ВЕСТИ 

ИВАНОВ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ВЕРНИЦИТЕ ШТО ГО ПРАЗНУВААТ РАМАЗАН БАЈРАМ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник Рамазан-бајрам, упати честитка до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

„Рамазан-бајрам е еден од двата најзначајни исламски празника. Тој го означува крајот на едномесечниот пост и го слави духовното и телесното прочистување. Следните три дена, светиот месец ќе се слави во кругот на семејството и блиските. Овој месец е познат и како месец на добрина, милост, солидарност и простување;мисли и заложби на сите нас подеднакво, бидејќи воздржаноста од лошите мисли и духовното воздигнување се универзални човечки вредности“, се вели во честитката на Иванов.

Тој на сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакува благосостојба, љубов и бериќет.

Поврзани вести