Хутби 2018 

Луѓе со извонредни особини

После проучувањето на шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах ги зацврсти неговите раце) рече:

Укаша ибн Михсан бил асхаб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Укаша ибн Михсан бил еден неговите најстари асхаби. На битката кај Бедр се придружил како коњаник и во таа битка го скршил својот меч. Кога го скршил својот меч тоа го забележал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и тој му дал парче дрво. Тоа дрво на коњаникот му послужило како остар меч кој како да бил изработен од јако железо. Тој продолжил да се бори со тоа парче дрво се додека Аллах џ.ш. во таа битка не им донел победа.

И после битката коњаникот продолжил да се бори заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со истото парче дрво, кое со себе го здржал сè до својата смрт. Мечот бил наречен Аун.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на Укаша ибн Михсан му ја најавил радосната вест:

„Во Џеннетот ќе влезеш без било какви пресметки“.

На битката кај Бедр Чесниот Пратениик Мухаммед с.а.в.с. Укаша ибн Михсан го прогласил за најдобар коњаник на Арабија.

Хазрети Ебу Хуреира р.а. пренесува дека го слушал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како кажува:

„Од моите следбеници, група од седумдесет илјади ќе влезе во Џеннетот, чии лица ќе сјаат како полн месец.“

Хазрети Ебу Хуреира понатаму кажува:

„Кога тоа го слушнал Укаша ибн Михсан станал и рекол: ’О, Аллахов Пратенику с.а.в.с.! Помоли се Аллах џ.ш. да ме прими како еден од нив.‘ Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. веднаш се помолил: ’О, Аллах џ.ш.! Учини да биде еден од нив‘.“

Уште еден човек од Енсарија (Муслиман по род од Медина) станал и рекол:

„О, Аллахов Пратенику с.а.в.с.! Помоли се Аллах џ.ш. и мене да ме прими како еден од нив.‘ Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на тоа му рекол: ’Укаша те престигнал во тоа‘.“

Хазрети Мираза Басхир Ахмад р.а. во врска со овој настан, кој добро го анализирал, напишал многу убав коментар:

„Овој настан има сехара на духовно богатство.“

Најпрво дознаваме дека Аллах џ.ш. го благословил Умметот со духовен благослов на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и на тој начин голем број од нив ќе добијат висок духовен статус.

Второ, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал толку голема блискост со Возвишениот Аллах, што веднаш добил одговор на неговата молитва која се однесувала на Укаша ибн Михсан р.а..

Трето, од овој настан гледаме дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сакал да го засили чувството на постојаност кон Аллаховиот пат за целиот Уммет, бидејќи одбил да се моли поединечно за секој.

Четврто, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. барањето на Енсарија не го одбил на начин кој бил навредлив или би го повредил лично на било кој начин. Очигледно е дека го одбил на многу пристоен начин.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллх џ.ш. ги зацврсти неговите раце) наведе долг верско инспиративен настан во врска со Укаша ибн Михсан р.а.. Укаша ибн Михсан р.а. во тој случај ја покажал својата верност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и барал прошка од Аллах џ.ш.. На тој собир Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им се обратил на присутните и им рекол:

„Секој кој сака да ги види моите асхаби во Џеннетот треба да се огледа на овој стар и честит човек.“

Тогаш, сите Муслимани станале и почнале да го бакнуваат челото на хазрети Укаша ибн Михсан р.а. и му честитале што достигнал толку високо ниво и пријателство со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Укаша ибн Михсан р.а. бил убиен во времето на Халифатот на хазрети Ебу Бакр р.а., и бил погребан во истата облека која била натопена со неговата крв во која бил убиен. Тоа се случило во 12-тата година според Хиџра.

Хазрети Кхарјах Заид р.а. бил еден од асхабите на чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Неговата ќерка. хазрети Хабиба бинт Караја била мажена за хазрети Ебу Бакр р.а. и била мајка на хазрети Умма Култхум. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братство помеѓу хазрети Кхарјах Заид р.а. и хазрети Ебу Бакр р.а.. Тој бил поглавар на своето племе и бил сметан за благороден помеѓу асхабите. Тој дал баи’ат во Угбах, кога се преселил во Медина, и во неговата куќа престојувал хазрети Ебу Бакр р.а..

Тој учествувал во битките кај Бедр и Ухуд. Станал шехид борејќи се стрпливо и храбро. хазрети Кхајрах р.а. и хазрети Са’ад бин Рабее, кои биле роднини на Чесниот пратеник Мухаммед с.а.в.с., биле закоппани во ист мезар (гроб). Неговото второ дете, хазрети Хавбиба бинт Карајах, била сопруга на хазрети Ебу Бакр р.а.. Кога хазрети Ебу Бакр р.а. починал и преминал на Ахирет таа била трудна. Тогаш, хазрети Ебу Бакр р.е. рекол: „Јас очекувам ќерка од неа,“ и таа потоа родила девојче.

Еден од асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил и хазрети Зијад бин Лабид. Тој го примил исламот во текот на давањето на вториот баи’ат Акабах заедно со уште 70 други асхаби, во Мухарем, во 9-тата година според Хиџра. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. поставил неколку луѓе да собираат Садака и Зекат. Харис Зијад р.а. бил еден од оние кои биле поставени да собираат во областа Хадхармаут. Тоа продолжил да го работи до времето на Халифатот на хазрети Омер р.а.. Кога бил повлечен од оваа позиција тој се преселил во Куфа, каде што починал во 41-та година од животот.

Да спомнеме уште еден асхаб на Чесниот пратеник Мухаммед с.а.в.с., Му’аттиб бин Убаида. Тој немал деца, и единствен негов наследник бил неговиот братучед Усаир бин Урвах. Хазрети Му’аттиб бин Убаида бил учесник во битките кај Бедр и Ухуд, и бил убиен на денот Раџии. На тој ден биле убиени уште 10 асхаби. Некои луѓе од племињата Азал и Карах од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. барале помош во проповедање на верата на луѓето кои му биле наклонети на исламот. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им пратил десет асхаби. Подоцна било откриено дека овие луѓе лажеле за тоа, и дека во Медина дошле по налог на Бену Лихјан, и истите сакале да се осветат за смртта на нивниот поглавар Суфијан бин Кхалида. Бену Лихјан на племињата Азал и Карах им ветил камила како награда ако го сторат тоа, Муслиманите да појдат со нив и подоцна да бидат пред нив. Двесте млади луѓе од племето Бену Лихјан, меѓу кои стотина од нив биле стрелци, тргнале во потера по овие муслимани и подоцна ги опкружиле кај местото Раџии. Десетте луѓе немале шанса да им се спротивстават на двесте војници. Во таа ситуација сите десет асхаби биле брутално убиени.

Уште еден асхаб кој е спомнат во оваа хутба е хазрети Халиб бин Букаир р.а., кој исто така учествувал во битката кај Бедр. Хазрети Халид бин Букаир, Аакил, хазарети Амир и хазрети Ајааз, сите заедно го примиле исламот во Дар-и-Аркам. Сите четири брата први пристапиле да го примат исламот во Дар-и-Аркам. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братска врска помеѓу хазрети Халид бин Букаир р.а. и хазрети Заид бин Дасна. Тој учествувал во битките кај Бедр и Ухуд. хазрети Халид бин Букаир р.а. бил еден од десеттемина кои биле масакрирани на местото Раџии.

Ветениот Месија а.с. во една од неговите книги пишува:

„Засекогаш сме му благодарни на Возвишениот Бог, кој ни даде голема милост и ни ги олеснува тешкотиите. Праќаме салавати на Неговиот Пратеник с.а.в.с. кој е водач на Џинна и луѓето и кој ги води оние со чисти срца кон градините на Џеннетот. Нека е мир на неговите асхаби кои заедно тежнееле кон фонтаните на верата, и кои во понорот на темнината биле осветлени со извонредни знаења и морал.“

На друго место што се однесува до асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Ветениот Месија а.с. пишува:

„Во текот на денот биле како лавови на земјата, а самотници во текот на ноќта, и како сјајни ѕвезди и служеа на верата. (Дека биле самотници во текот на ноќта значи дека преку молитви го обожавале Бог). Сите заедно се приматели на Божјото задоволство.“

Нека Возвишениот Аллах ни помогне да ја подобриме интелигенцијата и нивото на нашите молитви во текот на ноќта.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллх џ.ш. ги зацврсти неговите раце) рече дека после Џума намаз ќе клања џеназа во отсуство за почитуваниот господин Исмаил Мала Гхала, кој служел како мисионер во Уганда. Починал и кај својот Господар се преселил пред Џума намаз на 25 мај, од срцев удар, во 64-та година од животот. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Господин Исмаил Мала Гхала е роден во 1954 година во Муконо, област во Уганда. И двајцата негови родители биле Христијани, а и тој самиот бил роден како Христијанин. Зетот на господинот Мала Гхала, Хаџџи Схоаиб Насир бил Ахмади муслиман и тој често го посетувал него. На тој начин Исмаил Мала Гхала преку Хаџџи Схоаиб Насир се заинтересирал за исламот. После долг период на дружење, после многу поставени прашања, исчекувања на одговори и спознавања вистинитоста на исламот го допрела лично.

Конечно, во 1978 година прифатил баи’ат и го прифанал исламот на Ахмадијатот. Кога го прифатил исламот на господинот Хаџџи Схоаиб Насир му спомнал:

„Уште од детството сакав да станам Христијански мисионер. Сега, кога го примив исламот, дали постои било каков начин да му служам на исламот?“

Подоцна, господинот Мухаммад Али Кахирого пратил Мала Гхала со уште други пет Худами (Худам е маж од 15-40 години) во 1980 година ги пратил да се школуваат во Пакистан. Во декември 1980 година Мала Гхала се запишал во Фасли-и-Кхаас во Медреса (Џамија) Ахмадија Рабва и своето школување го завршил на 1 март 1988 година.

Бил познат по неговата послушност, соработка и приврзаност кон молитвата. Сите свои должности ги извршувал без замор и со голема храброст. Имал многу тивок карактер и бил доста побожен. Неговата послушност била извонредна и е вредна да се потенцира.

Во 2007 година господинот Исмаил Мала Гхала отишол во Пакистан со два мисионер од Уганда, и имал прилика да изврши ревизија на Чесниот Кур’ан во Луганда. Тој својата задача ја завршил во рок од три месеци.

Исмаил Мала Гхала имал голе жар кон Таблигх (проповедање на пораката на исламот) и преку неговото проповедање голем број на луѓе пристапиле кон Ахмадија муслиманскиот џемаат. Тој далеку патувал со својот велосипед да го проповеда исламот.

Еднаш, додека бил на патување да го проповеда Исламот, неговата жена починала и не постоело начин да му ја соопштат таа вест. Дури кога се вратил од своето патување дознал за смртта на неговата сопруга и дека била извршена и џеназа  за неа.

Сојот живот го посветил во служба на верата и живеел едноставен и скромен живот. Имал меко срце, и бил сожалив и внимателен кон сите. Многу внимавал на сиромашните. Бил искрен кон Халифатот и бил искрено послушен кон секоја наредба од халифата. Имал средби со мисионери од Африка и Вакф-е-Зидагис (луѓе кои својот живот го посветуваат на Исламот) – генерално од популацијата во Африка – и имал посбена врска со Халифатот.

После смртта на неговата прва жена се оженил по втор пат, и набргу после тоа се оженил и по трет пат.

Една од неговите жени кажува:

„Во текот на својот живот беше љубезен и со меко срце, секогаш задоволен и постојано ја покажување својата благодарност кон Возвишениот Аллах.“

Неговата ќерка напишала:

„Нашиот татко беше многу нежен и стрплив. Тој секогаш се грижеше за нашите потреби и не советуваше постојано да се држиме до учењата на нашата вера.“

После себе оставил две сопруги и девет деца. Нега Аллах џ.ш. ја опсипе својата милост на него и нега му подари прошка. Нека неговите наследници останат поврзани со Џемаатот и Халифатот.

Поврзани вести