ВЕСТИ Џалса Салана 2019 Германија 

ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АМЈ ЗАЕДНИЦАТА ПРИСТИГНА ВО ГЕРМАНИЈА

Хазрети Мирза Масроор Ахмад допатува за да присуствува на 44-тата годишна конвенција на Ахмадија Муслиманската Заедница во Германија

Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница , петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад пристигна во џамијата Бајтус Сабух во Франкфурт на 2 јули 2019 година.

Халифата патуваше од Лондон по копно, а по премин кон континентална Европа, беше пречекан од Националниот претседател на Ахмадија Муслиманската Заедница во Германија, Абдулах Вагишаусер и разни други функционери.

Неговата Светост отпатува кон Франкфурт, а по пат ги посети Франција и германскиот пограничен град Ахен, пристигна во џамијата Бајтус Субух во 22,30 часот по локално време, каде што беше пречекан од илјадници Ахмади верници, кои беа пресреќни што го гледаат нивниот духовен лидер уште еднаш. Кратко по пристигнувањето, Неговата Светост ги водеше молитвите на Магреб и Иша.

Неговата Светост допатува за да присуствува на 44-тото годишно собрание на Ахмадија Муслиманската Заедница во Германија, кое се одржува во Карлсруе овој викенд, на кој се очекуваат повеќе од 35.000 делегати од десетици земји.

 За време на тридневниот настан (5-7 јули), Неговата Светост ќе им се обрати на Ахмади муслиманите и на не-Ахмади гостите за вистинските и мирни учења на исламот. Неговата Светост, исто така, ќе одликува ученици на Ахмади Заедницата со признанија за високите академски достигнувања. Неговата Светост, исто така, ќе се сретне со гости и достоинственици од различни земји за време на неговата посета, а ќе оствари и лични средби со стотици Ахмади муслимани.

Поврзани вести