ЕТИМОЛОГИЈА

Ахмадија движењето е втемелено во 1889 година, но името Ахмади е усвоено по една деценија кога во Индија бил направен попис на населението, при што не биле собирани податоци само за религиската туку и за деноминацијската припадност. Во манифестот од 4 ноември 1900 година Мирза Гулам Ахмад објаснил дека самото име не упатува на него самиот, туку на алтернативното име на Мухаммед – Ахмад. Според него, Мухаммед, што значи ’најфалениот‘, се однесува на славната судбина, величественоста и пророчката моќ, и тој тоа име го усвоил за време на хиџра; сепак, Ахмад, е арапски суперлатив кој значи ’високо фален‘, како и ’утешител‘, и ја потенцира убавината на неговите проповеди, квалитети на нежност, понизност, љубов и милосрдие кои се отелотворени во Мухаммед, и исто така го означува мирот кој со своето учење требало да го воспостави во светот. Според Ахмад, овие имиња упатуваат на два аспекта или надве фази на исламот, а во последно време вториот аспект бара поголемо внимание. Многуте различни имиња на разни секти и школи на исламската мисла кои произлегуваат од имињата на нивните водачи биле сметани за иновации (бида), бидејќи Пратеникот на исламот ги имал само овие две имиња.

Сходно на тоа, според мислењето на Ахмад, тоа била причината поради која Стариот завет го прорекол Пратеникот како ’сличен на Муса‘, што всушност се однесувало на Мухаммед, додека пак според Чесниот  Кур’ан Исус го навестил пратеник по името Ахмад (Чесниот Кур’ан, 61:6). Исто така, употребил назив Ахмадија мадхаб (интелектуално школо внатре во исламот).

        „Дозволено е (оваа заедница) исто така да се нарекува ’На   муслиманите на Ахмади патот (мадхаб)‘.“