ВЕСТИ 

ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВО НОВ ЗЕЛАНД

Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад остро го осуди терористичкиот напад што се случи вчера во Нов Зеланд.

Говорејќи од Лондон, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Во име на Ахмадија Муслиманската Заедница, ги искажувам најдлабоките сочувства до сите оние кои се засегнати од варварскиот терористички напад што се случи во Крајстчерч.”

“Таквите гнасни и крајно нехумани напади мора да бидат осудени со најсилни можни термини. Тоа е тешка трагедија во која десетици невини муслимани ги загубија животите додека извршуваа верски обреди. Сите луѓе, без разлика на нивната вера, имаат право да ги изврѓуваат своите обреди мирно.”

“Овој трагичен настан треба да послужи како лекција и предупредување до другите земји од развиениот свет дека мораме да се здружиме за да се справиме со сите форми на расна, етничка и верска омраза со мудрост и цврста рака.”

“Нашите искрени молитви се со жртвите на овие напади и сите оние кои биле погодени. Извршителите на овој злобен акт треба веднаш да бидат изведени пред лицето на правдата .”

Поврзани вести