ВЕСТИ 

ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА ПРИСТИГНА ВО ФИЛАДЕЛФИЈА

Хазрети Мирза Масроор Ахмад допатува за да ја отвори џамијата Бајтул Аафијат

На 17 октомври 2018 година, светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад отпатува за Филаделфија за да ја инаугурира џамијата Бајтул Аафијат.

При својата прва посета на градот, Неговата Светост пристигна во џамијата Бајтул Аафијат во 13 часот и беше поздравена од стотици Ахмади муслимани.

Кратко по пристигнувањето, Неговата Светост ги прегледа новите простории на џамијата пред да ги предводи молитвите на Зур и Аср.

Подоцна, Неговата Светост лично се сретна со стотици Ахмади муслимани, кои допатувалаа од различни градови за да се сретнат со својот духовен водач и да ги бараат своите молитви и совети.

Неговата Светост треба да ја отвори џамијата со оваа петочна проповед оваа недела, а исто така треба да го оддржи воведниот говор за отворањето на џамијата.

Неговата Светост моментално е во четврта посета на Соединетите Држави, откако беше избран како Халифа во 2003 година.

Поврзани вести