој не е крал, тој е Пратеник, Божји Пратеник.“

„Да, да, нека биде како што велиш, Пратеник.“,

додал Абу Суфијан.  

Додека муслиманската војска марширала покрај Абу Суфијан, главатарот на Ансариите, Са‘д бин Убадах р.а. го здогледал Абу Суфијан и не можел да се воздржи зборувајќи дека Бог тој ден озаконил тие со сила да влезат во Мека и Курејшиите да бидат понижени.

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. поминувал Абу Суфијан го запрашал:

„Дали ти си дозволил колеж на своите браќа и роднини? Зарем нема да заборавиш што сè направил твојот народ?“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му одговорил:

„Не е денот за колеж. Ова е ден за проштавање. Курејшиите и Ка’ба ќе бидат почестени од Бог.“

Потоа пратил по Са‘д и му наредил знамето на Ансариите да го предаде на својот син Кејс, бидејќи од тој момент тој ќе стане командант на ансариската војска.

Битката на Хунејн  (позната како Хаваазина битка) се случила по освојувањето на Мека во Шевал, осмата година по Хиџра. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пленот од оваа војна го поделил на Мухаџирите. Ансариите, поради тоа, биле вознемирени. Хазрети Са‘д бин Убадах р.а. тоа му го кажал на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој побарал да го собере племето.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. по величањето на Семоќниот Аллах рекол:

„О Ансарии, што се случува? Ми кажаа дека сте вознемирени бидејќи не добивте ништо од воениот плен. Пред да дојдам кај вас не бевте ли во заблуда? Семоќниот Аллах ви даде упатство. Не бевте ли сиромашни пред Семоќниот Аллах да ви даде богатство? Не бевте ли непријатели едни на други сè додека Семоќниот Аллах не ја всади љубов во вашите срца, едниот кон другиот…?“

Тие одговориле:

„Навистина, Аллах и Неговиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се добри добротвори.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. потоа кажал:

„О Ансарии! Зарем не ви се допаѓа што другите дома ќе се вратат со овци, кози и камили, а вие ќе се вратите заедно со Аллаховиот Пратеник?“

Чесниот Пратеник с.а.в.с. се молел:

„О Аллах! Благослови ги Ансариите, ансариските синови и ансариските внуци.“

По повод хаџатук Вид, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отпатувал од Медина на аџилак. Кога стасал на местото на аџилак неговата камила ја снемало. Хазрети Са‘д бин Убадах р.а. дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. заедно со својот син Кејс р.а. и ја довел камилата натоварена со сите потребни работи за пат. Кога Са‘д р.а. дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. изгубената камила се појавила. Хазрети Са‘д р.а. рекол:

„Аллахов Пратенику! Слушнавме дека твојата камила заедно со тие работи за пат ја снемало. Те молам, наместо неа земи ја нашата камила.“

Чесниот Пратеник с.а.в.с. одговорил:

„Семоќниот Аллах ми ја врати камилата. Можете да ја вратите камилата што ја донесовте; нека Семоќниот Аллах и двајцата ве благослови.“

Хазрети Усама бин Заид р.а. вели:

„Една од ќерките на Чесниот Пратеник с.а.в.с. ми кажа дека нејзиниот син е на смртна постела и дека би требало да дојде да ги види. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отишол да ги види, детето го испуштало последниот здив. Кога го видел во таква состојба Чесниот Пратеник с.а.в.с. се расплакал.

Хазрети Са‘д рекол:

„Аллахов Пратенику! Што е ова?“.

На тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил:

„Тоа е благодарение на милоста која Семоќниот Аллах ја всадил во срцата на луѓето, а Семоќниот Аллах својата милост ја дава само на оние кои милоста ја покажуваат кон другите.“

Емоционалната состојба не е нешто необично, таа постои единствено благодарејќи на милоста на Семоќниот Аллах.

Кога хазрети Са‘д бин Убадах р.а. се разболел, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.  отишол да го посети и согледувајќи ја неговата состојба се расплакал. Кога луѓето видел како Чесниот Пратеник с.а.в.с. плаче почнале и тие да плачат.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Слушнете ги моите зборови! Семоќниот Аллах никогаш не ги казнува солзите кои се пролеани, ниту срцето кое чувствува болка. Наместо тоа, ќе покаже милост поради тоа.“

Потоа Чесниот Пратеник с.а.в.с. покажал на својот јазик и тогаш рекол:

„Починатиот прима казна ако членовите на неговото семејство кукаат и врескаат над него.“

Хазрети Са‘д бин Убадах р.а. не починал во текот на овој интензивен период на болест.

Хазрети Џабир бин Абдуллах бин Харам вели:

„Еднаш, татко ми ме прати да земам намирници и да зготвам харира, и јас тоа го направив.“

Харира е познато јадење кое се подготвува од брашно, путер и вода.

„По наредбата на таткото ја земав харира и ја однесов на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ме праша:

„О Џабир, дали ова е месо?“

Јас одговорив:

„Аллахов Пратенику с.а.в.с., не тоа е харира.“

На татко ми му кажав дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ме праша дали тоа што сум му го однел е месо. Кога татко ми го слушна ова помисли дека можеби Чесниот Пратеник с.а.в.с. сака да јаде месо и веднаш закла коза, а потоа го свари месото и ми кажа да го однесам на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Го однесов козјото месо кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и тој рече:

„Аллах! Подари наградата на Ансариите од мене, посебно на Абдуллах бин Амр бин Харам р.а. и на Са‘д бин Убадах р.а..“

Во друг хадис кој го пренесува Абу Хурејре р.а. се наведува дека хазрети Са‘д бин Убадах р.а. го прашал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.:

„Ако видам некој со мојата жена, смеам ли нешто да му направам додека не најдам четири сведока кои виделе како правам зло?“

Чесниот Пратеник с.а.в.с. му одговорил:

„Да“.

Хазрети Са‘д бин Убадах р.а. рекол:

„Сигурно, се колнам во Него кој тебе те пратил со вистина, дека, ако тоа ми се случи работата ќе ја завршам со меч.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с на луѓето кои биле присутни им рекол:

„Слушајте што вашиот водач ви зборува! Исполнет е со чест, но јас поседувам поголема чест од него, а Аллах Семоќниот има најголема чест.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. продолжил:

„Не постои никој кој поседува поголемо чувство на чесност од Семоќниот Аллах, и не постои никој кој е позадоволен од Аллах ако некој прифати покајание.“

Од таа причина, Семоќниот Аллах своите Пратеници ги прогласил за носители на радосни вести и за оние кои предупредуваат. (Ја даваат радоста и ги предупредуваат луѓето). Уште повеќе, не постои никој кој е по вреден за пофалба од Семоќниот Аллах, затоа Аллах џ.ш. ветил Џеннет како награда. Да се воздржиш од гревот, всушност, е пофалба на Семоќниот Аллах и токму поради таа причина Семоќниот Аллах го дал ветувањето за Џеннет.

Значи, иако Семоќниот Аллах казнува, не го прави тоа веднаш. Човекот може да избрза во извршување на казна поради чувството на честа. Аллах џ.ш. опростува на оној кој ќе се покае и го наградува. Значи, Семоќниот Аллах не само дека опростува туку и наградува. Затоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. изјавил дека луѓето во своето делување не смеат да ги преминуваат наредбите на Семоќниот Аллах.

Хазрети Са‘д бин Убдах вели дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го одредил за надгледување на фондацијата за садака (доброволно давање) кое му припаѓа на едно племе. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го советувал секогаш да стравува од Аллах џ.ш. за на судниот ден да не се појави во состојба на натоварена камила која крвави. Хазрети Са‘д р.а на тоа кажал:

„Аллахов Пратенику! Довери ја оваа одговорност на некој друг.“

Поради тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не му ја доделил должноста. Затоа, оној на кого му е доверено надгледување на нешто мора да биде сигурен дека кон сите ја исполнува должноста, воспоставува правдина и не е нечесен. Ако тоа не го направите, тежок грев е, а за гревот ќе бидете одговорни на Судниот ден.

Во текот на животот на Чесниот Пратеник с.а.в.с. шест асхаби го собрале целиот Чесен Кур‘ан во една книга, а хазрети Са‘д бин Убадах бил еден од нив. Хазрети Муслех Мауд р.а. во врска со ова наведува дека меѓу Ансариите се следните имиња на Хафизите (оние кои го запомниле Чесниот Кур‘ан): Убадах бин Самит, Муаз, Мујама бин Харис, Фузала бин Убаид, Маслама бин Муккхалад, Абу Дурда, Абу Заид, Заид бин Сабит, Уббеј бин Каб и Са‘д бин Убадах Умме Варка.

Историските извори докажуваат дека постоеле многу асхаби кои го запомниле Чесниот Кур‘ан. Останале неколку коментари за хазрети Са‘д бин убадах р.а. кои иншаАллах ќе ги спомнам во следната хутба.

Поврзани вести