ВЕСТИ Хутби 2020 

Луѓе со исклучителни особини

По пручениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

Асхабот кој денес ќе го спомнам е хазрети Абдуллах бин Раваха р.а.. Името на неговиот татко било Раваха бин Салабах.

Хазрети Абдуллах бин Раваха р.а. учествувал во баи‘ат (заклетва) на акаба и бил водач на Бану Харис бин Хазраѓ. Титулата му била Абу Мухаммед.

Хазрети Абдуллах бин Раваха р.а. учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги и битките на Бедр, Ухуд, Хендек, Худебијски договор, Хајбер и ‘Умратул Кадаа. Бил убиен во битката на Маута и бил еден од заповедниците во текот на оваа битка.

Во еден хадис се спомнува дека хазрети Абдуллах бин Раваха р.а. дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. додека тој држел хутба и во текот на таа хутба на луѓето (внатре во џамија) им рекол:

„Седете.“

Кога хазрети Абдуллах бин Раваха р.а. ги слушнал овие зборови, тој сè уште стоел пред џамијата, но веднаш седнал. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. завршил со хутбата и дознал за овој инцидент, му рекол:

„Нека Аллах ти ја зголеми послушноста кон Аллах џ.ш. и Неговиот Пратеник.“

Сличен хадис, исто така, е спомнат во книгите на хадисите, кои се однесуваа на хазрети Абдуллах бин Мас‘уд. Хазрети Абдуллах бин Раваха р.а. сакал собирања во кои се зборувало и во кои се оживувала верата, а Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Нека Аллах џ.ш. се смилува на Абдуллах бин Раваха. Тој ги сака такви собирања на кои дури и мелеците завидуваат.“

Хазрети Абу Хуреира р.а. пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Колку исклучителен човек е Абдуллах бин Раваха!“ 

По освојувањето на Хајбера, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пратил хазрети Абдуллах бин Раваха р.а. да направи процена за приносот од овошјето и земјата.

Исто така, тој бил поет и бил меѓу оние поети кои со своите стихови одговарал на навредите на противниците на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Убадах бин Самит р.а. вели дека кога хазрети Абдуллах бин Равахи р.а. бил болен Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дошол да го посети но тој не можел да стане од кревет.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. прашал:

„Дали знаете кои се шехиди од мојот уммет?“

Луѓето одговориле:

„Шехиди се оние муслимани кои се убиени.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с рекол:

„Оној муслиман кого ќе го убијат е шехид, оној кој умре од болки во стомак е шехид, оној кој ќе се удави е шехид, и жена која почине во текот на пораѓањето е шехид, сите тие се разни видови на шехиди.“

Хазрети ‘Урвах бин Заид р.а. пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го поставил хазрети Заид бин Харис р.а. за заповедник на војската во битката на Му‘тах и изјавил дека ако хазрети Заид р.а. стане шехид, тогаш заповедник ќе биде хазрети Џафер бин Абу Талиб р.а.. Ако и тој стане шехид, тогаш контролата ќе ја преземе хазрети Абдуллах бин Раваха р.а.. Ако и Абдуллах р.а. стане шехид, муслиманите за заповедник би требало да постават кого сакаат. Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја испратил оваа војска. Кога војската отпатувала Чесниот Пратеник с.а.в.с. им рекол на луѓето дека хазрети Заид р.а., хазрети Џафар р.а. и хазрети Абдуллах р.а. станале шехиди, и сето тоа им го кажал пред да добие известување дека биле убиени. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. известил за случувањата онака како што се случиле и кога добиле вест во врска со хазрети Заид р.а., хазрети Џафер р.а. и хазрети Абдуллах р.а. станал и им ја изразил честа.

Хазрети Ибн Аббас р.а. вели дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш пратил одредени асхаби р.а. во експедиција, меѓу кои бил и Абдуллах бин Раваха р.а.. Бил петок и останатите асхаби р.а. кои биле дел од оваа делегација заминале, меѓутоа хазрети Абдуллах бин Раваха р.а. рекол дека ќе остане зад нив и џума намаз ќе ја клања зад Чесниот пратеник с.а.в.с. и потоа ќе и се придружи на делегацијата. Кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. го видел хазрети Абдуллах бин Раваха р.а. дека клања зад него, му кажал дека делегацијата која заминала на оваа експедиција е поважна во ова време од тоа тој да остане и да клања џума, и дека можеле да клањат џума и додека патуваат.

Хазрети Абу Дарда р.а. пренесува дека во една прилика хазрети Абдуллах бин Раваха р.а. отишол со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тоа бил топол ден во месецот Рамазан. Наведува дека било толку многу жешко, што сите со раце ја покривале главата за да се заштитат од сонцето. И понатаму, вели дека никој тој ден не ги посетил освен Чесниот Пратеник с.а.в.с. и хазрети Абдуллах бин Раваха р.а..

Ова беа извештаи од животот на хазрети Абдуллах бин Раваха р.а.

Сега ќе спомнам некои детали од животот на уважениот др. Латиф Ахмад Курешиј, кој бил син на Манзуур Ахмад Курешиј сахиб. Почина на 19 јануари 2020 година околу 13:00 часот попладне во 80-та година од животот.

Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Со милоста на Семоќниот Аллах тој бил Муси. По дипломирањето на медицинскиот факултет Крал Едвардс (King Edwards) во 1961 година отпатувал во Велика Британија. По МРЦП (MRCP), работел како советник во болницата во Јеовил, Сомерсет и се специјализирал за болести на срцето. Во 1968 година хазрети Халифа-тул Месих III р.х. го прашал др. Сахиб кога планира да се врати кај нив, а др. Сахиб одговорил дека тоа ќе го направи кога Хузур а.т.б.а. тоа ќе го побара од него. И така, хазрети Халифа-тул Месих III р.х. побарал да се врати и тој ја напуштил Велика Британија и се вратил во Пакистан. Др. Сахиб бил вработен во болницата Фазли Умар во Рабва и таму продолжил да работи долго време. Вкупно работел некаде околу 30 години. Неговата сопруга, која била ќерка на Маулана Абдул Малик Кхан сахиб, починала пред неколку дена. Нека Семоќниот Аллах ја подари својата милост и проштавање над нив, двата родители на нивните деца починале во доста кратко време, нека Аллах џ.ш. на нивните деца им подари трпение и истрајност.  Нека Аллах џ.ш. овозможи на нивните деца да ги продолжат добрите дела на нивните родители. Како што е спомнато, мајката на др. Курешиј сахиб е жива, но не во добра состојба, нека Аллах џ.ш. и се смилува и нека и ги подари Неговите благослови.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap