ИНСТИТУЦИ И ПОМОШНИ ОРГАНИЗАЦИИ

Меѓу сите религиски институции на Ахмадија муслиманската заедница, Jamia Ahmadiyya Jāmi‘ahal-Ahmadīyya, во превод Ахмадиски теолошки и јазичен универзитет, посебно е уважено. Се работи за меѓународна исламска богословија и образовен институт со неколку универзитетски комплекси ширум Африка, Азија, Европа и Северна Америка. Универзитетот го втемелил Мирза Гулам Ахмад во 1906 година како составен дел од Медреса Талим-ул-Ислам (Medrese Talim ul Islam) подоцна Талим-ул-Ислам Колеџ (Talim-ul-Islam Colege), а денес е главно средиште на Ахмадија муслиманската заедница за исламски студии и образование на мисионерите. На дипломираните членови Халифата може да им одреди улога на мисионери на Заедницата (често нарекувани Мурраби, Имам или Маулана (Mawlānā) или улога на судија, кадија или муфтија специјализиран за исламското право (факх). Некои студенти на универзитетот станале исламски историчари. Во 2008 година преку 1300 дипломирани членови на универзитетот работеле како мисионери ширум светот.

Помошни организации

Ахмадија муслиманската заедница има пет помошни организации. Секоја од нив е одговорна за духовно и морално образование на членовите на Заедницата. Лаѓна Има‘иллах (Lajna Ima‘illah) е најголема од нив и нејзините членови се жени постари од 15 години; Кудамул Ахамдија (Khuddamul Ahmadiyya) е за членови помеѓу 15 и 40 години; Насиратул Ахамдија (Nasiratul Ahmadiyya) е за девојчиња од 7 до 15 години и Атфалул Ахамдија (Atfalul Ahmadiyya)за момчиња од 7 до 15 години.