Вести 

ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА ГИ ПОЗДРАВИ КОМЕНТАРИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ВО ВРСКА СО СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Ахмадија Муслиманската Заедница ги поздравува и цени неодамнешните коментари дадени од премиерот на Канада, Џастин Трудо во врска со важноста на користењето на правото на слобода на изразување со одговорност.

Како што објавија медиумите, на неодамна поставеното прашање дали треба да се дозволи слободата на говорот да ги исмева или навредува религиите или верските водачи, г. Трудо одговори:

“Ние секогаш ќе ја браниме слободата на изразување, но слободата на изразување не е без ограничувања. Ние си должиме на себе да постапуваме со почит кон другите и да бараме да не ги повредиме произволно или непотребно оние со кои ги споделуваме општеството и планетата. Во плуралистичко, разновидно и почитувано општество како нашето, ние си го должиме тоа да бидеме свесни за влијанието на нашите зборови, на нашите активности кон другите, особено кон овие заедници и популации кои сè уште доживуваат голема дискриминација.“

Ахмадија Муслиманската Заедница го пофали премиерот Трудо за храброста да заземе став во одбрана на оние кои продолжуваат да ја држат религијата како света.

Како одговор на коментарите на г. Трудо, Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад изјави:

„Многу ги ценам коментарите на канадскиот премиер во врска со потребата да има одредени граници на слободата на говорот. Верувам дека ова е вистинскиот начин за негување на мирот и хармонијата во општеството. Секако, јас секогаш го одржував моето верување, засновано на мојата вера, дека е погрешно да се предизвикуваат непотребно и да се навредуваат верските чувства на кој било народ, без разлика дали се тоа христијани, евреи, хиндуси, муслимани или приврзаници на која било друга вера.“

Хазрети Мирза Масроор Ахмад понатаму изјави

„Јас многу пати реков дека кога религиозните чувства на милиони муслимани ќе бидат сериозно повредени, тоа природно ќе доведе до незадоволство во муслиманската заедница. За жал, поновата историја покажува дека секогаш ќе има мало малцинство т.н. муслимани, кои сурово ги кршат учењата на исламот и реагираат екстремистички, како што видовме неодамна во Франција. За возврат, ова ги охрабрува оние кои сакаат да ја бранат слободата на изразување по секоја цена и така овој маѓепсан циклус на непријателство продолжува да се врти и расколот меѓу муслиманите и остатокот од општеството се продлабочува. Така, потребни ни се лидери кои не само што ја осудуваат насилната реакција, туку исто така признаваат дека остварувањето на нашите слободи и права не треба да се користи за беспотребно провоцирање или вознемирување на другите. Во врска со ова, му изразувам искрена благодарност на г. Трудо и се молам и другите светски лидери да ја препознаат огромната важност за градење на кохезивно општество во кое ќе бидат заштитени чувствата на луѓето од сите религии.“

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap