ВЕСТИ 

(Видео) ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА СЕ ОБРАТИ ВО ВРСКА СО ПАНДЕМИЈАТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ

Хазрети Мирза Масроор Ахмад вели дека пандемијата на коронавирус ги принуди луѓето да размислат за ограничувањата на човековиот труд

По избувнувањето на пандемијата од Коронавирус, Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад го привлече вниманието кон донесување мерки на претпазливост против вирусот и сите да станат посветени на Бога.

Говорејќи во џамијата Мубарак во Исламабад, Тилфорд за време на неговата петочна проповед изнесена на 20 март 2020 година, Неговата Светост рече дека избувнувањето на Коронавирус (Ковид-19) ги принудува луѓето да ги земат предвид ограничувањата на човековиот труд, а сето тоа може да доведат до враќање на луѓе назад кон религијата и враќање во верата.

Неговата Светост цитираше неколку статии за медиуми објавени во последните денови за влијанието на Корона вирусот врз општеството и за тоа како во 21 век се забележува експоненцијален пораст на заразни болести.

Меѓу другото, Неговата Светост го цитираше неодамнешниот напис објавен во „Дејли телеграф“, во кој колумнистот Филип Јонстон пишува како светот е свртен наопаку во период од неколку недели. Колумнистот зборуваше за тоа како вирусот ги изложувал слабостите на навидум непропустливата моќ на западното општество.

Неговата Светост рече дека ова се вонредни времиња незамисливи за оние родени по Втората светска војна, pa г-дин Јонстон заклучува:

„Колку пати сме чуле дека луѓето велат„ сè ќе биде во ред затоа што научниците ќе работат нешто“, без разлика дали тоа е глобално затоплување или пандемија? Наскоро ќе откриеме дали е оправдан ваквиот оптимизам. Ако не е, тогаш можеби ќе се вратам во црква.“

Осврнувајќи се на колумната, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

„Овој вирус ги принуди луѓето да размислуваат да се вратат кон Бога. Вистинскиот Бог и живиот Бог е оној на исламот. Тој е Оној што најави дека ќе ги води оние што прават напори да дојдат кон Бога. Тој изјави дека ќе се приближи кон оние што прават дури еден чекор кон Него и рече дека ќе ги однесе во неговото засолниште.“

Хазрети Мирза Масроор Ахмад понатаму изјави:

“Во овие околности, не само што станува поважно за нас самите да се реформираме, туку станува и обврска да ги зголемиме информирањето на другите за мировната порака на исламот… Ние мора да им кажеме на луѓето дека за крајниот резултат да биде добар, ние мора да се свртиме кон Бога и сфатиме дека вистинскиот живот е оној што е во тесна врска со Бога.“

Понатаму, Неговата Светост уште еднаш ги предупреди сите членови на Ахмадија Муслиманската Заедница, строго да ги следат мерките на претпазливост и упатствата на владите и здравствените власти.

Меѓу другите мерки, Неговата Светост рече дека старите лица и оние кои страдаат од болести треба да избегнуваат да ги напуштат своите домови колку што е можно подолго и Ахмади муслимание треба да се молат само во нивните локални џамии во помали групи или доколку тоа е потребно да го прават дома и да избегнуваат места каде што повеќе луѓе доаѓаат во контакт со еден друг.

Неговата Светост исто така рече дека покрај пиењето многу вода, луѓето треба да се одморат доволно и да усвојат здрава диета избегнувајќи нездрава храна.

Откако го истакна значењето на мерките на претпазливост што треба да бидат донесени, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

„Крајната алатка што ја имаме на располагање е таа за молитва. Сите треба да се молиме за целиот свет. Аллах Семоќниот може да го спаси човештвото од штетните ефекти на овој вирус. Покрај тоа, Аллах може да им даде здравје на сите муслимани заедно со можноста да станат посилни во својата вера.“

Поврзани вести