ВЕСТИ 

ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АМЈ ПРИСТИГНА ВО САД

Хазрети Мирза Масроор Ахмад при пристигнувањето во Сад го поздравија 2.000 Ахмади  муслимани

Светскиотдуховен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад пристигнаа во џамијата Бајтур Рахман во Silver Spring, Мериленд, на 15 октомври 2018 година. Неговата Светост беше поздравен од околу 2.000 Ахмади муслимани , кои се собраа во националниот центар на Ахмадија Заедницата во САД, да го пречекаат својот духовен водач.

Ахмади муслиманите беа радосни додека го поздравуваа Неговата Светост, кој ја започна својата четврта посета на Соединетите Држави откако беше избран како Халиф во 2003 година. Неговите претходни посети во САД беа во 2008, 2012 и 2013 година.

Неговата Светост пристигна во САД по патување директно од Лондон. По пристигнувањето во џамијата Бајтур Рахман во 10.35 часот по локално време, Неговата Светост ги водеше молитвите на Магреб и Иша.

Потоа, на 16 октомври 2018 година, Неговата Светост изврши инспекција на просториите на Бајтур Рахман. Неговата Светост, исто така, го прегледал “Масруор Телепорт” на МТА Интернационал, кој неодамна беше реновиран и водеше тивка молитва. Во текот на инспекцијата, Неговата Светост ги посети и административните канцеларии во Бајтур Рахман и кујната (лангхар хана). Неговата Светост, исто така, се состана со волонтери кои се ангажирани во вршење на разни задачи за време на неговата турнеја.

За време на неговата посета на САД, Неговата Светост треба да инаугурира 3 џамии, да се запознае со локалните достоинственици и официјални лица, како и лично да се состане со стотици Ахмади муслимани.

Поврзани вести