ВЕСТИ Хутби 2018 

Исклучителниот човек

Хазрети Џабир бин Абдуллах бил асхаб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тој бил син на хазрети Абдуллах бин Амр Харам. Пред неколку недели во хутбата зборував за убиството на Абдуллах бин Амр бин Харам. Хазрети Џабир бин Абдуллах бил син на овој голем асхаб. Тој дал баи‘ат во текот на Вториот завет во Ал-Акаба додека сè уште бил дете.

Во времето на својата смрт Хазрети Абдуллах бин Амр бин Харам му рекол на својот син:

„После мојата смрт продај го овошјето од овоштарникот и врати го долгот кој го имам кај еден евреин.“

Тој за својот овоштарник позајмил нешто пари од еден евреин. За жал бербата таа година била многу лоша што хазрети Џабир бин Абдуллах р.а. не можел да го врати долгот. Евреинот одбил да му даде повеќе време на хазрети Џабир бин Абдуллах за враќањето на долгот и изгледало дека овоштарникот ќе му припадне на евреинот. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил известен за оваа случка, тој лично зборувал со евреинот и му побарал повеќе време за враќање на долгот. Меѓутоа, евреинот рекол:

„О Абу Касим! Нема да му дадам одмор.“

(Тој на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му се обратил на овој начин на овој начин). Посматрајќи го однесувањето на овој евреин, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. направил еден круг околу палмите со урми. Потоа се вратил и повторно разговарал со евреинот. Меѓутоа, тој повторно одбил. Тој вели дека во меѓувреме земал неколку урми и му ги дал на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и тој ги изел. Потоа го прашал Џабир каде во градината е местото за одмор. Тој на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му го покажал местото на што тој рекол:

„Стави за мене една простирка на тоа место за да се одморам неколку минути.“

Евреинот одговорил:

„Направив така како што ми кажа.“

Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. тука заспа. Кога се разбуди повторно му донесов полна рака урми. Изеде неколку, стана и повторно разговараше со евреинот. Меѓутоа, тој повторно одби. Чесниот Пратеник с.а.в.с. уште еднаш се прошета низ градината и ми кажа:

„Џабир, собери урми и отплати го долгот кој е земен од евреинот.“

Почнав да ги собирам урмите а во меѓувреме Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. стоеше меѓу палмите со урми. Тој кажа:

„Ги собрав урмите, го отплатив долгот кон евреинот и останаа уште урми.“

Го известив Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за овие добри вести на што тој одговори:

„Сведочам дека сум Аллахов Пратеник. Ова чудо, оваа исклучителна случка се случи бидејќи Возвишениот Аллах ги слушна моите молитви и ги благослови моите напори.“

Значи, во оваа случка ги гледаме благословите на овошјето како резултат на љубезноста и на прифаќање на молитвите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а исто така сведочиме на загриженоста на асхабот во поглед на отплатување на долгот. Тоа е духот кој треба да биде карактерна особина на вистинскиот верник.

Еднаш еден асхаб се преселил додека имал долг од два денара и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одбил лично да ја клања неговата џеназа. Потоа, друг асхаб, го преземал долгот и како резултат на тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја водел неговата џеназа. Следниот ден, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја испрашувал личноста која ја преземала оваа одговорност зборувајќи:

„Одговорноста во износ од два денара која ти ја презема на себе дали ја плати или не? Значи, тоа е значењето на отплатата и на долговите и ова е грижата која човекот треба да ја има.“

Потоа, едно друго предание од страна на хазрети Џабир зборува за тоа дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол оти ако верникот зад себе остави богатство и имот тоа останува на неговото семејство и роднини. Понатаму, ако остави долг а неговото богатство и имот не се доволни за да се отплати долгот, или во случај зад себе да остави жена и деца без било каква поддршка, ќе се води грижа за неговите деца и за отплата на долгот. Со други зборови, владата и тие кои се на власт ќе бидат одговорни за ова. Одгледувањето на јетии и обезбедување пари за нивните трошоци е на големо нагласено во Чесниот Кур‘ан. Од оваа причина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека тоа е одговорноста на власта.

Нека Возвишениот Аллах го воздигне статусот на овие асхаби. Јас често споделувам вакви случки. Нека Он ни овозможи да продолжиме во нивните доблести и да ги примениме во сопствениот живот.

По овие кратки приказни, јас сега ќе зборувам за две искрени индивидуи. Првата е почитуваниот Билал Адалби сахиб од Сирија. Тој беше сериозно повреден во сообраќајна несреќа која се случи пред неколку дена и на 17 март 2018 година во еден и пол часот се пресели. Причината за смртта бил срцев удар. Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Билал сахиб е роден во 1978 година. Имал 17 години кога му пришол еден Ахмади муслиман и кратко потоа тој дал завет на верност (баи‘ат).

Доктор сахиб вели:

„Оваа година јас почнав да правам намаз со група кој одеше во куќата на Билал сахиб поради намаз. Билал сахиб ме дочекуваше со исклучително одушевување поради фактот дека преку мене го прифатил Ахмадијатот.“

Локалниот претседател пишува:

„Билал сахиб имаше продавница за спортска опрема и ги помагаше браќата кои беа во неволја нудејќи им облека. Тој тоа го правеше до таа мера што и кога во неговата продавница ништо немаше тој купуваше од другите продавници. Беше многу чесна личност. Водеше голема грижа за своите деца. Ги запиша во најдобрите школи.“

Тој понатаму вели:

„Ние во неговата куќа клањавме намаз два дена пред тој да почине. Финансиски секретар не извести дека Билал сахиб платил сè што било потребно за (програма) Завештание, Тахрик-е-Џадид и Вакф-е-Џадид. Всушност, тој купил ново парче земја кое го вклучил во своето Завештание. Им служел на другите, водел голема грижа за намазите и ибадетот и имал длабока врска со Халифатот. Секоја хутба ја слушал.“

Зад себе оставил син од единаесет години и ќерка од дванаесет години. Неговиот најстар брат е Ахмад и живее во Германија, но останатите браќа и сестри не се Ахмади и затоа имал многу спротивставувања од нивна страна. Меѓутоа, Семоќниот Аллах влијаел на нив на таков начин што во време на џеназа неговите браќа рекле:

„Вие Ахмади муслиманите можете да ја клањате неговата џеназа и тоа можете да го направите во нашата џамија – не ви забрануваме.“

Тој (локалниот претседател) вели:

„Така, со Аллаховата милост многу луѓе ја клањаа неговата џеназа зад нас.“

Другата личност која ја спомнав е Салима Мир сахиба, поранешна претседателка на Лаѓна Имаиллах во Карачи. Таа беше жена на Абдул Кадир Дар сахиб. Таа исто така почина на 17 март 2018 година на 90 годишна возраст. Нејзиниот татко бил асхаб на Ветениот Месија а.с., Мир Илахи Бакхш сахиб од Шеикхпур, Гуџурат. Салима Мир сахиба се омажила во 1946 година и по одвојувањето (Индија од Пакистан) се преселила во Карачи. Во 1961 година заминала во Иран каде имало неколку Ахмади семејства кои создале услови за џума намаз и други собири. Нејзиниот маж починал во 1964 година и таа се вратила во Карачи и таму живеела со својот брат Мир Имауллах сахиб. Одгледала осум деца и исто така продолжила со студирањето и го завршила факултетот. Заедно со тоа започнала со служба во Лаѓна организација. Во 1981 година кога Мумтизима одборот бил оформен, хазрети Халифа-тул Месих III р.х. ја одредил за претседателка на тој одбор.

Таа започнала со својата работа во Лаѓна организацијата во Иран а потоа и во Пакистан. Во 1986 година кога Лаѓна огранокот на Карачи се поврзала со централната Лаѓна организација, хазрети Халифа-тул Месих IV р.х. ја одредил за претседателка за Лаѓна огранокот на Карачи од 1986 до 1997 година. Во текот на нејзината служба многу работа било завршено во поглед на објавување на книги и во тој период биле објавени 60 книги и два весника.

Започнале часови за Даи-илла-Аллах проповедањето. На ова хазрети Халифа-тул Месих IV р.х. изразил големо задоволство и рекол:

„Со милоста на Семоќниот Аллах ти извршуваш извонредна работа и јас од срце ти ги упатувам моите дови. Нека Аллах џ.ш. те благослови со долг живот, здравје и среќа. И нека Он на овој и на идниот свет ги награди оние кои ти даваат помош.“

Постојат многу сведоштва за нејзината работа и хазрети Халифа-тул Месих IV р.х. и хазрети Халифа-тул Месих III р.х. ја почитувале нејзината работа.

Во едно писмо хазрети Халифа-тул Месих IV р.х. напишал:

„Јас го примив твојот извештај за Лаѓна огранокот на Карачи и ја примив твојата порака за голема преданост. Јас го почитувам твојот израз на преданост и искреност од длабочината на моето срце. Јас секогаш го молам Аллах џ.ш. за твојот успех и нека Он направи овие денови да се вратат со уште поголема слава бидејќи тоа се сеќавања кои ми се многу драги.“

Салима Мир сахиба станала вдовица на 36 години. Нејзината ќерка вели дека никогаш не изразила било каков вид на нетрпение и неблагодарност. Во сите ситуации во кои се наоѓала му останувала благодарна на Семоќниот Аллах.

Нејзината ќерка вели:

„Кога мојот маж беше на смртна постела мојата мајка, Салима Мир сахиба, беше со мене и прва работа која ми ја даде беше книга од Ветениот Месија а.с., ’Малфузат‘.“

Потоа кажа:

„Откако татко ти почина јас својот живот го потрошив со овој ’Малфузат‘ и се му препуштив на Аллах џ.ш.. Исто така зборуваше дека љубовта кон Бог треба да биде над сите други“.

Нејзината ќерка понатаму вели:

„Кога мажот ми беше пред самата смрт докторите од мене побараа да потпишам но јас не можев да се контролирам и почнав да плачам силно. Мојата мајка тоа го слушна и јас многу се потресов.“

Понатаму таа вели:

„Кога посакав да ја напуштам болницата отидов до мојата мајка (до Салима Мир сахиба) и таа со строг глас ми кажа:

’Ти си моја ќерка а мојата ќерка не може да покажува такво нетрпение, и зошто толку силен плач дојде од тебе?‘

Потоа кажа дека трпението кое се покажува во вистинскиот момент на искушение е вистинско трпение бидејќи подоцна секој покажува трпение.“

Нејзината ќерка понатаму вели:

„Потоа ми кажа дека мојот маж му припаѓа на Бог, Он е Тој кој ти го дал и сега го зема назад.“

Нејзините деца велат дека во Пенџаб таа секогаш им го давала следниот совет:

„Никогаш не одвојувајте се од Халифата и секогаш цврсто држете се до Халифата.“

Посебно внимание посветувала на покривањето, носела превез преку лицето. Каде и да видела недостаток кој се однесувал на покривањето на убав начин објаснувала која е потребата од тоа така да другите не бидат навредени.

Една од нејзините внуки полагала возачки испит во Лондон и инструкторот бил маж. Во таа ситуација Салима сахиба седнала со неа и кажала дека нема да и дозволи сама да седи со маж. Другите тоа го исмејувале но таа не обрнувала внимание на нив.

Кога некој добивал шал или никаб таа секогаш зборувала дека постои книга за Лаѓна во која се наоѓаат сите упатства на Халифата, и нејзиниот назив бил ’Следбеници на оние кои се покриваат‘.

Зборувала дека ако сакате да купите цвеќе тогаш мора да купите Аурни – облека која се користи за покривање. Цвеќето е за оној кој се покрива.

Едната ќерка, всушност внука, кажува дека кога била пред мажење нејзината нана и дала книга од хазрети Наваб Мубарек Бегум сахиба, нагласувајќи го советот во поглавјето ’Испраќање на ќерката‘ и ѝ кажала тоа постојано да го чита.

Потоа, кажала дека на нејзината нана не и се допаѓало кога немажени жени присуствувале во програмите кои траат долго во ноќта. Сега многу жени ми пишуваат и велат дека сакаат да останат преку ноќ во нечија куќа. Ова е потполно погрешно и нашите млади жени тоа треба да го избегнуваат. Таа вели дека ако некогаш го пропуштиле сабах намаз (Феџр) нивната нана со нив не зборувала цел ден, и тоа за нив била најголема казна.

Амтул Бари Насри сахиб вели:

„Семоќниот Аллах ја оспособил сестрата Салима Мир сахиба да служи во Лаѓна на Карачи, и тоа долго време. Иако таа веќе не е на овој свет оние кои таа ги обучувала и кои служат во Лаѓна во разни делови на светот ќе го чуваат нејзиното име. Нејзиното име е поврзано со пример за извршување на исклучителна работа. Таа будно ја надгледувала работата и подучувала како треба да се работи. Не била загрижена за пофалба за нејзината работа и нејзиното име, и повеќе сакала оние кои работат со неа да бидат обучени да ја извршуваат работата. На големо го охрабрувала својот тим кога работеле на објавувањето на книги.“

„Таа со сите работи постапувала рационално и тивко. Ако некој и се доверувал за лични работи, никогаш не требало да се плаши дека ќе бидат обелоденети. Таа знаела да чува тајна.“

Аматул Бари Насир сахиба потоа пишува:

„Таа успевала сите тајни да ги чува за себе и тоа било нејзина голема одлика.“

Ова е нешто што се помалку може да се најде кај мажите.

Аматул Ноор сахиба од Карачи пишува:

„Салима Мир сахиба беше љубезна и несебична жена. Имаше сталожен карактер, секогаш се држеше во позадина и ја унапредуваше работата на другите. Секогаш беше насмеана и радосна личност. Заедно со убавото лице Семоќниот Бог и дал и преубаво и нежно срце.“

Секоја личност која пишуваше за неа кажа исти работи, дека била многу чесна госпоѓа која секогаш покажувала голема решителност и трпение. Била пример на извонреден морал, имала силна врска со Халифатот и секогаш другите ги поттикнувала да засноваат врска со Халифатот. Извршувала чесни дела и другите ги советувала истото да го прават. Секого советувала на ист начин, било тоа да биле блиски колеги или некои други. Не ги советувала само своите деца. Секогаш своите ќерки ги упатувала на многу убав начин и имала цврсто верување во Семоќниот Аллах. Секогаш била задоволна со волјата на Семоќниот Аллах. Нека Семоќниот Аллах ја воздигне нејзината положба и нека ги оспособи нејзините деца, односно нејзините ќерки, и понатаму да ги унапредуваат чесните дела.

Јас и двете џенази ќе ги клањам по џума намаз.

Поврзани вести