ВЕСТИ 

ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА СЕ ОБРАТИ НА ЗАВРШНАТА СЕДНИЦА НА ИАААЕ ГОДИШНИОТ СИМПОЗИУМ

Хазрети Мирза Масроор Ахмад ги пофали доброволците за нивните несебични напори да му служат на човештвото

На 27 април 2019 година, светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад, се обрати на годишниот симпозиум на Меѓународната асоцијација на архитекти и инженери на Ахмадија Заедницата (ИАААЕ). Симпозиумот се одржа во џамијата Baitul Futuh во југозападниот дел на Лондон.

За време на неговото обраќање, Хазрети Мирза Масроор Ахмад ја пофали работата на ИАААЕ и неговите волонтери и ги потсети на важноста од развивање на врска со Бога Семоќниот и зголемување на нивната посветеност на служењето на човештвото.

Неговата Светост изрази задоволство што ИАААЕ ја прошири својата работа во последниве години и презема поголеми и посложени проекти во некои од најнеразвиените делови на светот.

Неговата Светост спомна дека покрај неговите хуманитарни проекти, кои вклучуваат инсталирање на нови и рехабилитирани пумпи за вода, искористување на сончевата енергија и развој на селски модел, ИАААЕ исто така игра значајна улога во дизајнирањето и конструирањето на џамии и други згради на Ахмадија Заедницата.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Со благодатта на Аллах, каде и да е во светот, ИАААЕ служи, неговите членови работат за пример и со дух на вистинска служба и посветеност. Во оваа смисла, јас се молам Аллах Семоќниот да ви овозможи постојано да го зголемувате обемот на вашата работа и експертиза.”

Помеѓу неодамнешните завршени проекти на ИАААЕ, Неговата Светост ги наведе големите комплекси на џамиии неодамна завршени во Танзанија и Мали.

Неговата Светост, исто така, го пофали ИАААЕ за завршување на развојот на 20 моделски села во некои од најоддалечените делови на светот.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Членовите на ИАААЕ работат со големо внимание, грижа и со искрена желба да служат на Ахмадија Муслиманската Заедница и да ги ублажат страдањата на луѓето кои живеат осиромашени и очајнички тешки услови. Всушност, некои од волонтерите дури и не претендираат за трошоци и затоа, освен што го жртвуваат своето време и ја обезбедуваат својата стручна експертиза бесплатно, тие дури ги сносат трошоците за патување лично.”

Хазрети Мирза Масроор Ахмад продолжи:

“Несомнено, таквите посветени луѓе работат со духот на вистински Waqf (живот на приврзаник) на Ахмадија Муслиманската Заедница. Во голема мера ги ценам нивните искрени напори и се молам дека Аллах Семоќниот да ги награди за оваа служба и да ги благослови нивните напори во голем број .”

Неговата Светост ги потсети волонтерите за потребата постојано да ги унапредуваат своите стандарди на обожавање на Аллах Семоќниот.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Сакам да ве потсетам сите вас дека од најголема важност е да посветите посебно внимание на воспоставување на вистинска и трајна врска со Аллах Семоќниот и секогаш да бидете благодарни на Него и постојано да се стремиме да ги подобриме стандардите на своето обожавање.”

Хазрети Мирза Масроор Ахмад продолжи:

“Вашиот единствен фокус не треба да биде материјалната работа што ја вршите, туку да го градите личниот однос со Аллах, Семоќниот секогаш треба да остане ваша најголема цел. Ако искрено се стремете да ја достигнете блискоста на Аллах Семоќниот, ќе видите како Тој ги благословува вашите напори и ќе ги видите најубавите плодови од вашиот труд.”

Неговата Светост го заврши своето обраќање молејќи се за континуираниот напредок на ИАААЕ.

 Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Сите вие ​​може да се покажете како одлични за Ахмадија Муслиманската Заедница, а можеби и помладите генерации ќе ги следат стапките на постарите членови кои им понудиле години на служба. Тие можат да учат од позитивните примери на своите старешини и да служат со уште поголема страст, енергија и вештина од нивните претходници, така што работата на ИАААЕ продолжува да оди напред.”

Претходно, извештајот беше презентиран од страна на г-дин Мухамед Акрам Амеди, Претседавач на IAAAE (за Европа), во кој ги изложи главните активности и проекти на ИАААЕ во текот на изминатата година. Тој информира дека темата на симпозиумот беше “Образование за одржлив развој” и беа оддржани предавања за важноста на одржливоста, вклучувајќи го и влијанието на производството и користењето на паметните телефони на животната средина.

Тој, исто така, информираше дека во изминатава година ИАААЕ работеше на моделирање селски проекти во Бенин, Мали и Гамбија, обезбедувајќи различни објекти, вклучувајќи санитарни услови, земјоделство, електрична енергија и чиста вода за пиење во оддалечени африкански села.

Истовремено се водеа и разни други проекти, вклучувајќи „вода за живот”, каде што беа воспоставени 167 пумпи за вода.

Настанот заврши со тивка молитва предводена од Хазрети Мирза Масроор Ахмад.

Поврзани вести