ВЕСТИ Хутби 2018 

ЛУЃЕ СО ИЗВОНРЕДНИ ОСОБИНИ

После проучувањето на шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (Нека Аллах џ.ш. ги зацврсти неговите раце) рече:

На минатата хутба ви зборував за Хазрети Аммара бин Јасир р.а.. Денес повторно ќе наведам некои хадиси кои се однесуваат на него.

Спомнато е во хадисот дека Хазрети Аммар бин Ал Аас рекол:

„Сведок сум за две личности кои Аллаховиот Пратеник, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги сакал до денот на својата смрт. Тоа се хазрети Абдуллах бин Мас’уд и хазрети Аммар бин Јасир.“

Ебу Бакр бин Мухаммад бин Амр бин Хазм спомнува дека од својот татко слушнал како кажува:

„Кога хазрети Аммар бин Јасиr беше убиен, Амр бин Хазм дојде кај хазрети Амр бин ал-Ааса и рече:

’Амар е убиен, слушнав од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. како рече дека ќе биде убиен од група бунтовници‘.“

Хазрети Ајша р.а. рекла дека хазрети Аммар бил потполно исполнет со верата.

Хазрети Кхаббаб дошол кај хазрети Омер р.а.. Хзарети Омер р.а. му рекол:

„Дојди поблиску! Никој, освен Аммар, не го заслужува ова друштво повеќе од тебе.“

Потоа, хазрети Кхаббаб почнал да ги покажува своите белези од повреди на својот грб кои му ги задале паганите. Хазрети Омер р.а. му покажал чест поради тоа што ги поднесувал сите тие маки во раните денови на Исламот и во тој контекст спомнал и за многуте страдања што ги поднесувал хазрети Аммар во тоа време.

Во хадисот кој го пренесува хазрети Аммар, а кој се однесува на убиството на хазрети Алија р.а., се поврзува со претскажувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Аммар бин Јасир јасно говори:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Алија р.а. му рекол:

’О, Ебу Тураб (Татко на прашината – ова е кажано поради прашината која била на него). Дали сакаш да ти кажам за двете најнесреќни човечки личности?‘

Рековме, се разбира Аллахов Пратенику!

Тој продолжи, едниот има светла боја на кожата со црвеникаво лице и е од луѓето на Тхамуд, и он ја осакатил камилата (пратеникот Салих), а другата личност, о Али, тоа ќе биде оној кој ќе ја удира твојата глава  и твојата брада ќе ја натопи во крв.“

Ебу Мајлис кажува:

„Во една прилика хазрети Аммар бин Јасир предводеше молитва која беше доста кратка. Некој од присутните запраша која е причината за тоа. Хазрети Аммар на тоа одговори:

’Јас не отстапив ни најмалку од молитвата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Се молев со молитва која Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја користи во намаз, и таа гласи:

О Аллах, ти имаш знаење за невидливото и твојата моќ е над сите созданија. Те молам да ме оставиш во живот единствено до времето кога мислиш дека мојот живот е добар за мене, а дај ми смрт кога мислиш дека е подобро за мене.

О Аллах, те молам за твоја заштита од невидливото и од видливото, и те преколнувам да ми подариш снага да ја зборувам вистината и во состојба на лутина и лошо расположение. Те молам да ми подариш моќ да и се навикнам на средината во текот на лоши времиња и во времиња кога ги имам премногу. Те молам да ми подариш убавина за да можам да бидам од оние кои ќе го видат Твоето лице и голема желба и нестрпливост да те запознам. Ја барам Твојата заштита од секакви тешкотии и непријатности кои можат да ме одведат од правиот пат.

О Аллах! Закити не со убавината на верата и унапреди не во оние од кои луѓето добиваат упатства‘.“

Во еден хадис е спомнато дека хазрети Аммар бин Јасир ја учел сура Јасин во петок на разденување. Харитх бин Сохаил кажува:

„Некоја личност кажувала лоши зборови за хазрети Аммар пред хазрети Омер р.а. и се жалела за некои работи кои биле поврзани со него. Кога хазрети Аммар слушнал за тоа  ги подигнал своите раце и се помолил:

’О Аллах! Ако оваа личност измислила лага против мене тогаш подари му изобилство на овој свет а направи за тоа да одговара на Ахирет’.“

Ебу Нуафал бин Ебу Акраб кажал:

„Хазрети Аммар бин Јасир молчеше многу и многу ретко зборуваше. Тој зборуваше:

’Се кријам од Аллах од секакво зло‘.“

Мухаммед бин Али бин Ханафија кажува:

„Хазрети Аммар бин Јасир дошол ка Чесниот Пратеник Мухамме с.а.в.с.. Во тоа време Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил болен. Тој рекол:

’Сакаш ли да те научам на довата која Џибрил ја проучи за мене?

Сакам Аллахов Пратенику с.а.в.с..‘

Тогаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја проучил следната дова:

 ’Јас сите мои молитви ги почнувам во името на Аллах џ.ш.. Оној кој може да ти даде потполно подобрување од секоја болест која може да ти предизвика тешкотии‘.“

Хазрети Анас р.а. пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Џеннетот ги очекува хазрети Алија, хазрети Аммар, хазрети Салман и хазрети Билал р.а..“

Хазрети Хазифа пренесува:

„Седевме покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој рече:

’Не сум сигурен колку ќе останам со вас.‘

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. покажа кон хазрети Ебу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а. и додаде:

’Прифатете го Аммаровиот пат за сè што ви го кажува Ибн-и-Масуд‘.“

Минатата седмица спомнав дека хазрети Аммар бил заведен бунтовничка група во текот на времето на хазрети Осман р.а. каде Халифатот го пратил да го истражува гувернерот. Тој се сретнал со членови на бунтовничката група но не можел во целост да ја испита ситуацијата.

Хазрети Халифа-тул Месих II р.а. кога коментирал тој случај нагласил дека немирите кои се направени против хазрети Осман р.а. и Халифатот се поради тоа што тие луѓе не биле доволно поучени и дека многу ретко го посетувале главниот центар на Халифатот. Тие имале многу малку познавање за Чесниот Кур’ан и за верата. Поради тоа, хазрети Халифа-тул Месих II р.а. на членовите на Џемаатот им насочил да се огледаат на оваа ситуација и да го прифатат тоа како лекција.

Најпрво, треба да имаме познавање за Чесниот Кур’ан и постојано да бидеме во врска со центарот на Заедницата. Нормално е дека не можно за секоја личност постојано да го посетува седиштето на Заедницата и сите лично да воспостават директна врска со Халифатот на овој начин.

Како и да е, во ова време учењето за верата и за Чесниот Кур’ан може да се следи преку МТА, која е телевизија благословена од Возвишениот Аллах. Тоа е таква добробит и извор преку кој, ако ние сакаме, можеме да стекнеме високо ниво на верско знаење. Таму можеме да гледаме предавања за Чесниот Кур’ан и за Хадисите, за книгите на Ветениот Месија а.с. и за Хутбите во петок. Преку неа можеме да воспоставиме врска со Халифатот. На МТА се емитираат разни разговорни и дебатни емисии.

Значи, ако ние и нашите деца се поврземе со МТА, преку неа можеме на добар начин да напредуваме во учењето на верата. Во исто време, нејзиното следење може да не заштити од разни лоши дела и може да стане извор кој го зголемува нашето знаење од сите аспекти. Членовите на Џемаатот своето внимание треба да го насочат кон спроведување тоа. Тие треба да направат врска преку МТА, која е благословена од Возвишениот Аллах.

Хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир е уште еден асхаб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој ќе го спомнам. Тој бил Енасрија и му припаѓал на племето Аус. Тој бил еден од дванаесет мината кои дале Баи’ат-и-Укабах. Во текот на битката кај Бедр Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го поставил хазрети Абдуллах бин Мактума како Емир во негово отсуство, меѓутоа, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. стигнал до местото наречено Роха го променил мислењето и хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир како Емир на Медина и го пратил назад. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наредил хазрети Абдуллах бин Мактум да биде поставен за Имам а сите административни работи да ги води Хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир.

Ибн и Ишаак кажува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир му доделил дел од воениот плен.

Во текот на битката кај Бедр Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., хазрети Али р.а. и хазрети Ебу заедно јавале и ги менувале своите камили.

Ќе наведам случај во кој се истакнува лојалноста и едноставноста која ја покажувал хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во петтата година по Хиџра, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во град после битката кај ровот, тој го положил своето оружје и се вкопал. Возвишениот Аллах му објавил визија во која се кажува дека сè додека пресудата за предавство на племето Бени Кураиз не биде извршена тие не смеат да го одложат своето оружје.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на своите асхаби им наредил да продолжат да се движат до тврдината на племето Бени Кураиз  и кога стигнат таму да клањаат Инкидија намаз.

На почетокот евреите биле многу арогантни и тврдоглави, но како што поминувало времето тие сфатиле дека биле опкружени со муслимани. После тоа тие пратиле курир до Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и побарале од него да го прати хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир Енсарија во нивната тврдина за да можат да се советуваат со него.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир Енсарија му дозволил да оди кај нив.

Главниот поглавар на племето Бени Кураиз планирал веднаш кога хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир Енсарија влезе во тврдината жените и децата веднаш да пријдат до него плачејќи со цел да го омекнат, покажувајќи му ги нивните проблеми и тешкотии. Тоа и се случило, и тој бил трогнат од овој призор, и поглаварот на племето Бени Кураиз прашал што ќе им се случи на луѓето ако ги отворат портите на својата тврдина и му дозволат на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да им пресуди. Хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир Енсарија несвесно одговорил да ги отворат портите, но преку портата со раката покажал кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., како пример, дека тој ќе пресуди да го убијат.

Хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир р.а. кажува, откако отпосле сфатил што направил со таквата постапка, дека тоа било неправедно кон Бог и кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и дека направил голема грешка, нозете му се отсекле. Тој веднаш отишол до Џамијата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Влегол внатре и самиот себе се врзал за еден од столбовите на Џамијата за казна. Се заколнал де сè додека Возвишениот Аллах не го прифати неговото покајание ќе остане врзан за столбот. Тој кажува дека на столбот останал врзан 15 дена.

Хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир р.а. пред тоа да се случи кажува дека сонувал еден сон:

„Сонував сон, во еден ја опколивме тврдината на племето Бени Кураиз и движејќи се јас западнав во една бара. Пробав да се извадам но не успеав. Ми се чинеше дека умирам од ужасниот мирис. Во тој момент здогледав река која тече. Потоа видов дека се измив во таа река, станав чист и убаво мирисав.“

После тоа, хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир р.а. отишол кај Ебу Бакр р.а. да му го објасни неговиот сон. Ебу Бакр р.а. му кажал дека ќе го снајдат големи тешкотии поради кои ќе страда, но дека подоцна тешкотиите ќе поминат.

Хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир р.а. кажува дека додека бил врзан за столбот во Џамијата се сеќавал за Ебу Бакр р.а. и за неговите толкувања за сонот кој го сонувал, и дека се надевал дека неговото покајание ќе биде прифатено од Аллах џ.ш..

Хазрети Умми Салма р.а. кажува дека веста за простувањето на Хазрети Ебу Лубааббин Мунзир р.а. биле објавени ви неговата куќа. Со дозвола на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Умми Салма р.а. излегла од куќата, отишла во Џамијата настрана и му рекла:

„О, Ебу Лабааба! Биди задоволен, Аллах џ.ш. го покажал својот благослов кон тебе и Он го примил твоето покајание.“

Кога луѓето слушнале побрзале кон Џамијата го одврзат хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир р.а., меѓутоа кога стигнале таму тој им рекол дека единствено Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е тој кој може да го одврзе од столбот. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с дошол во Џеамијата да клања Сабах намаз го одврзал хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир р.а. со своите благословени раце.

Хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир р.а. дал третина од својот имот за садака и им дал дом на своите предци.

Во текот на битката кај Каинка и битката кај Савиик хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир р.а. имал чест на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да му биде претставник во Медина.

При победата кај Мека хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир р.а. бил заедно во колона со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тој го носел знамето на племето Енсар.

Хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир р.а. учествувал во многу борби со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Ебу Лабааба бин ‘Абдул Мунзир р.а. починал во времето на Халифатот на хазрети Алија р.а..

Некои податоци кажуваат дека тој починал после убиството на хазрети Осман р.а.. Се наведува дека тој живеел според календарот на Хиџра.

После Џума намаз јас ќе клањам две џенази.

Едната се однесува на личност која е присутна а другата на личност која не е присутна.

Џеназата за личноста која не е присутна се однесува на ценетиот господин Кази Шабан Ахмад Кхан од Саваба Гарден Лахор Пакистан. Кази Шабан Ахмад Кхан бил син на Кази Мухаммед Саламан. Тој е убиен на 25 Јуни 2018 година во 47-та година од животот кога непријатели (на Ахмадијатот) влегле во неговата куќа и го убиле.

Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.

Шехидот ја остави сопруга Шаназ Шабаан, која има 40 години, и ќерките Киран, 19 години, Сидрах, 18 години и Малаика, 11 години. Сите три ќерки боледувале од детска парализа и имаат последици од тие проблеми.

Нека Аллах џ.ш. биде нивни Старател и нека ги ублажи нивните болки. Нека Он го воздигне статусот на господинот Кази.

Втората џеназа се однесува за госпоѓата Аматул Хаји Бегум, ќерка на господинот Сетх Мухаммад Гхаус. Таа почина на 23 Јуни 2018 година, и имаше преку 100 години.

Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.

Нека Аллах џ.ш. го воздигне нејзиниот статус и нека на нејзините потомци им помогне да воспостават искрена врска со Халифатот.

Амин!

Поврзани вести