ЗА НАС

Ахмадија – Ренесансата на исламот
Ислам, Чесниот Пратеник (с.а.в.с) и Чесниот Кур‘ан

Ахмадија муслиманска заедница

Следбениците на сите големи религии го очекуваат доаѓањето на Ветениот во подоцнежното доба, како што е предвидено во нивните свети писма. Хиндусите го очекуваат Кришна, Евреите и Христијаните Месијата, будистите Буда, а Муслиманите имам Ал-Махди, како и Месијата. Под божјото водство, хазрети Ахмад (а.с.) прогласил дека всушност само една личност која ги обединува сите квалитети на ветениот во различните религии ќе се појави и човештвото низ времето ќе биде доведено во заедница на една универзална религија. Хазрети Ахмад а.с., основачот на Ахмадија муслиманската заедница, тврдел дека Ветениот е очекуван во светот во разни религии.

Ахмадија муслиманската заедница подучува на вистинскиот ислам, во сета своја чистота. Исламот е религија на мирот. Тоа е религија која ги задоволува барањата и предизвиците на променливиот свет.
Исламот верува во целосен морал и дава правда и праведност еднакво и на пријателите и на непријателите во сите сфери на интересите на човекот. Чисто е верувањето во Ахмадија муслиманска заедница дека исламот е лек за сите болести и тешкотии на човештвото денес.
Исламот не учи – доколку човекот не научи да живее во мир со самиот себе и со своите ближни, не може да живее во мир со Бог. Во исламот ќе пронајдеш мир и спокој во срцето, што е предуслов за препуштање на Божјата волја.
Со овие уверувања Ахмадија муслиманската заедница брзо се проширила и навистина е меѓународна во своите размери со заедници востановени во преку 204 држави на сите континенти.
Членството на Ахмадија муслиманската заедница брои десетина милиони и секојдневно расте. Таа е најдинамична и позитивна религиска сила на планетава денес. Членовите на заедницата се мирољубиви, работни и добронамерни граѓани кои го почитуваат законот.

Љубов за секого омраза за никого

Духовното водство

Една од најголемите благодати во Ахмадија муслиманската заедница е тоа што таа е благословена со институцијата на халифат во исламот. Халифатот (Божјиот намесник или наследникот на пратеникот) – духовен систем на водство – повторно е воспоставен од страна на Ветениот Месија (а.с.) и по неговата смрт служи за обединување на Заедницата врз една платформа.
Првиот наследник на хазрети Ахмад (а.с.) бил хазрети Маулви Нооруддин (р.а.) познат зналец на Кур‘анот и угледен лекар. Во 1914 година го наследил Мирза Башируддин Ахмад (р.а.) познат зналец на исламските студии, кој исто така имал големо знаење за другите религии. Тој ја водел Заедницата 51 година и цврсто ја поставил административната структура на Ахмадијатот како меѓународна заедница.
Третиот наследник бил хазрети Мирза Насир Ахмад (р.а.), угледен педагог кој ја афирмирал работата во Африка. Во 1982 година хазрети Мирза Тахир Ахмад (р.а.) е избран како четврти наследник. Неговото водство ги претставува прекрасните учења на исламот во 21-от век на глобално ниво низ бројни заеднички проекти и создавање на единствена сателитска ТВ програма.
Ахмадија заедницата сега поминува низ уште едно златно доба на петтиот халифа, хазрети Мирза Масроор Ахмад, кој ја држи светски раширената Ахмадија заедница во единство. Тој овозможува секој чекор да се преземе во права насока исполнувајќи ја мисијата на Ветениот Месија (а.с.).Халифата посебно е посветен на тоа исламот ширум светот да се гледа и разбира како религија на мирот. Тој повеќе пати нагласил дека исламот го отфрла насилството во било кој облик и од било која причина, што е и потполно противречно со исламот – збор кој сам по себе значи мир.

Служење на човештвото

Исламот нагласува дека служењето на човештвото е дел од верата. Во тој дух Заедницата отворила училишта – достапни на сите – во многу држави. Многу од училиштата станале едни од најбараните институции во државите.
Ахмадија муслиманската заедница, исто така, има активно учество во социјалната грижа, како и здравствената и образовната, не само кај своите членови туку и во целата заедница во која се наоѓа.
Заедницата отворила и многу здравствени клиники и болници кои нудат бесплатна медицинска услуга. Во Африка, овие услуги им служат на локалните луѓе веќе стотина години.
Заедницата покренала и неколку социјални проекти за помош на државите во развој во Африка и Азија, и исто така, им помогнала на жртвите од војните и природните несреќи во Индија, Јапонија, Турција, Босна, Косово, Шри Ланка, Индонезија и Кашмир. Ахмадија заедницата ја подржува „Humanity First“ – невладина организација од Велика Британија која е посветена на промоција на заштитата и зачувувањето на човечкиот живот и достоинство. Таа е независна меѓународна организација за помош на неразвиените земји, која соработува со заедниците ширум светот, за да го подобри квалитетот на животот на најсиромашните и најранливите луѓе во светот. Членовите на Заедницата му служат на човештвото низ несебична жртва, преданост и љубов, и исто така, организираат маратони за помош на други добротворни организации во Велика Британија како што се: „Save the Children“, „Imperial Cancer Research“, „British Heart Foundation“, „Great Ormond Street Hospital“, итн.

Џалса – Салана

На 27 декември 1891 година во Кадијана, Индија, одржан е собир (Џалса) на Ахмадија заедницата на кој учествувале 75 луѓе. Конференцијата била многу успешна. Основачот на Ахмадија муслиманската заедница хазрети Мирза Гулам Ахмад (а.с.) објавил дека, такво тридневно собирање на заедницата би требало да се одржува секоја година. Собирот сега е една од главните случувања во распоредот на Заедницата и се одржува во различно време во разни земји.
Целта на собирот е осврт кон работата во минатата година и корист од говорите презентирани од страна на зналците и Халифата за теми како што се Бог, ислам, Ахмадијат, компаративна религија, економија, социјални и политички проблеми и можност за нивното решавање. Ахмадија муслиманите кои учествуваат на овој собир доаѓаат од целиот свет. Тие, не само што го зголемуваат своето верско знаење и духовна енергија, туку и ги обновуваат старите пријателства.

МТА Интернационална телевизија

Муслиманската телевизија Ахмадија се појавила во 1992 година со цел во позитивна смисла да овозможи алтернативи во светот на медиумите. Тоа била идеја на четвртиот халифа на Ахмадија заедницата, хазрети Мирза Тахир Ахмад (р.а.) и од своите почетоци МТА Интернационал е единствен канал од многу аспекти. Нејзината главна цел е создавање на програма за сите луѓе во сите времиња.
Иднината на МТА не зависи од комерцијални спонзорства и такси, така што може да се сосредоточи на квалитетот и целта на својата програма. Содржи меѓународни вести, спорт, наука, медицина, алтернативни учења, учење на јазик, детски емисии, документарци, патувања и религија.