ВЕСТИ Хутби 2020 

Луѓе со исклучителни особини

По пручениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

Ќе ги спомнам последните детали во врска со животот на хазрети Са‘аад бин Убадах р.а..

По смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Ансариите сакале Са‘д бин Убадах р.а. да стане Халифа, бидејќи тој бил водач на нивната заедница. Кога хазрети Абу Бакр р.а. бил избран за Халифа, хазрети Са‘д бин Убадах р.а. станал нерешителен.  Откако бил избран за Халифа хазрети Абу Бакр р.а. пратил порака на Са‘д бин Убадах р.а. повикувајќи го да земе баи‘ат (заклетва), која тој ја одбил. Неговото племе дало заклетва на верност, но хазрети Са‘д бин Убадах р.а. тоа го одбил. По консултација со своите советници, хазрети Абу Бакр р.а. решил да го остави на мира. По смртта на хазрети Абу Бакр р.а., хазрети Омар р.а. бил избран за Халифа. И овој пат хазрети Са‘д бин Убадах р.а. одбил да даде баи‘ат и се преселил во Сирија.

Хазрети Муслех Мау‘уд р.а. јасно објаснил зошто е важно да се даде заклетва на Халифата, каков е статусот на халифатот и какво значење има однесувањето на хазрети Са‘д. Хазрети Муслех Мау‘уд р.а. објаснил дека можеби хазрети Са‘д бин Убадах р.а. бил навреден затоа што не бил избран за Халифа, и не почитувал тоа дека муслиманите со консензус избирале Халифа, и затоа одбил да ја положи заклетва на верност. 

Хазрети Муслех Мауд р.а. во една од своите хутби изјавил:

„Катал (на урди значи да се убие), но, исто така, значи прекинување на врски. Меѓутоа, хазрети Омар р.а. не го убил, ниту пак некој друг асхаб. Според тоа, единствена интерпретација на фразата:

’Да се убие‘

е, всушност, прекинување на врска со него, односно, секој од заедницата да ја прекине врската со него.“

Според хадисите хазрети Са‘д бил се уште жив и по халифатот на хазрети Омар р.а. и никој на него не кренал рака.

Хазрети Муслех Мауд р.а. вели:

„Статусот на Халифатот е таков што одвојувањето од него не заслужува никаква чест.“

Хазрети Муслех Мауд р.а. објаснил дека хазрети Халифа-тул Месих I р.а. дека во Чесниот Кур‘ан е кристално јасно дека прв непријател на халифатот е Иблис. Возвишениот Аллах Адем го направил прв Халифа (наследник) а негов непријател бил Иблис. 

Хазрети Халифа-тул Месих I р.а. тогаш рекол:

„Јас сум Халифа, а тој што е мој непријател е (манифестација) на Иблис.“

Хазрети Муслех Мауд р.а. објаснил дека Халифа можел да биде ’Мамуур‘ (дословно ’заповедан‘) или не ’Мамуур‘. Хазрети Адем бил ’Мамуур‘ и Халифа. Секој Пратеник е ’Мамуур‘ како и Халифа.

Во исто време постои наредба за послушност кон Халифа и ’Мамуур‘. Навистина, постои јасна разлика во причината зошто треба да се покаже послушност и кон двата; треба да се покаже послушност кон Пратеникот бидејќи тој е жариште на Божјата објава и чистота а Халифата треба да се послуша бидејќи е поставен да ги извршува и шири објавите кои Пратеникот ги донел. Оваа послушност е безусловна и не може да се напушти поради лична грешка на  Халифата. Никогаш не може да и се сврти грб на послушноста која Семоќниот Аллах ја одредил. Улога на Халифата е да воспостави единство и тогаш послушноста кон него е задолжителна.

Хазрети Муслех Мауд р.а. објаснил дека Бог им дозволува на Пратениците да направат човечки грешки, за да ја покаже разликата помеѓу Бог и пратеништвото. Божјиот начин е оној според кој Пратениците имаат природни човечки слабости и Бог во тоа не се меша. Овие човечки грешки служат како извор за морална обука на нацијата, на пример, постои Сехви сеџда ако ненамерно некој погреши во текот на намаз. Значи, ова е таква грешка која можат дури и Пратениците да ја направат.

Аллах џ.ш. ги чува сите постапки на Пратениците. За Халифите сите нивни дела  кои се поврзани со напредокот на заедницата се под Божја заштита. Дури, и ако Халифата некогаш погреши, Возвишениот Аллах презема лична одговорност тоа да го исправи. Накратко, Халифата не е одговорен за своите постапки во врска со Низам (постоечки систем во Џемаатот), туку самиот Бог е одговорен. Потоа, се вели дека Возвишениот Аллах го бира самиот Халифа. Меѓутоа, тоа не значи дека Халифата не може да погреши.

Значи, Возвишениот Аллах ги поправа грешките преку Халифата, или, алтернативно Возвишениот Аллах осигурува да ниедно негативно дело не биде резултат на било која грешка која Халифата ја направил.

Хазрети Муслех Мауд р.а. објаснува дека во секој случај е потребно да се биде послушен кон Халифата, бидејќи тоа е неопходно за несметано функционирање на системот ’Сијасат‘ ( т.е. политика) на Џемаатот. Некои веднаш ќе се изненадат кога ќе го слушнат изразот ’политика на Џемаатот‘ љубопитно размислувајќи што значи ова. Во општата терминологија, зборот ’политика‘ има негативна конотација. А навистина, во лексиконот зборот ’политика‘ значи правилно функционирање на системот, користење на разумот кога нешто се спроведува, осигурување за постоење на систем за спречување на злото, користење на разумот и мудроста за нешто да се спроведе, и да се оспособи за правилно решавање на меѓународните прашања.

Хазрети Муслех Мауд р.а. овде го употребува зборот ’политика‘ за позитивно толкување, и значи мудрост, разбирање, интелигенција, острина и способност потребна за правилно функционирање на системот.

Хазрети Муслех Мауд р.а. понатаму вели:

„… еден од најважните атрибути на Халифатот е спроведување и подржување на администрацијата. Затоа,  задолжително е земање на баи‘ат. Хазрети Са‘д бин Убадах р.а. не го дал баи‘атот на Халифатот и затоа асхабите р.а. повеќе не сметале дека е на исто ниво и чест  како порано, и не биле задоволни со него. Затоа, да се тврди дека е можно да се одржи чин и статус без давање на баи‘ат на Халифата и без придржување на Низам и ислам, потполно е спротивно на историјата на учењето на исламот.

Хазрети Са‘д бин Убадах р.а. починал во Сирија, тој бил во тоалет, некој го погодил со стрела и тој умрел. Мезарот на хазрети Са‘д р.а. се наоѓа во селото наречено Мунаиха кое се наоѓа во јужниот дел, близу до Дамаск.

Сега ќе спомнам неколку детали за две починати личности и ќе им клањам џеназа во отсуство.

Првиот е почитуваниот Сајед Мухаммад Сарвар Схах сахиб кој бил член на Садр Анџуман Ахмадија Кадијана. Починал на 8 јануари во 85-та година од живот. 

Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Боледувал од канцер, но болеста ја поднесувал со голема сила, трпение и решителност и сè до смртта продолжил да ги извршува своите должности. Во 1955 година, по пензионирањето, својот живот го посветил во служба на Џемаатот. Во 1966 година хазрети Халифа-тул Месих IV р.х. му доверил разни одговорности. Имал прилика да изврши Умра.

Хазрети Халифа-тул Месих IV р.х. исто така го именувал за ревизор. До смртта служел како ревизор. Тој, исто така, имал прилика девет години да службува во Каза одборот. Слично на тоа, имал прилика да работи и како член на многу одбори. Исто так,а имал прилика да биде член на Садр Анџуман Ахмадија сè до смртта.

Имал сјајни административни вештини. Бил многу редовен во извршување на тахаџуд намаз. Секогаш бил точен во извршувањето на своите намази и ги клањал во Мубарек џамија. Кога рацете и нозете му станале многу слаби со помош на другите влегувал во џамијата. Секогаш одел на време на џума и седел во првиот саф. Останувал во џамијата по акшам намаз до јација и времето го поминувал клањајќи нафили, учејќи дови и се сеќавал на Семоќниот Аллах.  

Втората џеназа е за почитуваната Шаукат Гохар сахиба која била сопруга на др. Латиф Кураиш сахиб од Рабва и ќерка на маулана Абдул Малик Кхан сахиб. Починала во Рабва на 5 јануари во 77-та година од животот.

Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Со милоста на Аллах таа била Муси. Нејзиниот татко бил исклучителен научник и таа од мали нозе имала желба да биде во служба на Џемаатот. Извршувала многу должности на многу места повеќе од 50 години.

Со милоста на Семоќниот Аллах била побожна жена и несебична во својата служба во Заедницата. Една од ќерките која живее во САД пишува дека на факултетот другите девојки ја навредувале бидејќи е Ахмади муслиманка.

„И се јавив на мајка ми и плачев, меѓутоа таа ми даде прекрасни совети, наведувајќи дека нема причина за плачење, бидејќи тоа и на сите пратеници им се случувало и јас сега имам прилика да ја следам нивната пракса. Исто така, ми кажа дека ако трпам болка на патот на Ахмадијатот, тогаш Семоќниот Аллах никогаш нема да дозволи да пропаднам.“

Нека Возвишениот Аллах го воздигне статусот на починатите и нека на нивните деца им овозможи да одат по нивните стапки. Нека бидат побожни, праведни, слуги на својата вера и нека секогаш имаат цврста и верна врска со Халифатот.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap