ВЕСТИ 

ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ПОСТАВИ КАМЕН ТЕМЕЛНИК ЗА ИЗГРАДБА НА НОВИ АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОСТОРИИ ВО BAITUL FUTUH ЏАМИЈАТА

Ахмадија Муслиманската Заедница ќе ја обнови административната зона уништена уништена од пожар

На 4 март 2018 година, светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад го постави камен темелникот на новиот административен блок во комплексот BAITUL FUTUH џамијата во Морден.

Административниот блок, кој ќе вклучува повеќенаменски сали, канцеларии и сместувачки капацитети, се обновува по пожарот кој избувна во септември 2015 година и предизвика голема штета на локацијата.

Одма после водењето на молитвата Аср во џамијата, Хазрети Мирза Масроор Ахмад го постави камен темелник на местото. Потоа, почитуваната сопруга на Неговата Светост, Хазрети Амтул Сабоох Бегум, исто така постави камен темелник, по што следеа уште неколку централни и национални претставници на Ахмадија Муслиманската Заедница. Настанот заврши со тивка молитва предводена од Хазрети Мирза Масроор Ахмад.

Во својата петочна беседа по пожарот, на 2 октомври 2015 година, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Од суштинско значење е вистинскиот верник да го разбере вистинското значење на трпеливоста. Трпението не значи дека едно лице не може да чувствува жалење или болка поради загуба. Напротив, тоа значи дека тој или таа не треба да бидат совладани и строшени од очај во таква мера што ги губат сетилата и секоја надеж. “

 Хазрети Мирза Масроор Ахмад продолжи:

 “Се разбира, некое жалење е нормално, но покрај тоа, едно лице треба да се обиде да закрепне и да донесе цврста одлука за да постигне уште поголеми висини во иднина. Така, во соочување со овие случувања, ние треба да се заложиме и да докажеме со нашите постапки дека успешно ќе поминеме низ овој период со трпеливост и простување пред Аллах Семоќниот.”

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Како што споменав претходно, огнената стихија нанесе голема штета. Сепак, Бог сака, наскоро ќе изградиме уште подобра и поубава градба, и ние ќе бидеме искрени кога ќе кажеме Субан Аллах (Свет е Аллах) и Маша Аллах (со Аллаховата волја).”

Работата за реконструкција треба да започне наскоро и се очекува дека зградата ќе биде завршена и целосно ќе работи во рок од две години.

Поврзани вести