ВЕСТИ 

Духовниот водач на Ахмадија Муслиманската Заедница зборува за ризиците од бегалската криза

Духовниот водач на Ахмадија Муслиманската Заедница зборува за ризиците од бегалската криза и политиката на крајно десните нациналистички партии

Ризици од бегалската криза и тероризмот сеп 1

Хазрети Мирза Масроор Ахмад ги поздрави не-муслиманите гости и членовите на Лајна Имаиллах (Lajna Imaillah) на вториот ден од Џалса Салана

Во сабота на 3 септември 2016 година духовниот водач на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад се обрати на публика повеќе од 1000 не-муслимани, гости на вториот ден од 41. Џалса Салана организирана од Ахмадија Муслиманската Заедница во Германија.

Ризици од бегалската криза и тероризмот сеп 2

За време на обраќањето, Неговата Светост цитираше стихови од Куранот и пракса од Светиот Пророк (Мир Над Него) за да ги побие оние кои заговараат Ислам полн со екстремизам и насилство.

Неговата Светост зборуваше за зголемената нестабилност во Европа во светлина на последните терористички напади, продолжувајќи со ефектите од бегалската криза и зацврстувањето на крајно деничарските партии во Европа.

Неговата Светост исто така ги истакна и хуманитарните активности на Ахмадија Муслиманската Заедница ширум светот.

Зборувајќи за нестабилноста во светот Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Како што ние денес се приклучивме овде, така непобитен факт е дека светскиот мир се тетерави над работ на ножот. Со секој изминат ден ние стануваме сведоци на зголемување на конфликтот и несигурноста насекаде во светот. Тоа е чуден и трагичен парадокс иако ние сме поповрзани од било кога пред тоа, но всушност стануваме по оддалечени од ден на ден.”

Ризици од бегалската криза и тероризмот сеп 3

Обраќајќи се за последните терористички напади во Европа, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Свежи се во нашите сеќавања злобните напади кои беа изведени во Франција и Белгија пред некое време. И енормно сме потресени и вознемирени од серијата напади кои беа изведени во Германија пред неколку месеци во кои невини луѓе ги изгубија своите животи или беа повредени.”

Хазрети Мирза Масроор Ахмад продолжи:

“Се разбира нападите ги исплашија сите и внесоа страв од Исламот во срцата и умовите на локалното население. Ова е трагедија од највисоки размери и не смее нападите да бидат поврзувани со Исламот, затоа што злосторствата се спротивни на мирните учења на Исламот.”

Во однос на бегалската криза Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Како резултат на бегалската криза, Европа веднаш се претвори во опасно и нестабилно место, исто така бегалската криза им овозможи на терористичките групи да испратат свои членови на овој контитент претсавувајќи се како бегалци. Освен во нападите тие се вклучени како екстермисти во општеството и бараат ширење на нивните мрежи за екстремизам и радикализам во сите сфери на живеењто.”

Ризици од бегалската криза и тероризмот сеп 4

Хазрети Мирза Масроор Ахмад продолжи:

“Друга негативна последица од бегалската криза е стврднувањето на ставот кон бегалците. Во многу земји во Европа со ваквиот став одредени политички опции стекнуваат влијание и популарност.”

Во врска со промената на ставот во Германија Хазрети Мирза Масроор Ахмад кажа:

“Тука во Германија е очигледно дека сочуството и топлината на мнозинството прикажани во минатата година кон бегалците брзо се намали и се заменува со страв и непријателство кон мигрантите. Оваа промена на ставот е загрижувачка и особено дискутабилна кај нациналистичките партии и е причина за загриженост и претставува закана за нацијата за нејзината безбедност и мир. ”

Неговата Светост ги повика сите мигрантите и нивните домаќини да ги исполнуваат своите одговорности. Тој рече дека на вистинските бегалци треба да им се помогне и да бидат подржани, додека од мигрантите побара да придонесат за локалното општеството колку што можат повеќе.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Властите треба да им се помогне на вистинските мигранти да се населат овде и да може да застанат на свои нозе. Мигрантите треба да ги искористат придобивките на земјата каде мигрирале, да бидат охрабрени да внесат нова сила и со тоа активно да се вклучат во општеството. Ова ќе има позитивен ефект и ќе се намали јазот кој сега постои меѓу населението и мигрантите.”

Неговата Светост, цитирајќи го поглавјето 5, стих 9 од Светиот Куран кој ги повикува Муслиманите да бидат праведни дури и кон непријателите и противниците Неговата Светост кажа Пророкот (Мир Над Него) е совршена манифестација за пример.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Кога стануваше прашање, Пророкот Мухаммед (Мир Над Него) да даде суд, тој не одлучуваше по тоа дали некој е негов следбеник или противник. Напротив, Пророкот Мухаммед (Мир Над Него) гледаше кој е во право и што е фер и тоа беше се.”

Ризици од бегалската криза и тероризмот сеп 5

Неговата Светост кажа дека Ахмадија Муслиманската Заедница бара да се воспостави мир во светот во светлина на учењата на Исламот.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Тоа е така поради фактот што ние ја разбираме вистината од Светиот Куран и затоа ние Ахмади Муслиманите бараме да го живееме нашиот живот во мир. Се што ние ќе направиме или кажеме е инспирирано од Светиот Куран и од праксата на Светиот Пророк на Исламот (Мир Над Него).”

Подоцна, Неговата Светост зборуваше за хуманитарнит проекти на Ахмадија Муслиманската Заедница насекаде во светот.

Тој кажа дека Ахмади Заедницата изгради стотици учулишта и десетици болници заради обезбедување на образование и здравствена заштита на луѓето кои се лишени од тоа, без разлика на нивната верска и социјална позадина.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Ние немаме желба за било какви пофалби и признанија за нашите хуманитарни напори, како што не учи нашата религија која ја следиме. Ова е вистинскиот Ислам и како таква треба да биде прикажана во медиумите.”

Претходно, во текот на денот, Неговата Светост се обрати на членовите на Лајна Имаиллах (Lajna Imaillah), огранизација на жени во Исламот која се бори за полова еднаквост.

Неговата Светост ги отфрли тврдењата дека Исламот промовира полова нееднаквост.

Тој објасни дека Исламот води сметка за природата и така има распределено различни улоги за мажите и жените, но во некои аспекти различните улоги доведуваат до тоа да се поткопа принципот на полова еднаквост.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Исламот учи дека треба да го цениме фактот дека постојат природни разлики помеѓу мажите и жените и непочитувањето на овој факт е целосно неуко и немудро однесување.”

Ризици од бегалската криза и тероризмот сеп 6

Поврзани вести