Хутби 2018 

Луѓе со исклучителни особини – Хамза ибн Абдул Мутталиб р.а.

После проучувањето на Шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах ги зацврсти неговите раце) кажа дека во една прилика Ветениот Месија а.с. рекол:

„Каква била состојбата на цивилизацијата, моралот и духовноста на арапската нација во времето на доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.? Војна на секаде, пиење на алкохол, измами и кражби. Накратко, разни разврати се појавувале и земале голем замав… Како и да е, со доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и примајќи го исламот се раширува љубовта и духот на единството и сите беа подготвени да ги положат животите на патот на Возвишениот Бог.“

Понатаму продолжил:

„Преубавите зборови Возвишениот Бог ги изговорил, а тоа се зборовите на пофалба за асхабите.“

        ’Меѓу верниците се луѓе искрени кон заветот кој го дале на Аллах џ.ш.. Меѓу нив се и некои кои својот живот го жртвувале а   некои и понатаму чекаат подготвени да го жртвуваат животот.‘

(33:24)“

Јас зборував за случаите од животот на асхабите и тука се вклучени и асхабите од битката кај Бедр. Како и да е, мислев дека прво треба да позборувам во врска со асхабите кои учествувале во битката кај Бедр, и тоа поради нивниот посебен статус.

Денес ќе зборувам за хазрети Хамза бин Абдул Мутталиб р.а.. Тој бил познат по епитетите Сејјиду-Шухедаа (Водачот на Шехидите), Асадуллах (Аллаховиот Лав), Асаду-Ресул (Лавот на Божјиот Пратеник), сето тоа се пофалби што му биле упатени. Хазрети Хамза р.а. бил син на хазрети Абдул Мутталиб р.а. кој бил поглавар на племето Курејши и амиџа на Божјиот Пратеник с.а.в.с.. Името на неговата мајка били Халлах, која од татковата страна била роднина на хазрети Амина р.а., мајка на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Хамза бил две години постар од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., или можеби четири за кои се зборува во другите спомени. Хазрети Хамза р.а. исто така бил брат по млеко на Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с.. Робинката Саубиа ги доела и двајцата.

Историската случка за тоа како хазрети Хамза го прифатил исламот е и верски инспиративна. Тоа се случило вака.

Еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. седел на камен помеѓу ридовите Сафа и Мерва. Сигурно размислувал како да го воспостави единството на Возвишениот Аллах. Потоа дошол Абу Џехел и штом стасал рекол:

„Мухаммед с.а.в.с., зарем нема да го повлечеш тоа за што зборуваш.“ Потоа продолжил вербално да го навредува на најлош можен начин. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. молчел, седел и толерантно ги слушал навредите. Не прозборел ниту збор. Потоа, кога Абу Џехел завршил со навредите овој бедник пришол и го ошамарил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. И покрај сите овие малтретирања Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. повторно ниту збор не прозборел. Куќата на хазрети Хамза р.а. била пред каменот на кој седел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и тој во тоа време не бил дома. Меѓутоа, една слугинка стоела на врата и целата случка ја набљудувала. Тоа што го видела многу ја растажило. Ништо не можела да направи. Вечерта кога хазрети Хамза се вратил од лов оваа слугинка директно и многу емоционално му се обратила и го прашала, зарем не му е срам да шета наоколу глумејќи храброст. Кога тој ја слушнал многу се намуртил и запрашал во што е проблемот, а таа објаснила дека Абу Џехел го навредувал и го нападнал неговиот роднина Мухаммед с.а.в.с., но Мухаммед с.а.в.с. не возвратил со ништо.

„Зарем не се срамиш што така се однесуваат кон твојот роднина и тоа во твое присуство?“

Хазрети Хамза во тоа време се уште не го имал прифатено исламот. Сепак, кога од слугинката слушнал за случката неговите очи се вцрвиле и мислата за честа на своето семејство го поттикнала бесно и без размислување да се упати кон Каба. Прво направил таваф околу Каба и потоа се упатил кон собир на кој Абу Џехел со големо задоволство се фалел и се исмејувал раскажувајќи за случката.

Кога хазрети Хамза р.а стасал до тој собир, со својот лак силно по глава го удрил Абу Џехел и рекол:

„Ти зборуваш дека си го посрамотил Мухаммед с.а.в.с.. Сега јас тебе ќе те посрамотам! Ако имаш храброст зборувај пред мене.“

Во тоа време во Мека Абу Џехел важел за храбар човек, како крал и водач на нивната нацијата. Хазрети Хамза р.а. на истиот тој собир ја покажал својата вера кога го удрил Абу Џехел по глава со лакот. Му се обратил на Абу Џехел и му рекол:

„Си го пцуел Мухаммед с.а.в.с. само поради тоа што кажал дека му се спуштил мелек. Слушај ме добро, јас исто така изјавувам сè што изјавува и Мухаммед с.а.в.с.. Ако си храбар, и ако се осмелуваш спротивстави ми се.“

Кога ова го кажал Хазрети Хамза р.а. го примил исламот. По раскажувањата дознаваме дека по прифаќањето на исламот од страна на хазрети Хамза р.а. и верата на другите муслимани се зацврстила. Хазрети Хамза секогаш ги прател упатствата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за тоа дека мораме да го сочуваме своето достоинство и својата самопочит.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му кажал да ја учи следната дова:

„О Аллах јас Тебе те молам, осврни се на Твоето Велико Име и на Великиот Вратар на Џеннетот, од кое секогаш имало корист.“

Овие работи ни кажуваат дека хазрети Хамза р.а. имал длабока вера во молитвите, а зошто да не? Низ овие молитви Возвишениот Аллах му ги обезбедил сите домашни работи и сè што му било потребно.

Во историјата за битката кај Бедр и втората година според Хиџра пронаоѓаме уште една случка.

Еден од неверниците, Асвад Бин Абдул Асад Макхузуум, бил грозен и лош човек. Тој се заколнал дека ќе пие од базенот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. каде муслиманите пиеле вода, ќе го урне или ќе умре покрај него. Хазрети Хамза р.а. храбро се борел да го одбрани резервоарот за вода на муслиманите и не дозволил водата да се загади.

Хазрети Али р.а. во врска со битката кај Бедр зборува дека бројот на неверниците бил многу поголем од бројот на муслиманите. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. цела ноќ се молел со длабоки воздишки и голема понизност.

Англискиот историчар, господинот Вилијам Муир, во врска со улогата на хазрети Хамза р.а. во битката кај Бедр напишал дека тој видливо доминирал на фронтот бидејќи носел перо од ној. Во текот на војната, храбро убил многу поглавари.

Во текот на битката кај Ухуд хазрети Хамза р.а. на Вашхи му рекол:

„Можеш ли да ни ја раскажеш случката за убиството на хазрети Хамза р.а..“

Вашхи објаснил дека тој бил роб и дека неговиот газда му ветил оти ако ја освети смртта на неговиот амиџа и го убие Хамза р.а. ќе го ослободи. Вашхи рекол дека во текот на битката кај Ухуд се криел зад големата карпа и само внимавал на Хамза р.а..

„Кога помина крај мене го нападнав со копје и го убив. Тоа беше неговиот последен момент. Кога луѓето се враќаа во Мека јас им се придружив и тука останав. Кога исламот се прошири во Мека јас се преселив во Та‘иф.“

Хазрети Хамза р.а. бил убиен кога имал 59 години, 32 месеци по селидбата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Неверниците ги распарчувале телата на муслиманите сечејќи им ги носовите и ушите. Исто така, го извадиле црниот дроб на хазрети Хамза р.а. и дел од него го дале на Хинда. Хинда се обидувала да го сожвака делот од црниот дроб но не била во состојба да го голтне и го плукнала. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ова го слушнал рекол дека Возвишениот Аллах на огнот му забранил да допре било кој дел од телото на Хамза р.а..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. стоел кај телото на Хамза р.а. и рекол:

„О, Хамза р.а., никакво искушение како ова нема да ми се случи. Никогаш потешко не ми било од сега.“

Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека мелекот Џибрил му јавил дека Хамза р.а. бин Абдул Мутталиб бил именуван за лавот на Божјиот Пратеник на седмото небо.

Хазрети Зубејр р.а. пренесува дека на денот на битката кај Ухуд пред крајот на борбата една жена трчала по фронтот. Сигурно било дека ќе ги види телата на загинатите. Тој се обидел да ја сопре но таа била силна жена и му наредила да се тргне, и дека ништо нема да го послуша што тој ќе и нареди. Тој рекол дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му наредил да ја запре за да не ги види мртвите тела. Кога таа тоа го слушнала извадила две бели платна и рекла дека платната ги донела за братот Хамза р.а. бидејќи и било јавено дека е убиен.

На овој начин се изразувала послушноста на луѓето од тоа време што кога им било соопштено дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. нешто наредил, и наспроти сите маки и болки веднаш ги сопирале емоциите, а жената веднаш запрела кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил спомнат. Ова е случај на потполна покорност.

Хазрети Абу Хуреира р.а. спомнува дека хазрети Хамза р.а. секогаш внимавал на однесувањето кон своите роднини и кон извршувањето на добри дела.

По неговата смрт Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се обратил на неговото мртво тело и рекол:

„Нека Аллаховата милост биде на тебе.“

Бил таков што никој не можел да се споредува со него во поглед на помирувањето и извршувањето на добри дела. На џеназата за Хамза р.а. сите асхаби биле ожалени и тажни.

Хазрети Абдуллах бин Умар р.а пренесува дека кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се вратил од битката кај Ухуд дознал дека сопругите на Енсариите ги оплакувале своите мажи. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека му изгледа како никој да не ја оплакува смртта на хазрети Хамза р.а.. Кога жените на Енсариите дознале што рекол Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тие се собрале и почнале да го оплакуваат неговото убиство. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тогаш заспал и кога се разбудил слушнал како жените плачат на ист начин. Им наредил да се вратат во своите куќи и дека после ова никој не смее да ги оплакува мртвите.

На овој начин Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. забранил лелекање и оплакување на мртвите. Така го забранил обичајот кој се однесувал на преголемото оплакување и удирање по самиот себе поради умрените.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. употребил голема мудрост кон емоциите на жените на Енсариите. Наместо нивното лелкање и оплакување за нивните мажи и браќа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. нивното внимание го привлекол кон смртта на хазрети Хамза р.а., кој бил голема загуба за целата муслиманска популација. Советувал да покажат трпение на начин кој оставил длабок значај за сите.

Што се однесува до смртта на Хамза р.а., тоа на Чесниот Пратеник с.а.в.с. оставило длабоко чувство на загуба сè до крајот на неговиот живот.

Нека Семоќниот Аллах продолжи да го воздига статусот на овие асхаби. Нека сите муслимани на светот се сетат на жртвата која овие асхаби ја дале до Судниот ден, и нека имаме можност да правиме добри дела кои овие асхаби ни покажале. Амин.

Поврзани вести