ИСЛАМ

Ислам, името кое Алах го даде на оваа религија (Куран 5:4), е збор од арапско потекло кој буквално значи покорност и мир. Ислам доаѓа од арапскиот збор “SALEMA”: мир, чистина, преданост и покорност. Одовде, Ислам би претставувал патот на оние кои се покорни на Алах и кои воспоставуваат мир со Него и Неговите битија. Следбениците на исламот се нарекуваат муслимани.

Исламот не е нова религија. Тој во суштина е истата онаа порака и усмерување кое Алах го поделил на сите свои следбеници пред Мухамед,мирот Божји нека е со нив.

Алах во Куранот вели:

Ти кажи: “Ние веруваме во Алах и во она што е објавено на нас и во она што е објавено за Ибрахим и Исмаил и Исак и Јакоб и на (неговите) потомци, и во она што му е дадено на Муса и Иса и следбениците од Господарот нивни.Ние не правиме разлика помеѓу нив и на Него се покоруваме.” (Куран 3:85)