ВЕСТИ 

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ – ИСЛАМАБАД ВО СУРРЕЈ E НОВ ЦЕНТАР НА АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКАТА ЗАЕДНИЦА

По 35 благословени и просперитетни години во џамијата Фазл, во Исламабад во Сурреј се отвора новиот центар на Ахмадија Муслиманската Заедница

Ахмадија Муслиманската Заедница со задоволство објавува дека на 15 април 2019 година, по период од 35 години, седиштето на Ахмадија Муслиманската Заедница се пресели од џамијата Фазл во Саутфилдс, Лондон, во Исламабад во Тилфорд, Сурреј.

Историја беше поставена кога светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад заминаа од џамијата Фазл кратко по 18 часот и патуваше директно во Исламабад, каде што пристигнаа малку пред 19 часот и беше пречекани од стотици Ахмади мажи, жени и деца, кои беа пресреќни да го пречекаат својот духовен водач во новиот духовен храм.

По пристигнувањето, Неговата Светост ги поздрави присутните Ахмади муслимани и ги слушаше песните што ги пееа малите деца во фалба на Аллах, Семоќниот. Тоа беше посебен и значаен момент во историјата на Ахмадија Муслиманската Заедница.

Подоцна, Неговата Светост ги предводеше молитвите на Магреб и Иша во новоизградената џамија Мубарак (Блажената џамија).

Претходно, стотици Ахмади муслимани беа поздравени со емоционална проштална порака од Неговата Светост додека тој заминуваше од Фазал џамијата, која беше центар на Заедницата од миграцијата на Четвртиот Халифа во 1984 година.

Додека постоеше несомнена тага кај жителите што живееја во близина на џамијата Фазл, огромната емоција беше од благодарност до Аллах, Семоќниот, за повторно да го исполни откровението на основачот на Ахмадија Муслиманска заедница, “Прошири ја својата куќа”, претскажувајќи го идниот напредок на Ахмадија Муслиманска заедница.

Освен џамијата, различни централни канцеларии на Ахмадија Муслиманската Заедница ќе бидат сместени во Исламабад. На местото е изградена и голема повеќенаменска сала и станбен комплекс.

Како што беше завршено едно историско поглавје, се отвори ново. Под раководство на Khilafat-e-Ahmadiyya, сите Ахмади муслимани се здружени во верувањето дека новата ера ќе го види континуираниот просперитет и успех на Ахмадија Муслиманска заедница.

Поврзани вести