ИСТОРИЈАТ

Историјата на Ахмадија муслиманската заедница формално започнува на 23 март 1889 година во Лудхијана во Индија кога група на следбеници се заколнала на верноста на Мирза Гулам Ахмад.  Меѓутоа, нејзината историја се протега наназад во раната фаза на животот на Ахмад, кога наводно почнал да ги прима објавите за својата иднина, но и за минатото на различните светски религии.

Кон крајот на 19-от век Мирза Гулам Ахмад од Кадијана се прогласил за ’Реформаторот на исламот на столетието‘ (муџадид), метафорички второто Исусово доаѓање, и се прогласил за Мехди кого муслиманите го очекуваат, а стекнал значаен број на следбеници, посебно во Обединетите покраини на Пенџаб и Синдху. Тој и неговите следбеници тврдат како неговото доаѓање го предвидел Мухаммед, Пратеникот на исламот, и многу други религиски списи на светот. Ахмадиите се појавиле како исламско движење во Индија, исто така и како одговор на христијанското и на хинду (Арја Самај) мисионерство раширено во текот на 19-от век.

Ахмади муслиманите тврдат дека тие во последните денови го претставуваат оживувањето на исламот. Прекуморските мисионерски активности на Ахмади муслиманите започнале веќе во 1913 година (на пример, мисијата во Путни (Putney) во Лондон, ВБ). Многу модерни нации преку Ахмади движењето го оствариле првиот контакт со муслимански активисти. Некои историчари Ахмади муслиманите ги сметаат за предвесници на афро-американското движење за граѓански права. Според некои стручњаци, Ахмади муслиманите биле ’уверливо највлијателната заедница внатре во афро-американскиот ислам‘, сè до 1950 година. Денес Ахмадија муслиманската заедница има еден од најактивните мисионерски програми во светот. Посебно во Африка. Во пост-колонијалното доба Заедницата е на големо заслужна за ширењето на исламот на африканскиот континент.